Obuka Kreiranje politiki temeleni na dokazi

Oбука на тема „Креирање политики темелени на докази“

Obuka Kreiranje politiki temeleni na dokaziЦентарот за управување со промени – ЦУП и Зип Институтот, во рамките на заедничкиот проект насловен “Поголема партиципација – подобри политики и регулативи”, финансиран од програмата Цивика Мобилитас, ја одржа првата обука на тема „Креирање на политики темелени на докази (evidence-based policy making)“ врз основа на методологија на реномираната Националната владина школа (National School of Government) на Кралството на Велика Британија и Северна Ирска. Обуката беше испорачана од сертифицирани обучувачи од ЦУП обучени во наведената школа.

Програмата се состои од повеќе последователни активности, кои имаат за цел да ги екипираат претставниците на ГО со знаења и вештини клучни за да делуваат како надзорни тела и регулаторен индикатор во процесот на подготовка на политики и законски предлози преку користење на механизмите, методите и алатките на ex ante и ex post евалуација.

Obuka Kreiranje politiki temeleni na dokazi

На самиот почеток, обуката беше насочена кон развивање на свеста за можноста за засилено влијание на граѓанските организации (ГО) во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување на одлуки. За време на обуката учесниците практично ги опфатија фазите од процесот на креирање на политики и тоа: креирање визија за промени и решенија, анализа на политиките темелена на докази, дефинирање сценарија за политики, критериуми во донесувањето одлуки, справување со ризиците и методи и техники за оценка на политиките. Еден ден од обуката беше посветен на анализа на надворешните фактори: политичките, економските, социјалните, правните и технолошките влијанија врз соодветната студија на случај. Согласно тоа, учесниците размислуваа за можните ризици и стратегии за нивно надминување, генерираа опции и сценарија, воспоставија критериуми за донесување на одлуки, ги сортираа и оценија водечките опции.

Како резултат на заедничката работа произлегоа теми за избор на политики кои ги прикажуваат актуелните состојби на економските и политичките случувања во земјата.

Обуката ја спроведоа Неда Малеска Сачмароска и Наталија Шикова.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор