Polio Plus 1

Препознавање на дискриминацијата врз основа на хендикеп

Polio Plus 1Полио Плус, поддржан од програмата Цивика мобилитас и Балканската независна мрежа на организации на лица со хендикеп (БИДФ), во соработка со Македонското здружение на млади правници, во рамки на проект поддржан од Фондација отворено општество Будимпешта, на 12-ти мај 2016 година организираа работилница „Препознавање на дискриминација врз основа на хендикеп“.

Polio Plus 1

 

Работилницата беше организирана по повод европската недела за независно живеење на лицата со хендикеп, а е дел од редовните и континуирани програмски активности на Полио Плус насочени кон подигнувањето на свеста, знаењата и вештините на лицата со хендикеп.

Polio Plus 2

 

Препознавањето на дискриминацијата врз основа на хендикеп од самите лица со хендикеп е многу важен чекор кон понатамошното остварување на правата на овие лица. На оваа работилница обучувачите им го претставија концептот на недискриминација кон лицата со хендикеп, на лицата со хендикеп. Лицата со хендикеп – учесници на оваа работилница стекнаа практични знаења околу препознавањето на најчестите форми на дискриминација во македонското општество: непристапни и недостапни градби, околина и јавни површини за непречено движење на лицата со хендикеп, сегрегирано образование во „специјални“ училишта за овие лица, сегрегирано вработување во „заштитни“ фирми, како и системска и законска дискриминација во повеќе сфери на живеењето.

Продолжи со читање

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

  • #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas

    #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија во изданијата на Civica Mobilitas и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС пред крајот на 2025.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas first appeared on Finance Think.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas appeared first on Finance Think.

  • Нова Студија за политиките 57!

    Нова Студија за политиките Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија. Клучни наоди: • Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку […]
    The post Нова Студија за политиките 57! first appeared on Finance Think.
    The post Нова Студија за политиките 57! appeared first on Finance Think.

  • Граѓанскиот ресурсен центар во 2025

    Зад нас е година исполнета со соработка, ангажман и заедничко дејствување, во која граѓанските организации беа во фокусот на активностите на Граѓанскиот ресурсен центар, редовно споделувајќи информации, јакнејќи ги нивните капацитети и поддржувајќи процеси релевантни за развојот на граѓанското општество. Во изминатата година, Граѓанскиот ресурсен центар постигна значајни резултати преку бројни активности спроведени за и со граѓанските организации.

  • Граѓанските организации во 2025 продолжија да го менуваат општеството

    Време е за уште едно сумирање на направеното, кое веруваме ќе ни даде на сите причини зошто вреди да продолжиме уште погласно и поодлучно во новата 2026 година. Годината што ја завршуваме беше година на предизвици, но и на солидарност, поврзување и конкретни резултати. Нашата сила останува во заедништвото – кога граѓанските организации, граѓаните и институциите се отвораат за дијалог, се создава простор за промена.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор