Како да се подигнат капацитетите на месните и урбаните заедници?
Објавено: 07/10/2016
Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје во соработка со Европски центар СН7 од Теарце, на 12 октомври 2016 (среда), со почеток во 12:00 часот во хотелот „Континентал“ во Скопје ќе ги презентираат резултатите од проектот „Зајакнување на капацитетите на месните и урбаните заедници“.
Од проектот произлезе и прирачникот „Како да се подобри работата на месната самоуправа во Македонија“ каде се сумирани резултатите од истражувањето и се дадени препораки како да се подигнат капацитетите на месните и урбаните заедници.
Здружението Форум и Европскиот центар СН7 од Теарце го спроведоа проектот со поддршка на Цивика мобилитас.