Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Анкета за борба против родово базирано онлајн насилство

    Здружението на граѓани  „Иницијатива за европска перспектива“ во партнерство со  Здружението на граѓани „Заеднички вредности“ започна со имплементација на проектот „Младите жени против онлајн насилство“, кофинансиран од Европската Унија. Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на младите жени и подобрување на законската заштита од родово базирано онлајн насилство. Како…

  • Јавен повик за експертска позиција за изработка на методологија за мониторинг во затворени институции

    Јавен повик за експертска позиција за изработка на методологија за спроведување на мониторинг во затворени институции (воспитно – поправниот дом – Тетово, мали групни домови, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување и станбени единици во Демир Капија)
    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/180645/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDICI-THE-NEAR/2024/461-198, објавува јавен повик за ангажман на експерт-ка за изработка на методологија за спроведување на мониторинг на затворени институции.
    Целта на проектот е да се придонесе кон подобрување на услугите за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции преку пристап заснован на човекови права. Проектот има три специфични цели:
    – Да се подобрат условите и унапредат човековите права на децата и ранливите лица во ризик во затворени институции.
    – Да се зајакнат капацитетите на релевантниот персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик.
    – Да се овозможи соработката помеѓу локалните активисти и релевантните чинители преку поттикнување на вклученоста на заедницата на децата и ранливите лица во ризик.
    Дел од проектните активности е теренски мониторинг посети во воспитно – поправниот дом – Тетово, мали групни домови, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување и станбените единици во Демир Капија
    Оваа активност вклучува структуриран и темелен мониторинг процес за евалуација на условите и квалитетот на грижата во Воспитно-поправниот дом во Тетово, малите групни домови, јавните установи за деца со образовни и социјални проблеми и станбените единици за лица со попреченост во Демир Капија. Со оглед на тоа што би работеле со исклучително ранлива група, потребно е да се развие посебна методологија врз основа на методологијата заснована на човекови права (HRBA). Потребно е да се вгради пристап заснован на правата и потребите на децата, земајќи го предвид националното законодавство за заштита на децата и европските и меѓународните стандарди во соодветната област. Исто така, методологијата треба да содржи и родово-базиран пристап за проценка на родовата еднаквост со посебен фокус на состојбата на девојчињата во целните институции.
    Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:
    § Подготовка на методологија за спроведување на мониторинг посети затворени институции (воспитно – поправниот дом – Тетово, мали групни домови, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување и станбени единици во Демир Капија)
    § Идентификување и анализа на релевантна литература за подготовка на методологијата. Методологијата треба да ги опфати развиените меѓународни стандарди поврзани со психијатриски установи и установи за лица со попреченост.
    § Преглед на постоечки релевантни методологии за теренски посети во затворени установи и установи за лица со попреченост;
    § Редовна комуникација и координација со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет.
    Потребни квалификации:
    § Завршено високо образование. Завршени постдипломски или докторски студии ќе се сметаат за предност;
    § Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа на заштитата на човековите права, заштита од тортура и нехуман третман, работа со деца и маргинализирани групи граѓани;
    § Најмалку 3 години искуство во изработка и подготовка на методологии;
    § Напредно познавање на англискиот јазик и
    § Напредни истражувачки и аналитички способности.
    Временска рамка и надомест
    Eкспертот/ката ќе биде ангажиран/а вкупно 10 дена во периодот помеѓу април и јуни 2025 година, во договор со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет човекови права.
    Постапка и правила за пријавување, рок и избор
    Овој повик е јавен.
    Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на
    § Работна биографија (CV)
    § Кратка предлог методологија (не подолга од 1 страна)
    § Понудена бруто цена за 10 експертски дена (еден експертски ден се 8 часа)
    Критериуми за избор на најповолен понудувач:
    § Релевантна биографија и искуство – 40 поени
    § Предлог методологија– 40 поени
    § Понудена бруто цена – 20 поени Понудите треба да се испратат на следните е-маил адреси: helkom@mhc.org.mk и tona.kareva@mhc.org.mnk со назнака „Пријава за експерт/ка за изработка на методологија “. Рокот за аплицирање е до 25.03.2025 година.
    За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените е-маил адреси, како и на телефонскиот број +389 2/3119-073.

  • Отворен ден за информирање, економско зајакнување и женски права

    Во Штип на 08.03.2025 година од 12:00 до 13:00 часот, Гласен текстилец организира „Отворен ден“. Настанот имаше за цел да ја подигне свеста за родовата еднаквост и да ги зајакне жените преку истакнување на клучните прашања за работничките права, како што се дискриминацијата на работното место, мобингот и прекршувањето на правата. Настанот обедини околу 200 луѓе и работници/чки, со едукативни материјали за еднаквост и зајакнување на жените. Над 200 печатени материјали, вклучувајќи флаери беа дистрибуирани за време на настанот.

    Настанот е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 2“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права Гласен текстилец од Штип. Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен текстилец Штип.

  • Национална конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место

    На 7 март 2025 година, во Штип одржа Националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, организирана од Гласен Текстилец.

    Говорници на конференцијата ни беа:

    Кристина Ампева, претседателка на Гласен Текстилец;

    Миле Бошков, извршен претседател на БКМ;

    Винка Мирчевска Правулович, работничка;

    проф. д-р Лазар Јовевски, советник на премиерот за труд и социјална политика;

    Миле Стојановски, Министерство за економија и труд;

    Лимко Бејзароски, претседател на КСЗД;

    Маја Цветановска, Државен трудов инспекторат.

    На конференцијата се отвори конструктивна дискусија за предизвиците со кои се соочуваат работничките, механизмите за заштита од дискриминација и потребата од системски промени. Претставниците од различни сектори ги споделија досегашните искуства, успешните примери, но и прашањата кои остануваат нерешени во рамките на постојната законска регулатива.

    -Ќе се сетиме пред година дена дека имавме случај, каде што на бремена работничка не и беше продолжен договорот за работа, подоцна тие истите работодавачи да објават нов оглас за истото работно место и конечно имавме еден случај да докажеме по 30 години дека ете заедно со Комисијата за заштита и спречување од дискриминација ете тие договори на определено се користат токму заради тоа. Доколку жена работничка користи боледување за нега на дете, доколку е бремена или слично, ете тие договори се користат за тоа да не им биде продолжен договор за вработување, рече Ампева.

    Националната конференција е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 2“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права Гласен текстилец од Штип. Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен текстилец Штип.

    #РодоваЕднаквост#ДискриминацијаНаРаботнотоМесто#НационалнаКонференција #ГласенТекстилец

  • ЗАПОЧНА БЕСПЛАТНИОТ КУРС ЗА ПЕДИКИР, МАНИКИР, ДЕКОРАЦИЈА И НАДГРАДБА НА НОКТИ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

    Со задоволство ве информираме дека на 24.02.2025 година во Општина Струмица започна курсот за педикир и маникир, надградба и декорација на нокти како модули во рамки на обуката за козметичари.

    Во оваа група учествуваат шест мотивирани курсистки, кои ќе имаат можност да стекнат нови вештини и да се оспособат за работа во областа на козметичките услуги.

    Веруваме дека преку овие обуки, жените ќе добијат можност за професионален развој, активно вклучување на пазарот на труд и поголема економска независност.

    Со нетрпение го очекуваме напредокот на нашите курсистки и им посакуваме успех во совладувањето на новите техники.

    Курсевите се дел од партнерскиот проект: ,,Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество.“ се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“, Скопје и проектните партнери Здружението „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“– с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“, Желино. Поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas

    Мислењата кои се изразени овде се на Здружението ,,Секогаш Соживот” не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

  • Прва Помош: Првиот Чекор во Спасување на Живот!

    🩺 Прва Помош: Првиот Чекор во Спасување на Живот! 🚑
    Нашата неодамнешна Работилница за Прва Помош, во партнерство со Црвениот Крст и водена од еден од нашите  локални волонтери, беше голем успех! 🙌 Голема благодарност до сите кои учествуваа и научија вештини за спасување на живот.

    Зошто е важна првата помош?Првата помош е првата и непосредна помош што се дава на лице со медицинска итна состојба. Таа помага да се сочува животот, да се спречи влошување на состојбата и да се поддржи опоравувањето додека не пристигне професионална медицинска помош. Првата Помош = Спасување на Живот! 👩‍⚕️Тоа е нешто што секој може да го научи – и може да направи разлика во итни ситуации.
    🔴 Чекор по чекор водич:

    Проверете дали има опасност околу лицето.
    Викнете брза помош веднаш! 🚑
    Проверете свест – Нежно протресете го лицето и прашајте, “Дали сте во ред?”
    Проверете дишење користејќи ја методата Гледај, Слушај, Чуј.
    Ако е потребно, започнете со компресии на градите (30:2 однос) и повторувајте додека не пристигне помош.

    💡 Бидете подготвени да спасувате живот во секоја ситуација. Горди сме што бевме дел од ваков важен настан во нашата заедница! Благодарност до сите волонтери и учесници што го направија овој настан успешен.
    Кликнете овде за да видите повеќе! Instagram

  • Се одржа Марш за женски права под слоганот „Нека јадат ружи!“

    На 8 март, по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, во 13:00ч. пред  Универзална сала во Скопје започна овогодинешниот Марш за женски права, под слоганот: „Нека јадат ружи!“.   Маршот, организиран од Платформата за родова еднаквост и независни активист(к)и за женски права, мобилизираше стотици присутни кои  протестираа против нееднаквостите и неправдите кон жените и девојките, потенцирајќи дека 8 Март не…

  • КРИСТИНА АМПЕВА: ИМАМЕ ДИСБАЛАНС НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ – ВИШОК КАДРИ КАДЕ НЕ ТРЕБА, НЕДОСТИГ КАДЕ ШТО ТРЕБА

    Кристина Ампева, поранешна текстилна работничка од Штип, денес активно истражува и застапува права на текстилните работнички во помалите градови во Северна Македонија преку здружението „Гласен текстилец“. Пред околу пет години, кога Ампева работела во текстилната индустрија, условите и платите биле значително поразлични. Денеска таа се залага и за зголемување на квалитетот на образованието преку реформи, кои би биле во насока на прилагодување на образовните програми со потребите на пазарот на труд, каде влегува и текстилната индустрија.   
    „За да имаме поквалитетно образование, потребни се темелни реформи, вклучувајќи имплементација на Болоњскиот процес“, вели Ампева во интервјуто за Институтот БИРС, која се објавува на неколку партнерски медиуми на организацијата. „Целта на европскиот образовен систем е усогласување на националните образовни политики, што за Северна Македонија значи подобрување на квалитетот на наставата и развој на знаења и вештини потребни за дигиталната, социјалната и зелената транзиција.“ 
    Според неа, еден од начините за активно вклучување во овој процес е преку европските образовни програми, кои овозможуваат студентска размена и развој на практични вештини. 
    „Клучно е нашите образовни институции да се вклучат во европските мрежи и да поттикнат поголем интерес кај младите за учество во програми за размена“, нагласува таа. 
    Ампева исто така смета дека создавањето на подобри услови за истражувачка работа во академските институции е од суштинско значење. „Инвестирањето во научен материјал и ресурси ќе им овозможи на студентите подобри можности за истражување и градење кариера во својата област“, заклучува таа.
     
    Во процесот на преговори за членство во ЕУ е и Кластер 3, кој содржи поглавја кои се однесуваат на неопходните реформи за хармонизација на нашиот со европскиот образовен систем. Што може вие да направите во овој правец?
    Kристина Ампева: Сметам дека за да имаме подобро и поквалитетно образовние потребни се реформи во образовението, имплементација на Болоњскиот процес и други неопходни чекори за да се постигне и поттикне развој во државата. Една од главните цели на Европскиот образовен систем е усогласување на националните образовни политики на земјите членки, а во случајот на Република Северна Македонија, тоа е дел од поглавјата за преговори за членство. Целта на ова усогласување е постигнување заеднички цели, односно обезбедување квалитетно образование – образование што ќе нуди конкурентни знаења, вештини и вредности за ефикасно справување со европските предизвици, главно во областите на дигитализацијата, социјалната и зелената транзиција. Можеме да кажеме дека  европските предизвици се и наши идни предизвици, па затоа нашата образовна понуда треба да се направи  во согласност со истите параметри. Начинот на кој и ние активно би се вклучиле во овие процеси е преку европските образовни програми, кои имаат за цел приближување и зајакнување на интеринституционалната соработка.Овде ќе споменам  неколку од најпопуларните образовни програми, како што е Еразмус+ за размена меѓу студентите а со тоа и стекнување на подобри и понапредни знаења и  практични вештини на младите луѓе. Исто така, постојат и  многу образовни програми за развој на капацитетите на институциите со цел справување со идните предизвици. Она што е клучно  да се направи е поголема вклученост на нашите образовни институции во образовните мрежи и соработка со образовните институции од Европа, како и поттикнување на интересот кај младите за учество во образовни програми за размена. Исто така, од големо значење е создавање околина погодна за истражувачка работа во академските средини, преку инвестирање и набавување на достапен материјал се со цел студентите од сите факултети да имаат подобра можност за истражување и градење на капацитети и кариера во својата област.
    Како да се убедат властите и јавноста за потребата од интерсекторската методологија на пристапување, со посебен фокус на темелните вредности како право на студирање, право на работа и право на добра администрација?
    Kристина Ампева: Само преку вистинска соработка меѓу јавноста и властите може да се постигне целта за интерсекторската методологија на пристапување со посебен акцент на темелните вредности како правото на студирање, правото на работа и правото на добра администрација. Можам слободно да кажам дека  сите образовни политики, како и останатите политики на ниво на ЕУ, се креираат само со вистинска соработка меѓу засегнатите страни. Мора да  се поттикне подобра соработка и да постои слух кај креаторите на политики за потребите на граѓаните, на  приватниот сектор,  на младите луѓе, институциите и сите други општествени чинители. Од друга страна, образовните институции треба да имаат активна улога во унапредувањето на оваа соработка преку взаемна колаборација со сите општествени актери. Мора да тргнеме од тоа дека инклузивноста и соработката носат резултати. Исто така мора да се спомене и клучната улога на невладиниот сектор во градењето и јакнењето на капацитетите на младите луѓе во државата. Овој пристап поттикнува заедничко делување кон решавање на проблемите и предизвиците.
    Дали Процесот од Болоња се спроведува како што треба и колку ја нуди основната негова вредност – мобилност?  
    Kристина Ампева: Во однос на Процесот од Болоња би додала дека секоја трансформација бара добро осмислен план и одреден период за подобра имплементација и Болоњскиот процес. Болоњскиот Процес не вклучува само мобилност туку и промена во начинот на учење и предавање. Преку практични методи ќе се подобри и начинот на пишување на трудови од страна на студентите како и истражувачката дејност ќе се подобри при пишување на дипломски, магистерски и докторски трудови. Преку ваков пристап, студентите ќе се   стекнат со  знаење и ќе развијат подобри вештини за истражување и учење.
    Како ќе ја подигнете свеста на стручната и пошироката јавност за важноста на Болоњскиот процес?
    Kристина Ампева: Болоњскиот процес во Европа е застапен на секаде, и ние како држава не смееме да дозволиме да заостанеме во неговата имплементација. Затоа, за да се подигне свеста на стручната и целокупната јавност, потребно е постојано да се поттикнуваат дебати кои кај граѓаните ќе поттикнат едно критичко размислување со што преку јавни настани,дебати и трибини организирани на оваа тема ќе дебатираме за важноста на Болоњскиот процес  и што тој претставува.
    Ние имаме околу илјади граѓани кои активно бараат работа, но од друга страна има недостаток на кадар за над 10 илјади слободни работни места. Дали нашиот образовен систем одговара на потребите на пазарот на труд?  
    Kристина Ампева: Сметам дека не одговара бидејќи нашиот образовен систем треба да создава кадри во согласност со потребите на пазарот на трудот. Сметам дека имаме презаситеност на кадри во некои области, додека пак во други области постои недостаток на кадри за одредени работни места. Токму ова доведува до дисбаланс на потребите на пазарот на труд бидејќи за некои области имаме презаситеност со кадри додека пак во некои недостаток на кадри. Немаме стратегија за тоа со што располагаме, што ни треба, како ќе се движи бизнисот и економијата па соодветно да се прави план за образованието и тоа што ни треба како приватен сектор.
    Земјата одвојува помалку од 1% од БДП за наука и иновативен развој. Како се одразува оваа во поглед на целокупниот развој? 
    Kристина Ампева: Не се одразува никако. Доколку немаме доволно  и квалитетно инвестирање во истражувањето, во наука и иновации , не можеме да очекуваме дека ќе имаме развој во било која сфера. За пример, во Шведска имаме град по име Борос и текстилни училишта, истражувачки центар и хаб каде на пример имаме планирање за иднината на текстилната индустрија, зелена агенда и рециклирање на текстилниот отпад и нов живот за едно парче материјал. Од текстил се прави стент или други медицински помагала и се гледа широката примена и економската исплатливост во тој сектор, но со цел оддржлива мода. Но сериозно се инвестира и од страна на државата, и од општината но и од приватниот сектор за да функционираат тие образовни програми, иновации и воопшто иднината на секторот. Ние сме декади назад од тоа. Но затоа можеме да ги гледаме тие позитивни примери, да работиме заеднички и се стремиме макар да се доближиме.  За да се постигне подобра ефикасност во поглед на целокупниот развој во полето на науката и иновативниот развој, иако сме мала држава,сметам дека со подобрување и јакнење на капацитетите и вложување на ресурси за поквалитетно образование, ние ќе можеме да очекуваме напредок и во овие полиња.
     
    Текстот е работен во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.  
    Содржината на овој текст е единствена одговорност на Форум за разумни политики, ИОХН и БИРС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

  • Пилотирање на проектот „Цели за одржлив развој за ученици“ во ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани

    ​Во Основното училиште „Малина Попиванова“ во Кочани, ученици и наставници активно учествуваа во пилотирањето на проектот „Цели за одржлив развој за ученици“ (sdgs4pupils), кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската унија.​Едукативна платформа за ученициПлатформата нуди интерактивни презентации, квизови и предизвици за секоја од 17-те Цели за одржлив развој, насочени кон ученици на возраст од 10 до 14 години. Со примена на гамификациски методи, се поттикнува активно учење и развој на клучни компетенции како што се критичко размислување, креативност и решавање проблеми.Курс за дигитални вештини за наставнициКурсот е дизајниран да ги подобри дигиталните вештини на наставниците, овозможувајќи им ефективно спроведување на далечинско учење и интеграција на дигитални алатки во наставата. Модулите опфаќаат користење дигитални алатки за комуникација и соработка, избор и креирање дигитални ресурси, управување со дигитални технологии во наставата, техники за дигитално оценување, инклузија преку дигитални технологии и промовирање дигитална компетентност кај учениците.Еко Логик изразува благодарност до Основното училиште „Малина Попиванова“, наставниците и учениците за нивната посветеност и ангажман во овој проект. Нивната поддршка е клучна за успешната имплементација на иницијативите насочени кон унапредување на образованието и промоција на одржливите цели.​За повеќе информации за проектот и достапните едукативни ресурси, посетете ја официјалната веб-страница на проектот.

  • ПРВАТА PREPARE ОБУКА ЗА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА – УСПЕШНО ПИЛОТ-ТЕСТИРАЊЕ

    Кон крајот на февруари оваа година, Eco Logic го организираше првото пилот-тестирање на PREPARE обуката за одржлив туризам. Настанот се одржа во Мултикултурен центар во Кочани, каде што заедно со речиси 30-тина вработени од општината ја тестиравме платформата за е-учење и обуките што истата ги нуди.Што претставува PREPARE?PREPARE е проект кој има за цел да обезбеди едукација и практични алатки за одржлив туризам. Преку иновативна платформа за е-учење, корисниците имаат можност да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им помогнат во подобро планирање и управување со туристичките активности на одговорен и еколошки начин.Како помина тестирањето?За време на пилот-тестирањето во Кочани, учесниците имаа можност да ја испробаат платформата, да ги проучат достапните материјали и да дадат повратни информации за содржините и корисничкото искуство. Разговаравме за предизвиците и можностите што ги носи одржливиот туризам, споделивме искуства и идеи за подобрување на туристичките практики во Македонија.Што следува?Овој настан претставуваше важен чекор кон следната фаза на проектот – работилници со млади. Врз основа на повратните информации од пилот-тестирањето, ќе продолжиме со адаптација на обуката за да одговори на реалните потреби на корисниците.Како да се вклучите?Обуката е достапна онлајн и можете да ја посетите на следниот линк: PREPARE обука за одржлив туризам.Ве покануваме да се приклучите, да научите повеќе за одржливиот туризам и да станете дел од мрежата на свесни и одговорни туристички професионалци! За повеќе информации, следете нѐ на нашите канали и останете во тек со сите новости од Eco Logic.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор