Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Правдата за Кочани мора да биде навремена, целосна и транспарентна

    Хелсиншкиот комитет за човекови права и организациите кои членуваат во Блупринт групата за реформи во правосудството ќе ја следат судската постапка поврзана со трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Основниот кривичен суд го закажа почетокот на главната расправа за 19 […]
    Read More… from Правдата за Кочани мора да биде навремена, целосна и транспарентна
    The post Правдата за Кочани мора да биде навремена, целосна и транспарентна appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • РАБОТИЛНИЦА ВО ОУ „МИРЧЕ АЦЕВ“

    Денес го реализиравме последниот настан во рамки на караванот, со посета на ОУ „Мирче Ацев“. Со учениците разговаравме за биоотпадот, како правилно да се селектира и како може да се трансформира во корисни материјали преку практични примери и креативни еко-решенија.

    Преку меѓусебна интеракција, експерименти и отворена дискусија, учениците дознаа дека секој од нас, со мали, но доследни чекори, може да допринесе за поздрава животна средина и почиста општина.

    Голема благодарност до наставниците, педагозите и учениците од сите основни училишта во Ѓорче Петров што активно учествуваа и го поддржаа караванот. Вашата енергија и љубопитност се мотив да продолжиме со еко-образовни активности и во други општини!

    Овој настан е дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас,

  • Покана за учество на информативни сесии за повик за грантови

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на информативните сеси за Повик за финансиска поддршка на акции за зелена трансформација , во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“, кои ќе се одржат на: На инфо-сесиите ќе имате можност да дознаете:✅ кои се целите на повикот,✅ како да аплицирате,✅…

  • На спортот во Северна Македонија му се потребни повеќе жени

    Правото за учество во спорт е признаено основно човеково право и e во тесна поврзаност со остварувањето на основните права од образование, здравје, животен стандард, детски права, права на лицата со попреченост итн. Обврската за обезбедување на еднакво учество на девојките и жените во процесите на одлучување во низа на стретешки области вклучително и спортските политики е јасно истакната во низа меѓународни документи и политики. И покрај сите јасни и долгорочни заложби за еднакво вклучување во спортските политики, женскиот спорт во Северна Македонија и понатаму останува маргинализиран. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме денес е недоволната застапеност на жени на раководни позиции во спортот во Северна Македонија.

  • Платформата за родова еднаквост предупредува за неетичко, пристрасно и сексистичко известување за случајот со пронајдената студентка од Косово во Тетово

    Платформата за родова еднаквост со најдлабока загриженост реагира на начинот на кој дел од медиумите известуваат за трагичниот случај со младата студентка од Косово, пронајдена мртва во Тетово на ден 5.11.2025. Наместо професионално, одговорно, родово-сензитивно и етичко информирање, сведоци сме на серија објави кои користат сензационализам, шпекулации и сексистички јазик, вклучително и откривање на идентитетот […]
    Read More… from Платформата за родова еднаквост предупредува за неетичко, пристрасно и сексистичко известување за случајот со пронајдената студентка од Косово во Тетово
    The post Платформата за родова еднаквост предупредува за неетичко, пристрасно и сексистичко известување за случајот со пронајдената студентка од Косово во Тетово appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Пловидба по повод 9ти Ноември – денот на ослободување на Велес

    По повод 9ти Ноември, денот на ослободување на град Велес – 81 година слободен Велес, постарите членови на извиднички одред “Димитар Влахов“ и Варадрска регата “Гемиџии“ од Велес го реализираа првото есенско спуштање по Вардар во чест на празникот на градот. Оваа есенска пловидба се реализираше на 9.11.2025 год. (недела)…

  • Eco Logic меѓу најбараните организации на INNEXA Alliance 2025 во Мадрид

    На 4 и 5 ноември, во Talent Garden – Мадрид, се одржа настанот на INNEXA Alliance, кој обедини 127 учесници, 84 организации и 34 земји од 3 континенти, меѓу кои беа универзитети, компании, јавни институции и граѓански организации посветени на иновации, одржливост и прекугранична соработка. Вкупно беа организирани 445 состаноци, а нашата организација беше препознаена […]

  • Придушени гласови: Анализа на застапеноста на родовите и на ЛГБТИК+ перспективите на локалните избори 2025 година

    Коалиција Маргини изминатиов направи мониторинг на локалните избори во Северна Македонија и како резултат ја издаваме нашата публикација „ Придушени гласови: Анализа на застапеноста на родовите и на ЛГБТИК+ перспективите на локалните избори 2025 година“. Уредник на апликацијата е Ангел Димитриевски, а авторка на публикацијата…

  • Македонија го започна патот кон дигитална трансформација

    Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје и оваа година го анализира европскиот извештај за напредокот на Македонија кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на поглавјето 10 за дигиталната трансформација (порано информатичко општество) и медиумите, како и на слободата на изразување во делот на фундаменталните права и слободи. ИНРЕКОМ оценува дека заклучоците […]
    The post Македонија го започна патот кон дигитална трансформација first appeared on Институт за развој на електронски комуникации.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор