Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Повик за учество во Работна група за воведување на Систем за квалитет во управување (СКУ) во граѓански организации

    Почитувани,

    Центарот за истражување и креирање политики, во рамки на проектот „Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации“, финансиран преку програмата Цивка мобилитас објавува повик за номинирање на претставник од граѓанските организации за учество во Работната група за воведување на Систем за квалитет во управувањето (во понатамошниот текст Работната група) која ќе биде сочинета од претставници на граѓанските организации од мрежата на Цивика мобилитас (грантисти)

  • Семејно насилство врз жените со хендикеп

    Polio Plus rabotilnicaПолио Плус – движење против хендикеп на 8 и 9 јуни во хотелот Бест Вестерн во Скопје ја оддржа работилница на тема: „Специфичности на семејното насилство врз жените со хендикеп“. На работилницата учествуваа давателите на услуги на жени жртви на семејно насилство, како и претставници на релевантните државни институции.

  • 12 јуни – Светски ден за борба против злоупотреба на детскиот труд

    megjashiНасекаде во светот, милиони деца се секојдневно изложени на најтешките форми на злоупотреба на детскиот труд. Во оваа категорија спаѓаат сите форми на ропство, набавка или понуда на деца за проституција за производство со фотографија, продажба или трговија со деца и трговија со дрога. Воедно, овие деца се под постојана изложеност на ризична работа и се лишени од правото на соодветна грижа за нивното здравје, како и правото на соодветно образование. Едноставно кажано, тие се лишени од нивните основни слободи и права.

  • Средно Водно исчистено од отпадоци

    LEAD 1Светскиот ден на животната средина, 5 јуни, го одбележаа група млади од различна етничка припадност со спроведување на акцијата за чистење на отпадот на Средно Водно. Ним им се придружија и дел од граѓаните кои веќе беа на падините на Водно.

  • Барање на понуди: Изработка на веб апликација со база на податоци

    companyLogoЗдружението за рамноправен развој РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ (DeSo), го спроведува проектот „е-Платформа за соработка и развој на граѓанското општество (ГО) во Република Македонија“. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

  • МАКЕДОНИЈА ЧИСТА ЗА 1 ДЕН – ВКЛУЧИ СЕ ВО НАЈГОЛЕМАТА ЕКО АКЦИЈА!

    Logo AJDE Makedonija 2Сакаш почиста и позелена Македонија?
    Ако сакаш да бидеш дел од тимот што ќе придонесе за тоа, тогаш ПРИДРУЖИ СЕ, заедно да ја исчистиме Македонија!
    Биди и ти волонтер во најголемата еколошка акција во нашата земја!

    КАКО?

  • Презентација на Водич во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници

    Logo mreza protiv nasilstvoНационалната мрежа против насилство врз жени и семeјно насилство со задоволство ги поканува сите заинтересирани на презентација на Водичот во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници, која ќе се одржи на 30.05.2016 година, понеделник од 10:00 часот во Хотел Порта, Скопје.

  • Панел дискусија: Идејата за еднаквост, мит или реалност?!

    ADI Gostivar panel diskusija 19.5.2016 1На 19.05.2016 година (четврток) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа панел дискусија, завршна активност од проектот „Анализа на политиките и дистрибуција на локални ресурси меѓу етничките заедници во Полошкиот и Пелагонискиот регион“

  • Препознавање на дискриминацијата врз основа на хендикеп

    Polio Plus 1Полио Плус, поддржан од програмата Цивика мобилитас и Балканската независна мрежа на организации на лица со хендикеп (БИДФ), во соработка со Македонското здружение на млади правници, во рамки на проект поддржан од Фондација отворено општество Будимпешта, на 12-ти мај 2016 година организираа работилница „Препознавање на дискриминација врз основа на хендикеп“.

  • Изработени 184 мали проекти

    Crven Krst na Grad Skopje 1Во месец мај се сумираат резултатите во рамките на програмата ЦКА-ПХВ. Минатиот викенд, од 06-08 мај во Струга се реализираше подготвителна работилница на која учествуваа 20 инструктори од целата земја и имаа за цел прегледување, оценување, евалуирање на малите проекти кои беа изработувани во период март-април.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор