Neka jadat ruzhi 1024x536

Се одржа Марш за женски права под слоганот „Нека јадат ружи!“

На 8 март, по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, во 13:00ч. пред  Универзална сала во Скопје започна овогодинешниот Марш за женски права, под слоганот: „Нека јадат ружи!“.  

Маршот, организиран од Платформата за родова еднаквост и независни активист(к)и за женски права, мобилизираше стотици присутни кои  протестираа против нееднаквостите и неправдите кон жените и девојките, потенцирајќи дека 8 Март не е ден за учтивост и симболични гестови,  туку за подигање на свеста од потребата за унапредување на здравствените, образовните, работничките, културните, политичките и економските права на жените. 

По пристигнувањето во паркот „Жена Борец“, каде што традиционално завршува маршрутата, активистките го прочитаа прогласот во кој со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, се осврнаа кон секојдневните системски недостатоци со кои продолжуваат да се соочуваат:  

„Сите сте добредојдени заедно да ја одбележиме и прославиме феминистичка борба за слобода, автономија и социјална правда и да ги потсетиме институциите и јавноста дека: 

  • Повеќе нема да ги молиме полицијата и обвинителството да постапуваат навремено, туку будно повикуваме на вистинска заштита и поддршка за жртвите на родово-базирано насилство. Ќе продолжиме да се бориме за правда за сите жени кои ги загубија животите поради системска негрижа и фемициди. 
  • Сакаме здравство кое лечи, а не убива! Нема повеќе да преговараме дали ќе има лекови за пациент(к)ите на онкологија, и нема да дозволиме родилки да умираат или некој да ги касапи нашите тела и потоа да не одговара пред правдата!  
  • Сакаме безбедни јавни простори во кои се чувствуваме слободни! Потребни се осветлени улици и функционален јавен превоз, но и поголема вклученост на жените во урбанистичкото планирање. 
  • Крај на експлоатацијата и работната дискриминација! Работничките во текстилната, преработувачката, земјоделската и културната индустрија заслужуваат безбедни работни услови, праведен надомест и право на боледување и породилно отсуство. 
  • Отворен и еднаков пристап до образование и кариерни можности без репродуцирање на штетни родови стереотипи и предрасуди. Нема да дозволиме бришење на родовата еднаквост од нашето образование!  
  • Поголем баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот за поголема  достапност на јавни услуги за рана грижа и образование и можноста за споделено родителско отсуство. 
  • Одговорно и родово сензитивно известување во медиумите, но и заштита на новинарките! Наместо да предизвикуваат сензационализам, медиумите треба да го осудуваат насилството и да ги заштитат жртвите. 
  • Најпосле, бараме вредносен систем што ги почитува жените, им овозможува да живеат без страв и им гарантира активна улога во општеството.“ 

На крајот, тие го посветија маршот на „сите паднати борки и храбри жени од минатото и денешницата кои си го посветиле животот на оваа борба“. 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор