Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

Obuka Kreiranje politiki temeleni na dokazi

Oбука на тема „Креирање политики темелени на докази“

Obuka Kreiranje politiki temeleni na dokaziЦентарот за управување со промени – ЦУП и Зип Институтот, во рамките на заедничкиот проект насловен “Поголема партиципација – подобри политики и регулативи”, финансиран од програмата Цивика Мобилитас, ја одржа првата обука на тема „Креирање на политики темелени на докази (evidence-based policy making)“ врз основа на методологија на реномираната Националната владина школа (National School of Government) на Кралството на Велика Британија и Северна Ирска.

Praktikuvaj mir 1

Успешно спроведен семинарот „Практикувај мир“

Praktikuvaj mir 1Заврши петдневниот семинар „Практикувај мир“, што го организираа партнерските организации ЦИВИЛ – Центар за слобода и берлинската НВО „Kreisau-Initiative“, чии тренери за мир ја водеа обуката на учесниците. Тренингот претставуваше продолжение, втор модул на обуката, чиј прв дел траеше десет дена и се одржа во полскиот град Кшижова во септември минатата година.

CK podgotvitelna rabotilnica

ЦКА-ПХВ подготвени за обуки

Од 22 до 24 јануари во центарот Солферино во Струга се одржа првата подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ инструктори во овогодишниот циклус. 24-ца инструктори ги зајакнаа индивидуалните, но и тимските способности за полесна реализција на програмата. Поставени се термините за обуките во општинските организации и моделот е усогласен со целиот тим. До крајот на месец февруари ќе се спроведат 45 дисеминациски обуки од страна на овогодишните дисеминаторите.

Obuka na PHV disemenatori

Обука на ЦКА-ПХВ дисеминатори

Obuka na PHV disemenatoriНа 13 и 14 јануари беше реализирана обука за новите 45 дисеминатори во рамките на Националната програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности.

Работилница 1

ЦИВИЛ во потрага по граѓански новинари

Работилница 1Цивил – Центар за слобода, успешно ги заврши обуките за граѓански новинари во рамки на проектот „Граѓански објектив“. Во период од два месеца се одржаа четири регионални семинари во Скопје, Битола, Струмица и Велес, каде се одржа и завршниот, петти семинар на кои учесници и учеснички беа сите заинтерсирани граѓанки и граѓани кои немале можност да учествуваат на претходните семинари.

920696 1011677995541432 1102101164394888099 o

Организација на жените на општина Свети Николе 25 години активизам

920696 1011677995541432 1102101164394888099 oОрганизација на жените на општина Свети Николе на 25 Декември 2015 година одбележува 25 години работа во женското движење за подобрување на општата состојба на граѓаните, за подобрување на условите за соодветна здравствена заштита на жените, децата и младите, активно вклучување на децата и младите во општествените текови на живеење, како и почитување и заштита на човековите права.

Дебата “Мигрантите не се само бројка”

„Мигрантите не се само бројка” е темата на јавната дискусија која во организација на Здружението Диверзити Медиа ќе се одржи во петок, 25 декември, во 13 часот, во салата на Центарот за развој на НВО во Гевгелија (зграда на старото Забавиште). Дискусијата се одржува во рамки на проектот Глокал Дискусии.

Gauss obuka

Урбан дијалог… денови на креативно работење во Маврово

Gauss obukaПретставници на Гаус Институт, МНД-Битола, граѓанските организации „Новак 2014“-Новаци и Лидер Плус -Могила, од 14 до 16 декември во Маврово, врз принципот „работа во мирни услови“ (Work in Peace), што значи не под притисок на урбаниот метеж и нон-стоп ѕвонење на мобилните телефони, одржаа „Обука за обучувачи“.

Покана за хуманитарна забава

Драги пријатели на животните, Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ организира и ве кани на предновогодишна забава за помош на животните која ќе се одржи во клубот КОНЦЕПТ 37 (Рузвелтова 37) на 20.12 (недела) од 21:30 часот.

IPDV1

Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија

IPDV1Институтот за истражување на политики и добро владеење – ИПДВ во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана oд Македонски центар за меѓународна соработка МЦМС , НИРАС од ДАНСКА и Шведскиот Институт за Јавна администрација ( СИПУ) финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) ја реализираше првата обука во рамките на проектот “Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија”.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор