Успешно ги реализиравме овогодинешните врснички едукации во рамки на кампањата #ГиЗнамСвоитеРаботничкиПраваЈаЗнамСвојатаМоќ
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48352](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/2-768x1024-1.jpg)
Во текот на изминатиот период имавме можност да работиме со над 130 ученици од:
📍 СОУ „Јане Сандански“ – Штип
📍 СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип
📍 ДСУ РЦСОО „Коле Нехтенин“ – Штип
📍 ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип
📍 СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани
📍 СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
Врсничките едукатори и едукаторки заедно со младите разговараа за работничките права, Законот за работни односи, мобингот, дискриминацијата и меѓуврсничкото насилство.
Преку овие едукации им овозможивме на учениците подобро да ги разберат своите права и обврски како идни работници, како и механизмите за заштита од дискриминација, мобинг и други форми на неправедно постапување.
Голема благодарност до сите ученици, наставници, стручни соработници и училишта кои беа дел од оваа иницијатива и придонесоа за нејзината успешна реализација. 💙
Заедно градиме генерации кои ги познаваат своите права и ја препознаваат својата моќ. ✨
#ГиЗнамСвоитеРаботничкиПраваЈаЗнамСвојатаМоќ #Млади #РаботничкиПрава #Штип #Кочани

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

На 16 ноември 2026 година, во понеделник, во салата на Општина Кавадарци се одржа настан посветен на јавното застапување за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите на јавните комунални услуги. На настанот присуствуваа претставници на општината и граѓани, кои преку дискусија и размена на мислења разговараа за различните потреби на жените и мажите…
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53115](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/civica-mobilitas-26-cover.jpg)
ДПД Свети Николе е на насловната и на страница 13 во број 26 на магазинот „Граѓаните за промена“ на Цивика мобилитас – приказна за доброволците, интервенциите и солидарноста.
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53117](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/TAM-110-3-768x576.jpg)
Помогнете да набавиме второ теренско ПП возило ТАМ 110 со погон 4×4. Потребни се 7.100 евра за возилото од ПГД Повир, Словенија. Секоја донација значи поголема подготвеност за заедницата.
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53113](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/sredba-16x9-1920x1080-1-1120x630-1-768x432.png)
Среда, 25 ноември 2026, 11:00–13:00 часотГраѓански ресурсен центар, Скопје На 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, започнуваат 16-те дена активизам против родово базирано насилство. И оваа година има жени кои го загубија животот и жени кои секојдневно се соочуваат со последиците. Затоа, 25 ноември не е…
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53111](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/5n3a9941-scaled-1-768x512.webp)
Како да се одбере тема за истражување и да се процени ризикот при нејзината реализација? Од каде да се обезбедат извори и документи? Како резултатите од истражувањето да се презентираат на јасен, професионален и етички одговорен начин? Ова се само дел од темите кои беа опфатени на петдневната обука за истражувачко новинарство, што се одржа […]

На 18ти ноември 2026 година, во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа неформална консултативна средба организирана од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), како дел од серијата консултации со локални чинители и партнери низ Југоисточна Европа. Целта на настанот беше размена на мислења, дискусија за новите потреби и приоритети, како и […]
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.