Mcms4387 mcms.jpg

Градење отпорни заедници – работилница во Тетово

На 19 јуни 2025 година, МЦМС и организацијата Плиадес, во соработка со општината Тетово ја организираа работилницата на тема „Активни локални совети – отпорни заедници“ на која учествуваа членовите на Советот за малолетничка деликвенција и Советот за социјална заштита. Целта на работилницата беше да се поттикне продлабочено разбирање за улогата и значењето на локалните механизми за превенција во контекст на зајакнување на отпорноста на заедницата.

Во своето воведно обраќање, градоначалникот Билал Касами ја нагласи стратешката важност на функционалните локални механизми за превенција, потенцирајќи ја потребата од интегриран пристап во справувањето со социјалните предизвици, кој ќе се базира на координација и активна вклученост на сите засегнати страни. Тој подвлече дека советите не треба да се третираат како формални тела, туку како реални механизми за навремена интервенција во заедницата.

За Советот за малолетничка деликвенција зборуваше неговата претседателка, Блерта Ахмеди. Таа истакна дека во двегодишното функционирање  спровеле систематски предавања и работилници во училиштата, особено со средношколците, насочени кон подигнување на свеста за ризични фактори како што се наркоманијата, криминогеното однесување и влијанието на социјалните мрежи. Инаку, Советот е составен од професионалци, претставници од Центарот за социјални работи (ЦСР), Министерството за внатрешни работи (МВР), Основното јавно обвинителство и Судот, како и претставници на родителите и учениците.

MCMS4455 MCMS

Халиме Рустеми, претседателката на Советот за социјална заштита, рече дека од неговото формирање во 2022 година, Советот активно работи на препознавање на клучните социјални предизвици и нивно вградување во Социјалната стратегија на општината за периодот 2024–2027. Таа истакна дека Советот вклучува 15 члена од релевантни институции како што се здравствените установи, организациите што нудат услуги за лица со попреченост, жртви на семејно насилство и стари лица, претставници на ЦСР и МВР.

Учесниците ги идентификуваа најизразените локални ризици – од насилството и булингот во училишната средина, преку економските тешкотии и сиромаштијата и зависностите, до проблемите со паркирањето, семејното насилство, социјалната изолираност и ограничениот пристап до поддршка. Беше нагласено дека дел од овие предизвици бараат проширување на тематскиот опфат и вклучување на дополнителни институции и чинители во процесите на локална координација.

MCMS4415 MCMS

Дискусиите за време на работилницата отворија простор за преиспитување на постоечките структури и размислување за воспоставување на интегриран локален механизам за превенција кој, без да ја наруши работата на постоечките совети, би овозможил сеопфатен, координиран и одржлив пристап кон управување со ризиците во заедницата. На овој начин, би се зајакнале механизмите за локална отпорност, засновани на принципи на рана интервенција, хоризонтална соработка и активно граѓанско учество.

Работилницата придонесе за препознавање на потенцијалот за проширување на опфатот на превентивното дејствување, преку воспоставување на покоординиран и повеќечинителски пристап кој ќе ги опфати пошироките локални ризици.

Работилницата е дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ што ја поддржува Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ).

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор