ПОВЕЌЕ ПАРИ САМО ЗА НАЈДОБРИТЕ: ВЛАДАТА ВОВЕДУВА СУРОВА ТРКА МЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТИТЕ
Иницијативата на Министерството за образование и наука за донесување на три нови закони во областа на високото…
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

Иницијативата на Министерството за образование и наука за донесување на три нови закони во областа на високото…

Грантовата шема Digital Spark избра 100 граѓански организации, грасрут иницијативи, неформални групи и активисти од Источна Европа и Централна Азија кои ќе добијат финансиска и нефинансиска поддршка насочена кон зајакнување на дигиталната демократија, граѓанското учество и демократската отпорност. Избраните грантисти доаѓаат од 13 земји од Западен Балкан, регионот на Црното Море, Кавказот и Централна Азија. […]
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48308](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/слика-3-2-768x335.jpg)
Со големо задоволство на 4.06.2026 година, заедно со вредните ученици и совесни граѓани, успешно реализиравме уште една акција за селекција, подготовка и собирање на органски отпад во ООУ „Димо Хаџи Димов“. Продолжуваме со активноста фокусиран на поттикнување на граѓанскиот активизам и заштитата на околината преку паметно управување со отпадот.
Главната цел на проектот е активно вклучување на локалната заедница — учениците, нивните родители, роднини и соседи. Заедно, како клучна целна група, ќе ги истражиме и примениме придобивките од правилното постапување со органскиот отпад.
Од отпад до нов живот преку одлагање на собраниот био отпад во училишните компостари каде што ќе се трансформира во висококвалитетен, природен хумус кој ќе се користи за уредување на училишниот двор.
Невнимателното фрлање на органскиот отпад има сериозни последици. Важноста на оваа активност за селекција и одлагање на био отпадот во компостара директно придонесува кон:
Заштита на медиумите на животната средина: Спречување на штетните влијанија врз почвата, водите и воздухот.
Грижа за здравјето: Намалување на ризиците по човековото здравје преку почитување на пропишаните правила за управување со отпад.
Растеретување на депониите: Спречување на органскиот отпад без потреба да завршува на депонија.
Од отпад до нов производ: Моќта на циркуларната економија проектот нуди оптимизирани концептуални решенија кои започнуваат од нашите домови. Преку правилно селектирање (сортирање) и собирање на отпадот од домаќинствата, овозможуваме тој да не биде само ѓубре, туку вредна суровина. На овој начин, отпадот се вклучува во секундарен циклус со што се постигнува вистинска циркуларна економија — добивање на нов производ во нов процес.
Ги повикуваме сите граѓани да покажат интерес, да се информираат и активно да се вклучат во активностите. Секој поединечен труд е чекор поблиску до позелена и поодржлива иднина за сите нас!
Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија. Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48310](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/слика-3-1.jpg)
На 5.06.2026 година, во ООУ „Владо Тасевски“ докажавме дека големите промени започнуваат од малите, секојдневни навики. Во изминатиот период со заеднички сили на вредните ученици и свесните сограѓани, успешно собравме и подготвивме органски отпад за компостирање.
Преку овој проект активно го поттикнуваме граѓанскиот активизам за одржливо управување со отпадот. Локалната заедница — учениците, нивните родители, роднини и соседи — се нашата клучна целна група со заедничка мисија: правилно селектирање на отпадот уште од нашите домови!
Важноста на оваа иницијатива е да се научат граѓаните и учениците дека правилното сортирање и собирање на органскиот отпад од домаќинствата носи клучни придобивки за сите нас:
Заштита на животната средина и здравјето: Ги спречуваме штетните влијанија врз почвата, водите, воздухот, како и директните ризици по човековото здравје.
Растеретување на депониите: Значително ги намалуваме огромните количини отпад кои инаку без потреба би завршиле на депонија.
Поттикнување циркуларна економија: Овозможуваме оптимизирани концептуални решенија каде отпадот се вклучува во секундарен циклус како вредна суровина за добивање нов производ.
Секој чекор започнува од поединецот, но промената ја правиме заедно. Биди и ти дел од решението за позелена и поодржлива иднина!
Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48312](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/слика-2.jpg)
На 5.06.2026 година во ООУ „Лазо Трповски“ докажавме дека големите промени започнуваат од малите, секојдневни навики. Со заеднички сили на вредните ученици и свесни сограѓани, училиштето успешно собра и подготви органски отпад за компостирање! Со големо задоволство продолжуваме понатаму со активноста фокусиран на поттикнување на граѓанскиот активизам и заштитата на околината преку паметно управување со отпадот.Главната цел на проектот е активно вклучување на локалната заедница — учениците, нивните родители, роднини и соседи. Заедно, како клучна целна група, ќе ги истражиме и примениме придобивките од правилното постапување со органскиот отпад. Благодарност до секој граѓанин кој се приклучи и покажа висок степен на еколошка свест.
На овој начин природата ни враќа со позелен, поздрав и поубав училишен двор за нашите деца! Ново поставените саксии во еко дворот ќе бидат исполнети со компост од компостарата на училиштето
Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48229](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/kacamak_guse_vule-1024x578-1-768x434.jpg)
На 6.6.2026 год. (сабота), на програма на ТВ Сител во Скопје “Качамак“ претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо како преставници на организацијата на Вардарската регата, земаа учество во споменатата емисијата. За потребите на оваа емисија на ТВ Сител , спометатите…
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48697](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/717115182_5026389600842364_354070608206662685_n-1024x768-1-768x576.jpg)
Насмевки, пријателства и незаборавни моменти во Добре Воде, Црна Гора И ова лето продолжува една прекрасна традиција која веќе 14 години носи радост, дружење и нови животни искуства за лицата со попреченост од Македонија. Во моментов, 18 лица со попреченост, заедно со своите родители, старатели, негуватели и придружници, престојуваат на…
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48231](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/712306485_1524434689428855_23387101925297955_n-1024x462-1-768x347.jpg)
На 5.6.2026 год. (петок) во Поликастро, Република Грција се одржа последната работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба учество зема и заменик-градоначалникот за туризам Кирос Калавазис, кои во целост дава поддршка во организирањето…
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48699](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/717930351_5025904084224249_7088698548816536779_n-1024x683-1-768x512.jpg)
Насмевки, дружење, спорт и одлична енергија! Членовите на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес, заедно со вработените, личните асистенти и корисниците на социјалните услуги, денес уживаа во Спортски Игри Велес Во пријатна и позитивна атмосфера реализиравме рекреативни вежби со професорот Петре Петрушевски, поттикнувајќи активен и здрав…
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #49661](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/COP-31.png)
Граѓански организации упатија заедничко писмо до министрите за животна средина и енергетика од Западен Балкан во пресрет на климатските преговори SB64 на UNFCCC, кои ќе се одржат во Бон од 8 до 18 јуни 2026 година. Писмото нагласува дека SB64 претставува клучен момент за тестирање на кредибилитетот на климатските политики,
Нема повеќе содржини
Нема повеќе содржини
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.