Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Прес конференција на СЕММ

    SEMM 06092016 1Советот за етика во медиумите на Македонија и за време на изборите ќе работи на олеснување и поттикнување на процесот на саморегулација и доследна примена на стандардите на професијата, беше истакнато на денешната прес-конференција на Советот.

  • Успешна акција за чистење на Водно

    LEAD1Движењето ЛЕАД по третпат спроведе акција на чистење на падините на Водно. Групата млади од различна етничка припадност се собра на Средно Водно, од каде што ја започна акцијата за собирање отпадоци под мотото „В џеб, ако нема каде друго!“. Младите, облечени во маици со ова мото, имаа поддршка и од присутните граѓани кои веќе се наоѓаа на Водно.

  • Сите заедно по патот до правдата

    TI 1Транспаренси Интернешенал Македонија во соработка со здружението Зелена Лупа, започнаа со реализација на граѓанската акција „СИТЕ ЗАЕДНО ПО ПАТОТ ДО ПРАВДАТА“, која што е поддржана преку програмата за развој на граѓанското општество на „Цивика Мобилитас“.

  • Јавна реакција на Еко Герила

    EKO GERILA REAKCIJA 1По грозниот чин на палење на отпадот во дивата депонија на влезот во градот Тетово, што повторно се случи на 9 јули 2016 година, околу 15 часот Еко Герила упатува

  • Намалување на стресот во транзитните кампови

    10931101 1533130160270092 890383808573529929 nНевладината организација ТАКТ ве поканува на работилница на тема „Важноста на активностите за намалување на стрес во транзитните кампови во Македонија“ што ќе се одржи на 7 јули 2016 година во 12 часот во клубот ГЕМ (Менада) во Скопје. 

  • ОГЛАС ЗА ЛОКАЛНИ ИСТРАЖУВАЧИ ЗА КВАНТИТАТИВНО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ABW logoЗдружението на бизнис жени (ЗБЖ/ABW) со седиште во Скопје, во рамки на проектот „Состојбата на жените во претприемништвото во РМ “, финансиран преку програмата Цивика мобилитас, објавува оглас за локални истражувачи за состојбата со жените во претприемништвото во РМ во следните општини: Куманово, Битола, Тетово, Кичево, Велес, Струмица, Штип, Дебар, Крушево и град Скопје, (краткорочен ангажман). Изборот на лица ќе се спроведе одделно за секоја од наведените општини (по 1 за секоја општина, со исклучок на Скопје – до 5 лица).

  • Дебата со уметниците за уметноста

    glocal diskusii logo„Уметниците поттикнувачи на граѓанскиот активизам” е тема на јавната дискусија што во сабота, 02.07.2016 година, Здружението Диверзити Медиа ќе ја одржи во Охрид. На Јавната дискусија, која е отворена за учество на јавноста, панелисти се; Владимир Четкар, музичар, Агрон Биба, актер и Сашо Митаноски, новинар.

  • Прес конференција на Советот за етика во медиумите на Македонија

    SEMMСоветот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во изминатата година и половина има добиено над 120 жалби по различни основи, беше соопштено на денешната прес-конференција на СЕММ. „Бројката на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрувањето на медиумскиот систем во земјата, кој што во моментот е во криза од аспект на професионализмот и етиката“, информира Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби при СЕММ.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор