НЕ за фрлањето храна
Храна за сите – Банка за храна Македонија ги поканува сите заинтересирани на презентација на резултатите постигнати во проектот “Храната за гладните, а не на депонија“ што ќе се одржи на 28 октомври 2016, во 11:00 часот во хотелот Континентал во Скопје.




Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија, заедно со главниот покровител Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку проектот Цивика Мобилитас и поддржувачите Осигурување Македонија и Еконелектрон, в петок (30.09.2016) во 10 часот на Матка ќе организираат промотивна акција за чистење како најава за националната акција за чистење која ќе се одржи во сабота (01.10.2016) на 150 локации во 50 општини низ Македонија.



