Mrfp

Покана за учество во фокус група за повик за грантови – Зелена младина, зелен раст

Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате во фокус групите за повик за грантови во вкупен износ од 150.000 евра, во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“, кои ќе се одржат на 07.04.2025 г. (понеделник) и 08.04.2025 г. (вторник):

Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате во фокус групите за повик за грантови во вкупен износ од 150.000 евра, во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“, кои ќе се одржат на 07.04.2025 г. (понеделник) и 08.04.2025 г. (вторник):

Датум и локации: 07.04.2025 (понеделник)

🔹 Штип – Граѓански ресурсен центар   
  10:00 – 11:30 часот
📍 Петта партиска конференција бб     (Мултимедијален центар Канал 77), 3 кат

🔹 Тетово – Europe House    
  10:00 – 11:30 часот
📍 Маршал Тито бб     (Центар за култура „Иљо Антески – Смок“)

🔹 Гостивар – Граѓански ресурсен центар    
  12:30 – 14:00 часот
📍 Браќа Гиноски 1/спрат 1

🔹 Струмица – Europe House  
    13:30 – 15:00 часот
📍 Благој Јанков Мучето бб

🔹 Струга – Europe House     
16:00 – 17:30 часот
📍 Климетица
Датум и локации: 08.04.2025 (вторник)

🔹 Куманово – MultiКулти Mладински Центар     
10:00 – 11:30 часот
📍 Вук Караџиќ 19А

🔹 Велес – Europe House     
10:00 – 11:30 часот
📍 8ми Септември 86

На фокус групата ќе имате можност:

🔹 Да се информирате за можностите кои ги нуди проектот,
🔹 Да ги споделите Вашите перспективи и грижи поврзани со прашањата за животната средина,
🔹 Да дадете свои предлози и идеи за дефинирање на клучните зелени приоритети.

Целна група на проектот:

👉 Студенти во формалниот образовен систем,
👉 Граѓански организации,
👉 Медиуми.

Проектот предвидува поддршка на иновативни проекти во областа на зелена економија преку грантови во износ до 15.000 евра, а вкупниот фонд за грантови изнесува 150.000 евра. Проектот „Зелена младина, зелен раст“ е финансиран од Европската Унија и го спроведува Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во партнерство со Џуниор Ачивмент Македонија и ЦЕП Можности.

Преземи ја Агендата за настанот.

👉 Ве молиме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 04.04.2025 г. на:

📧 zel@mrfp.mk  или  +389 72 595 376.

Вашето учество и идеи се од големо значење за успешна реализација на проектот!

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор