Mcms web 1.png

Повик за избор на обучувач за мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот “ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2”, финансиран од Европската Унија отвори повик за избор на обучувач за мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво.

Обучувачот ќе ги има следниве задачи и одговорности:

  • Снимање на онлајн воведна обука за Мониторинг, евалуација и учење  на организациско ниво која треба да се состои од кратки едукативни видеа (секое до 10 минути) за 3 модули од оваа област, кои ќе бидат објавени на Академијата на ГРЦ.
  • Испорака на дводневна работилница на тема Мониторинг,  евалуација и учење на организациско ниво.
  • Изготвување на Прирачник/Насоки за мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво.

Краен рок за аплицирање е 27 јуни 2025 година. Апликациите треба да се достават на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.

Овој повик е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи

    КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања (2024-2028): наоди од првите две години Скопје, 17 јуни 2026 Finance Think, во партнерство во Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво- Здружение за интерсекторска соработка и Младинскиот образовен форум, ја претставува надградената мониторинг рамка КОМПАС за системско следење на реализацијата на владините ветувања за периодот 2024–2028. Оваа рамка […]
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи first appeared on Finance Think.
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи appeared first on Finance Think.

  • ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ВЛАСТИТЕ ВО ШТИП

    На 28.05.2026 година во просториите на Работничкиот универзитет во Штип се одржа настан за воспоставување дијалог помеѓу жените и власти, со цел да се создаде овозможувачка средина за развој на женското претприемништво и економското јакнење на жените. На настанот присуствуваше заменик-градоначалникот и советник во Општина Штип, Атанас Крстовски, кој ја истакна важноста од активно учество…

  • Експертска дискусија: Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча

    Околу 40% од територијата на Северна Македонија е покриена со шуми, кои претставуваат еден од најзначајните природни ресурси во државатa. Секоја година во државата се трошат околу 2.165.000 m³ огревно дрво, а проценките покажуваат дека повеќе од половина од ова количество потекнува од нелегална сеча. Нелегалната сеча, шумските пожари, деградацијата на шумите, ограничените ресурси и […]

  • Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината

    ХЕРА го одржа редовното Годишно собрание, на кое пред членството беа презентирани постигнувањата од 2025 година, беше усвоен Годишниот финансиски извештај и се дискутираше за […]

  • XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026” ќе плови до Солун

    На 12.6.2026 (петок) делегација на Вардарската регата Гемиџии беше примена од Градоначалникот на Велес г-дин Mарко Колев. Делегацијата во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо, Владимир Стојанов и Михаел Здравковски во целост го запознаа Градоначлмикот за програмските активности на Вардарската регата “Гемиџии“. Регатата запловува на 18 јуни со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор