Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Граѓанските организации развиваа стратегии за одржливо финансирање

    Што значи одржливост на граѓанските организации? Како се се размислува визионерски? Како да се оцени одржливоста? Кои се добрите практики во оваа област? Ова беа дел од прашањата за кои разговараа учесниците на работилницата „Добри практики за одржливост на граѓанските организации“ која ја водеше Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, а се одржа на 24 и 25 октомври 2024 година во Берово.
    За добрите практики на своите организации во оваа област зборуваа Јасмина Голубовска од „Легис“ и Ангела Здравковска од „Крик“. Тие ја истакнаа важноста на партнерствата, кредибилитетот и обезбедување приходи усогласени со мисијата. „Секоја можност да го надградиме нашето знаење и споделиме искуства е добредојдена за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации. Цивика мобилтас го овозможува токму тоа,“ рече Голубовска.
     

  • Слаби капацитети на инспекциските служби во општините

    „Целта на истражувањето е согледување на состојбите со инспекцискиот надзор во единиците на локална самоуправа. Истражувањето е поттикнато од ризиците од корупција поврзани со инспекцискиот надзор кои ја наметнуваат неопходноста од анализирање на постоечките практики, детектирање на проблемите и изготвување соодветни препораки со цел зголемување на транспарентноста и интегритетот на…

  • „Партнерства за донирање“, 2024

    Fashion with a Cause Гласен Текстилец беше таму! Со гордост објавуваме дека нашите модели се донираа на аукцијата, а собраните […]

  • Формирање на мрежата на Фондацијата Ана Линд во Македонија: Поттикнување на дијалог и соработка

    На 19 март 2024 година, со првиот состакон за формирање на Мрежата на Фондацијата Ана Линд, беше направен значаен чекор кон поттикнување на меѓукултурниот дијалог и соработка во Македонија. Настанот беше организиран од АЛДА во Скопје, и обедени претставници од 13 македонски граѓански организации кои работат на различни полиња. Состанокот…

  • Градење врски, создавање можности: Македонската мрежа на Ана Линд Фондација со настан за вмрежување

    На 17 септември 2024 година, во Јавна Соба, членовите на македонската мрежа на Ана Линд се сретнаа по повод настанот „Градење врски, создавање можности“ организиран од координаторите на мрежата, АЛДА за Балканот. 22 членки на мрежата беа дел од трите сесии посветени на вмрежување и интеракција, а модерирани од страна…

  • Покана за Форум за екотуризам преку регионални практики

    Почитувани, Здружение за екологија,туризам,органско производство и истражувачка дејност Еко Партнерс има чест да Ве покани на 5-ти „Форум за еко туризам преку регионални практики ,на 09.11.2024 во 10.00 часот во хотел Александар Палас. На Форумот со задоволство Ве информираме вклучени се експерти од Хрватска ,Србија ,Црна Гора и од нашата земја. Екотуризмот е…

  • Денес ја реализиравме обуката за медиумска писменост на младите фокусирана на справувањето со лажни вести, родово-сензитивни дезинформации, говор на омраза

    Објавено на: 23.11.2024 година. Денес ја реализиравме обуката за медиумска писменост на младите фокусирана на справувањето со лажни вести, родово-сензитивни дезинформации, говор на омраза Говоревме со студентите, младите локални новинари, професорите за потребата од правилно читање на информациите, проверката на изворите и фактите, справувањето со безброј информации и вести достапни на сите видови на медиуми … Денес ја реализиравме обуката за медиумска писменост на младите фокусирана на справувањето со лажни вести, родово-сензитивни дезинформации, говор на омраза Read More »

  • Дигиталната трансформација – можност за зголемување на капацитетот и влијанието на граѓанските организации

    „Дигиталната трансформација не е само тренд во глобалните промени, тоа е можност за зголемување на капацитетот и влијанието на граѓанските организации, кое е возможно само со заеднички напори на академската фела, бизнис заедницата и граѓанските организации” беше истакнато на онлајн дебатата за Дигитална трансформација на граѓанските организации, организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” на 21 октомври 2024 година на платформата ЗООМ.

  • Спуштање на температурата!Сè што отсекогаш сте сакале да знаете за парламентот (Но, сте се плашеле да прашате)

    На 28 и 29 септември 2024 година на Попова Кула, дванаесет пратеници во нивниот прв мандат учестуваа на интензивен дводневен настан на кои се рагзговараше тајните на парламентарната дебата, уметноста на компромисот и конкретно придобивките од компромисот, како да се справат со своите високи врсници од другите парламентарни групи, а особено од сопствената политичка трева […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор