Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Безбедна Европа: Дали решаваме проблем – или само го туркаме под тепих?

    Европската Комисија ја претстави новата EU Drug Strategy, документ кој не е правно обврзувачки, но силно влијае врз националните политики. Наместо балансиран пристап, Стратегијата повторно внесува алармистички „drug threat“ наратив и силно ја нагласува безбедноста и сузбивањето на наркокриминалот, со 35 споменувања на „закана“. Ова создава јасен ризик: поместување на фокусот од здравјето, човековите права […]
    The post Безбедна Европа: Дали решаваме проблем – или само го туркаме под тепих? appeared first on ХОПС.

  • Вардарската регата “Гемиџии“ очекува прием во Балканската Рафтинг Федерација

    Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес ги започна разговорите за влез и приклучување на Вардарската регата “Гемиџии“ во Балканската Рафтинг Федерација. Во месец јануари 2026 година на последниот договрен состанок се очекува XXVI Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 година влезе во календарот на Балкански регата. Со ова докажавме како организација и…

  • Велешките извидници учесници на манифестацијата Боренка на Светскиот ден на волонтери

    На 5 Декември 2025 год. (петок) на Светски ден на волонтерите беше најмоќниот завршеток на оваа Боренка сезона. На оваа последната акција за оваа година во Гоцева Шума, учествуваа 230 волонтери од сите региони на Македонија заедно садеа, создаваа и инспирираа. Членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес учествуваа…

  • Во Радовиш и Струмица се одржаа нови средби со граѓаните во рамки на Локал Актив

    На 3 декември 2025 година, во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – Локал Актив“, поддржан од НЕД и спроведуван од Институтот РЕСИС во партнерство со локалните граѓански организации, се одржаа две консултативни средби со граѓаните во Радовиш и Струмица.

  • Потребно е зајакнување на уредувачките капацитети на онлајн медиумите

    Главните трендови во известувањето на онлајн медиумите, за време на локалните избори што се одржаа во октомври/ноември 2025 година во Северна Македонија, произлезени од мониторингот што го спроведе Советот за етика во медиумите, укаж… Повеќе… “Потребно е зајакнување на уредувачките капацитети на онлајн медиумите”
    Source

  • Работилница во ООУ“ Војдан Чернодрински”

    Продолжуваме со настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата односно „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” кои ги рализираме. На 5.12.2025 го посетивме ООУ “ Војдан Чернодрински” од општина Карпош кадешто триесетина ученици од основното училиште имаа можност да се запознаат со опремата од Биотехнолошката Лабораторија и заедно да изведуваме експеримети за пренамена на органскиот отпад.
    Знаете ли зошто се користи биодизелот и каде ги прашавме нашите ученици, по што самите направија био дизел. Продолживме со експериментирањето и дискусијата за циркуларна економија и за намалување на отпадот.

    Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од РЕЦ Македонија Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.

    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • Што можеме да научиме од другите?

    Кога зборуваме за превенција на употреба на дроги кај младите, Европа нуди јасни лекции: успехот не е случајност, туку резултат на систем. Искуствата од регионот и пошироко покажуваат дека најдобрите резултати се постигнуваат кога институциите, училиштата и заедницата дејствуваат координирано. Хрватска: Кога здравството ја води превенцијата Хрватска е пример за земја каде превенцијата не е препуштена […]
    The post Што можеме да научиме од другите? appeared first on ХОПС.

  • Мониторинг на онлајн медиумите за време на Локалните избори 2025

    Резултатите од мониторингот што го спроведе Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со цел да се утврди степенот на почитување на професионалните и етичките стандарди при известувањето на онлајн медиумите за време на Локалн… Повеќе… “Мониторинг на онлајн медиумите за време на Локалните избори 2025”
    Source

  • И ПОСЛЕ Сѐ, ПРОБЛЕМИ СО РОДОТ – Критички истражувања за родот, полот и сексуалноста

    Го објавуваме и дигитално изданието И ПОСЛЕ Сѐ, ПРОБЛЕМИ СО РОДОТ – Критички истражувања за родот, полот и сексуалноста, зборник што произлезе од потребата да се создаде простор за колективно критичко мислење во услови на растечка антиродова реторика и засилен неоконзервативен притисок. Наместо да се…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор