Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Потпишани грантовите договори со три организации за зајакнување на граѓанската вклученост во РЈА

    ЕПИ потпиша договори за грант со три граѓански организации кои ќе работат проекти за вклученост на граѓанските организации во реформата на јавна администрација на локално ниво.   „Организацијата на потрошувачи на Македонија“ ќе спроведува 10-месечен проект во кој ќе работат на дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Охрид….

  • 15 март – Светски ден на правата на потрошувачите

    Фер и одговорна вештачка интелигенција за потрошувачите  Движењето на потрошувачите во светот претставено преку Светската потрошувачка организација (Consumers’ International) секоја година го одбележува 15-ти март – Светскиот ден на правата на потрошувачите, со цел подигање на глобалната свест за правата и потребите на потрошувачите. Преку одбележувањето на овој ден се…

  • Finance Think стана дел од Европскиот економски и социјален комитет, ЕЕСК

    Finance Think стана дел од Европскиот економски и социјален комитет, ЕЕСК (EESC – European Economic and Social Committee) Во четвртокот, ЕЕСК официјално ја започна својата иницијатива за вклучување на претставниците на #граѓанското општество од земјите кандидати за членство во ЕУ. Finance Think e дел од избрани претставници на граѓанското општество…

  • Отварање на „Младински центар“-Кочани

    Мината недела, на 18 јануари (четврток) 2024 година, во општина Кочани, по иницијатива на членовите од „Младинска банка“ Кочани, Фондацијата за развој на локалната заедница и Општина Кочани, го отворија „Младинскиот центар“ на Општина Кочани. Уредувањето и опремување на центарот е заедничка активност на Општина Кочани и Фондацијата за развој…

  • Граѓанските организации, институциите и експертите ги дискутираа клучните наоди и препораки од осмиот Извештај во сенка за Поглавје 23

    Клучните наоди и препораки од осмиот по ред Извештај во сенка за Поглавје 23 кој Институтот за европска политика го изработува, вчера беа дискутирани со претставници од институциите, граѓанските организации и експерти. Овој извештај во сенка го опфаќа периодот од октомври 2022 година до септември 2023 и ги обединува во…

  • Средба НБ – ОПМ: Преку соработка со граѓанскиот сектор до повисока свест за ризиците од климатските промени

    Преку инклузија и соработка со граѓанскиот сектор може да се јакне свеста на граѓаните за ризиците од климатските промени и тие да се вклучат како активни чинители во зелената транзиција. За таа цел, тимот на Народната банка, предводен од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со претседателката на Организацијата за потрошувачи…

  • ФТ Став бр. 60 за деветтиот пакет антикризни мерки

    Владата го објави деветтиот пакет антикризни мерки. Планираниот буџетски трошок е 662 милиони евра, а целта е да се заштити животниот стандард на граѓаните, и да се поддржат ликвидноста на компаниите и развојот на економијата. Покрај овој буџет, дополнително се издвоени 3 системски мерки за зголемување на платите на вработените…

  • Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: Искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации

    На 22 ноември 2023 г. во Велес се одржа промотивен настан на тема – „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: Искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“ со цел промоција на постигнатите резултати од мониторингот на изборните ветувања на политичките партии, како и мобилизирањето на…

  • Работилница за вмрежување на мултисекторските тимови и стручните соработници за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство

    Последниот квартален состанок за МТЗ за 2023 година беше надграден во дводневна работилница за вмрежување на мултисекторските тимови и стручните соработници за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство, кои ги координира ЕХО. Работилницата се реализираше во периодот од 8 – 9 ноември 2023 година во Охрид. Учесниците…

  • Наша прегледна #студија на конференција од УНДП

    Finance Think ја претстави најновата прегледна #студија „Младите на пазарот на трудот“ на конференцијата “Низ призма на младите: Зголемување на младинскиот потенцијал на пазарот на трудот во градење на иднината што ја посакуваме“, организирана од UNDP MK. Состојбата со младите на пазарот на труд континуирано се подобрува, иако тие остануваат…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор