Naslovna 1 scaled e1745405926195 1024x577.jpg

Жените и младите прават промени со поддршка од Цивика мобилитас

Во текот на 2025, Цивика мобилитас ја продолжува својата мисија за јакнење на граѓанското општество преку поддршка на иницијативи што носат вистински промени на локално и на национално ниво. Во фокусот на последните три приказни се жените и младите како двигатели на општествени трансформации во нивните заедници. Приказните објавени во април, мај и јуни, ги истакнуваат нивните заложби и резултатите постигнати со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

naslovna 1 scaled e1745405926195 1024x577

Приказната во април ја посветивме на жените од руралните средини во Североисточниот регион. Во кривопаланечкото село Мождивњак, жените веќе не се тивки набљудувачи, туку активни учеснички во локалниот развој. Преку проектот „Активни жени“, спроведен од Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово и партнери, околу 220 жени од Куманово, Крива Паланка и Кратово се мобилизирани и обучени за застапување и учество во процесите на носење одлуки. За првпат, жителките од рурални средини дознаа за своите права, за механизмите за барање информации од јавен карактер, и поднесоа први иницијативи – како што се: барање за детско игралиште и подобрување на водоводната мрежа. Нивната сплотеност и информираност создаваат нова енергија за локални промени, покажувајќи дека и жените од најоддалечените села можат да бидат клучни актери во развојот.

Прочитај ја целата приказна „Жените од руралните средини охрабрени и организирани за промени во локалните заедници“

k.10 e1748335742249 768x418

Приказната во мај ја посветивме на достапните услуги за поддршка на жените и ранливите групи во Пелагонија. Во Прилеп, Битола и Долнени, проектот „Нејзин глас – нејзина моќ“ ја отвори вратата кон правна и психосоцијална поддршка за маргинализираните жени и девојки. Во заедниците каде семејното насилство и дискриминацијата  долго време биле премолчувани, сега постојат достапни, бесплатни и доверливи услуги. Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп, заедно со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ и Мултиетничкото здружение за сите возрасти од Црнилиште преку проектот поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас иницира пополнување на тие празнини. „Сега знам дека имам право на заштита и достоинствен живот“, вели жена од Долнени, чиј случај на семејно насилство доби институционална постапка благодарение на проектот. Покрај жените, проектот им даде поддршка и на самохрани татковци и ранливи категории граѓани, што го прави активностите  модел за инклузивност и еднаквост.

Прочитај ја целата приказна „Достапните и доверливи услуги создаваат силна основа за промени во Пелагонија“

1-4-scaled-e1751295158730-1024x607.jpg

Јунската приказна е за младинската моќ против климатските закани во југозападниот регион. Климатските промени добија младински одговор преку проектот „Да учиме за климатските промени“, спровеуван од Извидничко поречанскиот одред „Крсте Јон“ – Струга, здружението Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар и Регионалниот зелен центар – Охрид. Преку обуки, младински камп и настани како панел-дискусијата на бродот „Галеб“ на Денот на Охридското Езеро, младите станаа активни носители на климатска свест и еко-решенија. Ученици осмислија иницијативи за рециклирање, соларни иновации и заштита на природните ресурси во нивните општини. Она што започна како обука за пишување проект, прерасна во платформа или мрежа за заедничка иднина која ги руши бариерите, генерациски, национални и институционални.

Прочитај ја целата приказна „Младинска моќ против климатските закани во Охрид, Струга и Дебар“

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор