Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Јавен надзор над јавните набавки: доверливи договори, незаконски авансни плаќања и спорна реализација

    Денес, 11 јуни 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2). Анализирани се конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените знаменца кои ги применува Бирото за јавни набавки, преку истражувања кои почиваат на јавно достапните информации, како и преку консултации со граѓаните. Издвојуваме дел…

  • Успешно реализирана акција за селекција и компостирање на органски отпад во ООУ „Аврам Писевски“

    Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, во ООУ „Аврам Писевски“ се спроведе успешна акција за селективно собирање и подготовка на био-отпад за компостирање. Заеднички придонес за одржлива иднина. На 9 јуни 2026 година, благодарение на заедничкиот ангажман на учениците, нивните родители и локалното население, беше собран и соодветно третиран органски отпад. Главната цел на оваа иницијатива е поттикнување на граѓанскиот активизам и подигнување на еколошката свест за правилно селектирање на отпадот уште во самите домаќинства.
    Како придобивки од процесот на компостирање се следните

    Наместо био-отпадот да заврши на депониите и дополнително да ја загадува животната средина, преку овој процес тој се трансформира во корисен ресурс,
    Намалување на отпадот: Се спречува таложење на органски материи на депониите.
    Природнo ѓубриво: Училишните компостари го претвораат отпадот во висококвалитетен компост.
    Уредување на средината: Добиениот природен компост ќе се искористи за збогатување и уредување на дворното зеленило во училиштето.

     
    Изразуваме голема благодарност до сите граѓани и ученици кои земаа активно учество во оваа акција и покажаа висока одговорност кон природата. Локалната заедница продолжува со реализација на нови еколошки активности за почиста и поздрава околина.
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Ве покануваме на тркалезна маса

    Ако сакате да присуствувате, регистрирајте се преку info@financethink.mk
    The post Ве покануваме на тркалезна маса first appeared on Finance Think.
    The post Ве покануваме на тркалезна маса appeared first on Finance Think.

  • Црногорскиот регистар за државна помош е добра практика од регионот

    Проверете го овде: https://registri.azzk.me/
    The post Црногорскиот регистар за државна помош е добра практика од регионот first appeared on Finance Think.
    The post Црногорскиот регистар за државна помош е добра практика од регионот appeared first on Finance Think.

  • Учество на работилницата во рамки на проектот “Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“

    На 9.6.2026 год. (вторник) се одржа работилницата во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“, кој е поддржан од Expertise France, а се спроведува од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во партнерство со Здружението за одржлив развој Милеуконтакт Македонија (МКМ), Центарот за правни…

  • Седми донаторски кружок

    Донаторскиот кружок на Конект собра 601.217 денари за три граѓански организации Донаторски кружок на Конект ја обедини заедницата на индивидуални филантропи и филантропки кои донираат обмислено по седми пат. Низ шоу програма водена од Огнен

  • Успешно ги реализиравме овогодинешните врснички едукации во рамки на кампањата #ГиЗнамСвоитеРаботничкиПраваЈаЗнамСвојатаМоќ

     #ГиЗнамСвоитеРаботничкиПраваЈаЗнамСвојатаМоќ Во текот на изминатиот период имавме можност да работиме со над 130 ученици од: 📍 СОУ „Јане Сандански“ –

  • Препораки за намалување на корупцијата во јавните набавки во здравствениот сектор

    Јавното здравство во земјава се соочува постојан и растечки јаз меѓу потрошените средства и испорачаните резултати. Во текот на изминатите десет години, трошоците во здравството преку јавните набавки значително пораснаа, но обемот на услугите, ефикасноста и отчетноста стагнираат или се намалуваат. Трите анализи што Центарот за граѓански комуникации ги изработи во текот на 2025 и 2026 година даваат детален и сеопфатен преглед за овие предизвици и откриваат низа слабости, ризици од корупција и евентуални злоупотреби…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор