Битолските новинари задоволни од работата на судот, но не и од затвореноста на обвинителството
Здружението на граѓани „Сведок“ – веб порталот Сведок и Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ, во Битола организираа работилница за новинари на тема „Јавноста во кривичната постапка“, како дел од проектот „Мониторирај и известувај, фаза 1 Истрага“, поддржан од Цивика мобилитас, што го спроведува „Сведок“.