Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Сојузување 2025

    Во периодот од 4 до 6.4.2025 год. во Извиднички Центар Охрид се организираше Сојузување 2025. Овој викенд наречен СОЈУЗУВАЊЕ е време за обнова, инспирација и соработка. Овој настан претставува значаен момент за Сојуз на извидници на Македонија, каде што се цели да се обединиме, вмрежиме како лидери и членови на…

  • Повик до Претседателката на РСМ, Гордана Сиљановска-Давкова за непотпишување на Указите за штетни законски измени во образованието и доследно спроведување на заложбите за родова еднаквост

    Почитувана Претседателке Сиљановска-Давкова,
    Минатата година, по повод Вашиот избор за Претседателка на државата, Ви упативме писмо со честитки и јасни очекувања – како прва жена на оваа функција, да бидете сојузничка на жените, младите и маргинализираните заедници, и да ги поддржите заложбите за родова еднаквост, социјална правда и почитување на човековите права. Истото писмо беше и повик за конкретна политичка акција – за поддршка на политики кои ќе ги унапредат правата на жените, младите и маргинализираните заедници, ќе ја зајакнат нивната безбедност и ќе ја зголемат нивната застапеност и учество во јавниот и политичкиот живот.
    Денес, се обраќаме повторно, со длабока загриженост.
    Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација најостро реагираат на неодамна усвоените измени на Законот за основно образование и Законот за учебници во основно и средно образование, кои се носат без вклученост на стручната јавност, без консултација со младите и во целосна спротивност со принципите на инклузивност и научна заснованост. Со овие измени, се укинува здравствената едукација базирана на докази, а се легализираат форми на дискриминација и насилствоврз младите во образовниот систем.
    Овие законски измени доаѓаат во период кога државата уште ја жали најголемата трагедија во поновата историја – загубата на 59 млади животи во Кочани – што претставува директна последица на системска негрижа, неказнивост и корупција. Наместо да одговориме со зајакнување на системите за заштита и грижа за младите, Собранието и Владата носат закони кои дополнително ги ставаат во ризик нивното здравје, нивната безбедност и нивните основни човекови права.
    Овие законски измени се во директна спротивност со сите препораки што државата ги има добиено изминатава деценија од телата на Обединетите Нации за почитување на човековите права, со заложбите преземени во рамки на Целите за одржлив развој – особено Целта број 5 за унапредување на родовата еднаквост – како и со националното законодавство за заштита од дискриминација и Националната развојна стратегија на држвата.
    Дозволете ни да потсетиме на дел од алармантните податоци:

    Насилството е нормализирано во Македонија, се почести се случаите на вознемирување, сексуално насилство, малтретирање и силување кај младите извршено од малолетници, како во училиштата, така и во јавните простори;
    Стапката на просечно стапување на прв сексуален однос кај младите во Македонија изнесува 15 години односно 16 години за девојчињата. За споредба со земјите каде здравствената едукација е интегрирана во училишните програми, младите го одложуваат влегувањето во прв сексуален однос, некаде дури и до 19 годишна возраст;
    Стапката на тинејџерска бременост во 2023 година изнесува 13.4 на 1000 девојки на возраст од 15-19 години;
    Младите на возраст од 15 до 18 години се најмногу изложени на насилствоза разлика од другите возрасни групи во државата и младите кои ѝ припаѓаат на ЛГБТИ задницата се и до четирипати почесто малтретирани во училиште од хетеросексуалните врсници[1]. Дополнително, 15-годишници со хомосексуална и бисексуална ориентација страдаат два или повеќе пати почесто во споредба со своите хетеросексуални врсници, честопати со повеќе психосоматски симптоми (74 %), чувства на тага и безнадежност (47 %) или со сериозни самоубиствени мисли (30 %);
    Само во периодот од 2021-2023 се документирани 82 случаи на насилство во образованието врз ЛГБТИ млади, при што образованието е втора област по ред со најмногу документирани случаи на институционално насилство врз ЛГБТИ, после здравството.

    Со исклучување на здравствената едукација, и со бришење на темите поврзани со родова еднаквост, сексуално и репродуктивно здравје, државата не само што ги негира реалностите со кои се соочуваат младите, туку свесно ги препушта на дезинформации, стигматизација, насилство и дискриминација. Загрижува податокот дека никој од стручната јавност, ниту младинските организации, не побараа ваков тип на законски измени во образованието. Токму затоа прашуваме, дали Владата и Парламентот се во директна спрега со неформални и формални радикални групи, кои под превезот на „заштита на правата на децата” секојдневно промовираат –дискриминација, омраза, насилство, шират теории на заговор против употреба на вакцините и други методи за здравствена превенција базираат на докази. Истите групи веќе неколку години промовираат антидемократски процеси и оркестрирано напаѓаат стручни лица, активисти од граѓанскиот сектор, новинари. Оваа насока е целосно спротивна на заложбите на државата за ЕУ интегративните процеси.
    Во тој контекст, Ве повикуваме, како Претседателка на државата и како личност која јавно се залага за владеење на правото и родова еднаквост, да:

    Не ги потпишете Указите за измените и дополнувањата на Законот за основно образование и Законот за учебници;
    Ја искористите Вашата институционална и морална позиција за да побарате ревизија и повлекувањена овие измени;
    Побарате отворање на јавна дебата со вклучување на млади, стручни лица, младински и граѓански организации;
    Поддржите итна имплементација на подзаконски акти за заштита на децата од насилство и дискриминација во училиштата;
    Се заложите за усвојување на политики базирани на наука, податоци и човекови права, а не на притисоци од неформални радикални структури.

    Претседателке, Сиљановска-Давкова сега е моментот да покажете дека Вашата позиција не е само симболичка, туку суштинска. Да потврдите дека Вашите заложби а за поддршка на родова еднаквост, заштита на младите и ранливите групи и борба против дискриминација не се празни зборови. И дека женското лидерство значи вредносно лидерство – со визија и грижа за целата заедница.
    Со почит,Платформа за родова еднаквостМрежа за заштита од дискриминација

  • Покана за учество во фокус група за повик за грантови – Зелена младина, зелен раст

    Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате во фокус групите за повик за грантови во вкупен износ од 150.000 евра, во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“, кои ќе се одржат на 07.04.2025 г. (понеделник) и 08.04.2025 г. (вторник): Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате во фокус групите за повик за грантови во вкупен…

  • Собранието ја урива суштината на КСЗД преку именување членови под партиски клуч кои не ги исполнуваат законските услови

    На 02.04.2025 година во Собранието на Република Северна Македонија се одржа 24та седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која утврди Предлог – одлука за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во неполни 24 часа откако се одржа седницата за јавна расправа. Комисијата за прашања на изборите и именувањата до пратениците на Собранието го предложува Вецко Здравески за иден комесар со мандат од пет години, кандидат кој е партиски кадар и не ги исполнува критериумите за избор. Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието на Република Северна Македонија да не го прифати овој предлог и да не го изгласа овој кандидат како иден член на КСЗД.
    Мрежата за заштита од дискриминација потенцира дека избирањето на овој кандидат за член на КСЗД не само што не e во служба на заштитата на човековите права, туку и би било погубно за човековите права, еднаквоста и недискриминацијата во нашата држава. Спроведеното интервју со кандидатот, неговото претставување, а особено одговорите на прашањата од публиката беа на незадоволително ниво по сите стандарди за избор на член на телото за еднаквост. Неговото интервју јасно покажува дека кандидатот не се чувствува сигурно при изговарање на  некои од основите за дискриминација, како, на пример, зборовите „сексуална ориентација“ и „транс жена“. Ваквиот однос ни укажува на целосно непочитување кон маргинализираните заедници, кои истовремено се едни од најчесто дискриминираните лица, и создава реално сомнение дека кандидатот кога би бил член на КСЗД би постапувал непристрасно и професионално кон сите граѓани. Од друга страна, сосема е нејасно како Комисијата утврдила дека кандидатот ги исполнува законските критериуми и е експерт за заштита од и спречување на дискриминација, кога на седницата немаше повеќе од 10% вкупниот број членови на Собранието, а од неговата биографија воопшто не произлегува ваква експертиза, па дури ни интерес.
    Дополнително, кандидатот Вецко Здравески претходно бил член на Комисијата за верификација на факти, согласно Законот за лустрација, процес кој предизвика јавна загриженост и беше предмет на критика од страна на Европската Унија, во однос на можни неправилности и повреди на човековите права. За дел од работата во оваа Лустрациска комисија, кандидатот Вецко Здравески бил обвинет заедно со Антонијо Милошоски во случајот „Моќник“. Случајот беше затворен поради застареност на кривичните дела, а како директна последица на измените на Кривичниот законик.
    Мрежата за заштита од дискриминација потенцира дека изборот на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација повторно се прави по партиски клуч и со партиски кадри. Имено, кандидатот Вецко Здравески е несомнено симпатизер од владеачката ВМРО–ДПМНЕ и неговата наклонетост кон оваа партија тој јавно ја изразувал во неколку наврати, дури и директно со зборовите: „ВМРО е судбина и иднина за Татковината“. Ваквиот избор на партиски кадри без искуство и знаење од областа значи ризикување на досега постигнатите резултати од областа на антидискриминација, клучна и за процесот на интеграција во ЕУ. Изборот на кандидати коишто не ги исполнуваат законските услови и кај кои има сомнежи за нивната независност или непристрасност не може да резултира со мислења коишто ќе ги заштитат жртвите на дискриминација.
    КСЗД е независно тело за еднаквост чија ефикасност, непристрасност и исполнување на надлежностите е директно зависно од знаењата, екпертизата и интегритетот на комесарите/ките. Кандидати кои немаат знаења и се избрани по партиски клуч не можат да штитат и да превенираат од дискриминација, особено имајќи предвид дека тие мандатот го должат на партиите, а не на сопственото знаења и искуство. Оттука, наместо еднаквоста на граѓаните, овие кандидати ќе ги штитат партиските и личните интереси од позиција на членови на КСЗД.
    Помеѓу кандидатите имаше и независни експерти, со долгогодишно докажано искуство во областа на антидискриминацијата и човековите права, кои при самото претставување укажаа на важноста на избор на независен кандидат. Оттука, сметаме дека Собранието можеше да направи избор на квалитетни кандидати кои уште повеќе ќе ја унапредат работата на КСЗД. Законските критериуми за избор на членови на КСЗД се: седум години работно искуство од областа на човековите права од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација; 240 ЕКТС кредити; да е државјанин/ка на РСМ; во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна затвор од над шест месеци или забрана за вршење на професија, дејност или должност и да не е носител на функција во политичка партија.
    Од друга страна, загрижува праксата на закажување седници на нетранспарентен и неинклузивен начин мораме да потенцираме и дека седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беше организирана на нетранспарентен начин, со тоа што поканата за учество на расправата беше пратена во последниот работен ден пред одржување на расправата.
    Оттука, Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието да не го именува кандидатот предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата и да избере независни кандидати/ки по заслуга, кои ги исполнуваат законските критериуми.

  • Консултативна работилница – Потреби и можности за вклучување на матичните лекари специјалисти по семејна медицина во Програмата за скрининг на рак на грлото на матката

    На консултативната работилница, матичните лекари специјалисти по семејна медицина дискутираа за можностите, потребите и потенцијалните пречки за нивно вклучување во спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Лекарите се согласија дека треба да играат активна улога во програмата – преку здравствена едукација на жените, земање ПАП…

  • ФТ Став бр. 63 за можните ефекти од воведувањето царини од страна на САД кон Северна Македонија

    Соединетите Американски Држави воведоа царина од 33% за увозот на македонски производи. Примената на реципрочни трговски политики за зајакнување на економијата и националната безбедност е во фокусот на новата одлука на претседателот Доналд Трамп, со која се воведуваат царини за „заштита на американските работници и индустрија“. Како што е наведено…

  • Здравјето, заштитата од насилство и дискриминација на младите не се приоритет за Владата и мнозинство на пратеници

    Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација со остра реакција на законите за основно образование и учебници со кои младите остануваат без здравствена едукација базирана на докази во основните училишта и се озаконува насилство врз децата
    Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација најостро реагираат на најновите измени и дополнувања на Законот за основно образование и Законот за учебници, со кои се озаконува дискриминацијата и насилството, а се бришат темите за сексуално и репродуктивно здравје и родова еднаквост. Овие законски измени се носат без консултација со младите и стручната јавност и директно се спротивни на потребите на младите.
    Во време кога државата се соочува со најголемата трагедија во својата понова историја, во која 59 млади животи беа изгубени во Кочани поради системска корупција, неказнивност и негрижа за граѓаните, Собранието како прв приоритет носи закони што дополнително ја загрозуваат добросостојбата на младите.
    Законот за основно образование се менува два пати за само неколку месеци, во нетранспарентна постапка, без вклучување на стручната јавност и во спротивност со домашните и меѓународните регулативи.  Последните измени беа донесени по скратена постапка иако претставуваат значително отежнување на остварувањето и заштитата на човековите права. Продолжувањето на ваквите антидемократски процеси, каде што клучни закони се носат по брза постапка, без јавна дебата и без вклучување на експерти и младите, е неприфатливо и загрижувачко.
    Бараме итно запирање на овие штетни законски измени и отворен дијалог со младите, експертите и граѓанските организации за креирање политики што вистински одговараат на потребите на младите и ја штитат нивната иднина.
    Податоците за насилство дискриминацијата и здравјето кај младите се алармантни и треба да ги загрижат сите родители, наставници и граѓани на оваа држава:

    Насилството е нормализирано во Македонија, се почести се случаите на вознемирување, сексуално насилство, малтретирање и силување кај младите извршено од малолетници, како во училиштата, така и  во јавните простори;
     Стапката на просечно стапување на прв сексуален однос кај младите во Македонија изнесува 15 години односно 16 години за девојчињата. За споредба со земјите каде здравствената едукација е интегрирана во училишните програми, младите го одложуваат влегувањето во прв сексуален однос, некаде дури и до 19 годишна возраст;
    Стапката на тинејџерска бременост во 2023 година изнесува 13.4 на 1000 девојки на возраст од 15-19 години;
    Младите на возраст од 15 до 18 години се најмногу изложени на насилство за разлика од другите возрасни групи во државата и младите кои ѝ припаѓаат на ЛГБТИ задницата се и до четирипати почесто малтретирани во училиште од хетеросексуалните врсници[1]. Дополнително, 15-годишници со хомосексуална и бисексуална ориентација страдаат два или повеќе пати почесто во споредба со своите хетеросексуални врсници, честопати со повеќе психосоматски симптоми (74%), чувства на тага и безнадежност (47%) или со сериозни самоубиствени мисли (30%).
     Само во периодот од 2021-2023 се документирани 82 случаи на насилство во образованието врз ЛГБТИ млади, при што образованието е втора област по ред со најмногу документирани случаи на институционално насилство врз ЛГБТИ, после здравството.

    Загрижува податокот дека никој од стручната јавност, ниту младинските организации, не побараа ваков тип на законски измени во образованието. Токму затоа прашуваме, дали Владата и Парламентот се во директна спрега со неформални и формални радикални групи, кои под превезот на „заштита на правата на децата” секојдневно промовираат –дискриминација, омраза, насилство, шират теории на заговор против употреба на вакцините и други методи за здравствена превенција базираат на докази. Истите групи веќе неколку години промовираат антидемократски процеси и оркестрирано напаѓаат стручни лица, активисти од граѓанскиот сектор, новинари. Оваа насока е целосно спротивна на заложбите на државата за ЕУ интегративните процеси.
    Оттука бараме:

    Претседателката на државата да не ги потпише Указите за донесување на законите за измена и дополнување на Законот за основно образование и Законот за учебници за основно и средно образование
    Владата и Парламентот да ги реобмислат законите во образованието кои директно им штетат на здравјето на младите.
    Да обезбедат соодветни средства за спроведување на Законот за млади и да се инвестира во младинските центри во кои ќе се креираат безбедни простори за младите, обезбедат психолошки и здравствени услги за младите ширум државата
    Одржување на надзорна расправа за предизвиците и препреките во имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот
    Отворање на широка дебата со младите, младинските организации, стручните здравствени организации и кои работат на заштита на правата на маргинализираните заедници, и подготовка на измени на Законот за основно образование, Законот за средното образование и Законот за учебници за основно и средно образование базирани на докази и наука, и во согласност со меѓународните  документи за заштита на човекови права со кои суштински ќе се покаже вистинска грижа за младите.
    Итно и неодложно спроведување на подзаконски акти за заштита на децата од насилство и дискриминација во училишта.  

    [1] Студија за однесувањатата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст (11, 13, 15 години) во Северна Македонија

  • Зајакнување на младинските организации: Активно учество во локалните младински совети

    Слабиот интерес на младинските организации за вклучување во локалните младински собранија и локалните младински совети негативно влијае врз капацитетот и ефикасноста на овие тела, кои се клучни за обезбедување на институционалното младинско учество.

    За да го надминеме овој предизвик во склоп на проектот поддржан од Граѓанскиот ресурсен центар – ГРЦ , спроведовме работилници на кои што учествуваа членови на младински организации од нашиот град.
    Цел на работилниците:

     Да ја подигнеме свеста за Законот за младинско учество и младински политики (ЗМУМП) со посебен фокус на локалните младински совети (ЛМС)
     Да ги зајакнеме младинските организации со знаење и алатки за поголемо учество во локалните младински собранија и локалниот младински совети
     Да ги охрабриме младите да станат активни чинители во процесите што ги засегаат

    Со заеднички сили создаваме поактивни, пофункционални и поодговорни младински тела!
    Следете нè за повеќе информации и можности за ваше вклучување во проектот!
    Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
    #ЈасГраѓанинот

  • Пријава за учество на обука за „Лобирање, Застапување и Антикорупциски практики“

    Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“, организираме обука за „Лобирање, Застапување и Антикорупциски практики“ со цел учесниците да стекнат вештини за следење на политиките, стратешка комуникација и креирање локални акциони планови за застапување кои ќе можат да ги имплементираат во нивните заедници.

    За време на обуката учесниците ќе изготват акциони планови за застапување кои ќе промовираат транспарентност и одговорност во нивните заедници. Најдобрите 5 планови ќе бидат поддржани со финансиски средства на проектот за да се осигура нивно спроведување.
    Ако сакаш да го продлабочиш своето знаење и си подготвен да се приклучиш на оваа обука, ова е твојата шанса!
    Не ја пропуштај оваа можност – пополни ја формата и приклучи се! 
    Оваа активност е поддржана од проектот Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија финансиран од Европската Унија и СЕЛДИ нет. Искажаните содржини се единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и не нужно ги одразуваат гледиштата на Европската Унија и СЕЛДИ нет.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор