Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • „Прегледај се“

    Во рамките на проектот “Прегледај се” поддржан од Општина Прилеп во месец Октомври – месецот посветен на борбата против ракот на дојка – спроведени беа бесплатни ехо прегледи на дел од жените од с. Канатларци и тоа од сите возрасти.

    Денот за подигање на свеста за ракот на дојка 15 Октомври го обележавме во розово за да се солидаризираме со сите жени кои се соочуваат со оваа болест. Оваа активност ја реализиравме со цел да придонесеме за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти.

    Преку бесплатниот ехо преглед на дојка ќе ја поттикнеме самосвесноста за потребата од редовни прегледи. Се надеваме дека со ваквиот чекор ќе ја подигнеме свеста за грижата за здравјето за превенција од рак на дојка. Знаејќи дека раната превенција е половина здравје како и досега така и во иднина ќе продолжиме да се грижиме и да превземаме чекори за заштита на здравјето.

  • ВТОРАТА СРЕДБА СО ГРАНТИСТИТЕ И АМБАСАДОРКАТА НА ШВАЈЦАРИЈА

    На 7 октомври, Цивика мобилитас ја организираше втората средба со грантистите и Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман.Во улога на грантист, на состанокот со свој придонес учествуваше и Resource Environmental Center – REC North Macedonia. 🌱💡 На средбата беа презентирани поддржаните проекти од областа на животната средина и климатските промени, а…

  • Започна подготовката на Локална младинска стратегија 2025-2029 во Општина Чашка

    АКТИВО од Велес, во партнерство со НВО Инфоцентар преку проектот „Здружени за активно граѓанство“поддржан од Европската Унија во соработка со Оштина Чашка организираше работна средба за изработка на новата Младинска стратегија 2025-2029 година во општина Чашка. Во отворен и партиципативен процес младите од Општина Чашка имаа можност да ги идентификуваат стратешките приоритети, цели и активности […]
    The post Започна подготовката на Локална младинска стратегија 2025-2029 во Општина Чашка appeared first on АКТИВО.

  • Стани дел од движењето! | Отворен повик за Школа за ЛГБТИК+ лидерство

    Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, во партнерство со LGBTQ+ Victory Institute и Коалиција Маргини, ја повикува следната генерација на ЛГБТИК+ лидери. Ако си подготвен/а да направиш вистинска промена, да застанеш во одбрана на заедницата и да ја изградиш иднината на движењето – ова…

  • Пренесување на искуства

    Дел од тимот на Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен беше во посета на колегите од комуналното претпријатие во Општина Девол во Република Албанија. Оваа средба беше во рамките на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА” кој е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка […]

  • Сензори за квалитет на пречистена вода и мобилна апликација

    Во рамките на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА”, финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп , Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина […]

  • Истражување и анализа на постапката за продажба на државно градежно земјиште

    Целта на истражувањето е да се анализира постапката за продажба на градежно земјиште. Истражувањето на состојбата со продажбата на градежното земјиште, го спроведе Центарот за граѓански комуникации, заедно со невладините организации вклучени во спроведување на проектот „Заштита од корупција“ (Младински културен центар – Битола, Рурална коалиција, Центар за интеркултурен дијалог,…

  • Учество на обука за застапување против семејното насилство

    Правилното информирање на јавноста за природата на семејното насилство и фактичката состојба на жените што претрепеле семејно насилство, како и законските механизми за заштита придонесува за зголемување на општетвената поддршка и охрабување на жените да го пријават насилството и побараат помош и поддршка. Во периодот 2-3 октомври се одржа Обука за етичко, професионално и законско…

  • Студиска посета на Прилеп од претставници на граѓански организации од Плевља, Црна Гора

    Во периодот 23-25 септември СТАНИЦА ПЕТ беше домаќин на претставници од граѓански организации од Плевља, Црна Гора во рамки на проектот “Промовирање инклузија и толеранција преку меѓурелигиска соработка во Западен Балкан” спроведуван од Националниот Демократски Институт (НДИ). Студиската посета имаше за цел размена на знаења и искуства за промовирање на верски слободи, меѓуверски и меѓуетнички…

  • ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА Проект: Програма за социјални станови за Роми во Кичево

    Во рамките на Проектот: Програма за социјални станови за Роми во Кичево, реализиран од Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп во партнерство со Општина Кичево, на ден 30.09.2024 година во просториите на Совет на Општина Кичево се одржа завршна конференција.  На конференцијата учестуваа претставници од граѓански организации, бизнис сектор, јавни институции и претставници на Совет […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор