[Aggregator] Downloaded image for imported item #49710

Панел дискусија за промоција на Локален извештај за состојбата со родово-базираното и сексуалното насилство во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени (2022–2025)

На ден 28.07.2026 се одржа промоција на Локален извештај за состојбата со родово-базираното и сексуалното насилство во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени кој го опфаќа периодот 2022-2025. Настанот започна со презентација на клучните наоди и препораки од локалниот извештај, при што беа презентирани податоците за состојбата со родово-базираното и семејното насилство во трите општини, идентификуваните предизвици во институционалниот одговор, како и препораките за унапредување на системот за превенција и заштита.

Во рамки на настанот беше одржена и презентација за значењето на психосоцијалната помош и поддршка, со акцент на достапните услуги и нивната улога во процесот на закрепнување и јакнење на жртвите.

Особено значаен дел од настанот беше панел-дискусијата, на која претставници на Здружение СТАНИЦА ПЕТ, ЦСР – Прилеп, МВР и Адвокати дискутираа за состојбата со локалните сервиси за поддршка на жртвите, искуствата од мултисекторската соработка и координацијата меѓу институциите и граѓанскиот сектор, како и за предизвиците и идните чекори во унапредувањето на локалните политики, услуги и механизми за заштита.

Преку отворена дискусија, размена на искуства и заеднички препораки беше потврдена важноста од континуирана меѓусекторска соработка, навремена реакција и заедничко дејствување во обезбедувањето сеопфатна поддршка и заштита на жртвите на родово-базирано и семејно насилство.

Линк и QR код до целосниот извештај


🤝 Заедно продолжуваме да градиме локални заедници во кои секоја жртва ќе има пристап до навремена заштита и квалитетни услуги. 


Активноста се спроведе во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, кој го спроведувa Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп, во рамки на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство“, финансирана од Европската Унија, а предводена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор