До 30 јуни може да се искористи преостанатиот годишен одмор од 2025 година
Барањето за користење годишен одмор можете да го преземете на копчето подолу. Преземи барање Работниците кои имаат неискористени денови од
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48462](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/web-design-1024x536-1-768x402.jpg)
Барањето за користење годишен одмор можете да го преземете на копчето подолу. Преземи барање Работниците кои имаат неискористени денови од

Како дел од Регионалниот механизам за поддршка за Источна Европа и Централна Азија (EECA), спроведен од Фондација Метаморфозис и ТехСуп, во партнерство со ЦИВИКУС и во рамки на Иницијативата за дигитална демократија (ДДИ) која го опфаќа Глобалниот Југ, претставниците од поддржаните организации континуирано ги зајакнуваат своите капацитети, ги прошируваат регионалните мрежи и поттикнуваат иновативни пристапи […]
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48464](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/studii-na-sluchaj-2-400.png)
Доверливи договори, незаконски авансни плаќања и спорна реализација

Граѓанските организации низ Југоисточна Европа, Јужен Кавказ, Централна Азија и Турција ги идентификуваа онлајн безбедноста и интегритетот на информациите како итни и меѓусебно поврзани приоритети за застапување. Зголемената распространетост на онлајн насилство, говор на омраза и дезинформации продолжува негативно да влијае врз жените, новинарите, активистите и јавните личности низ регионот. Во Северна Македонија, онлајн насилството […]

Граѓански организации од Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Молдавија, Украина, Ерменија, Грузија, Казахстан, Киргистан и Турција заеднички ги идентификуваа клучните приоритети за застапување насочени кон зајакнување на демократското учество, дигиталните права, транспарентноста и граѓанскиот ангажман во поширокиот регион. Дискусиите ги истакнаа заедничките предизвици поврзани со пристапот до информации, дигиталната трансформација, институционалната отчетност, граѓанското […]

И покрај зголемените инвестиции во дигиталната трансформација, граѓанските организации низ регионот и понатаму укажуваат на јазот помеѓу достапноста на дигиталните јавни услуги и нивната реална употреба од страна на граѓаните. Во Северна Македонија, ограничената информираност и ниската употреба на националната платформа за е-услуги (www.uslugi.gov.mk) беа идентификувани како клучен предизвик. Слични загрижености беа споделени и во […]
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51926](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/1-scaled-1-768x576.jpg)
„Преку својот регионален експерт за Вардарскиот регион Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) ќе созде нови можности за поддршка на граѓанските организации во Кавадарци“ беше општиот заклучок од посетата спроведена во рамки на Мобилниот ресурсен центар во Кавадарци, на 10 јуни 2026 година. За време на посетата на Мобилниот ресурсен центар одржан во…

Во периодот 05-09 јуни 2026 година имавме чест да бидеме домаќини на млади активисти од повеќе европски земји во рамки на YFoEE (Young Friends of the Earth Europe) Gathering. За време на размената имавме можност да се запознаеме со повеќе луѓе од различни националности: Германија, Малта, Ирска, Северна Ирска, Унгарија, Холандија, Хрватска, Грузија, Шкотска, Австрија. Преку работилници, дискусии, обуки и активности во природа, учесниците разменуваат искуства и идеи за климатска правда, младинско учество и одржлив развој. Како организација домаќин, горди сме што придонесуваме кон создавање простор каде младите можат да учат едни од други, да градат нови пријателства и заеднички да работат на подобра и поодржлива иднина. Посебно ни е драго што на учесниците ќе им ја претставиме и нашата работа во областа на намалување на отпадот од храна и развојот на банките за храна во Македонија. Заедно покажуваме дека младите се двигатели на позитивни промени во општеството. Фотографии: https://www.facebook.com/share/p/1C6x4gjS4T https://www.facebook.com/share/p/1EahMJbN3B

Денес, 11 јуни 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2). Анализирани се конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените знаменца кои ги применува Бирото за јавни набавки, преку истражувања кои почиваат на јавно достапните информации, како и преку консултации со граѓаните. Издвојуваме дел…

Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, во ООУ „Аврам Писевски“ се спроведе успешна акција за селективно собирање и подготовка на био-отпад за компостирање. Заеднички придонес за одржлива иднина. На 9 јуни 2026 година, благодарение на заедничкиот ангажман на учениците, нивните родители и локалното население, беше собран и соодветно третиран органски отпад. Главната цел на оваа иницијатива е поттикнување на граѓанскиот активизам и подигнување на еколошката свест за правилно селектирање на отпадот уште во самите домаќинства.
Како придобивки од процесот на компостирање се следните
Наместо био-отпадот да заврши на депониите и дополнително да ја загадува животната средина, преку овој процес тој се трансформира во корисен ресурс,
Намалување на отпадот: Се спречува таложење на органски материи на депониите.
Природнo ѓубриво: Училишните компостари го претвораат отпадот во висококвалитетен компост.
Уредување на средината: Добиениот природен компост ќе се искористи за збогатување и уредување на дворното зеленило во училиштето.
Изразуваме голема благодарност до сите граѓани и ученици кои земаа активно учество во оваа акција и покажаа висока одговорност кон природата. Локалната заедница продолжува со реализација на нови еколошки активности за почиста и поздрава околина.
Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,
Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)
Нема повеќе содржини
Нема повеќе содржини
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.