Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата упати барања до надлежните институции кои ќе овозможат да се прекине праксата на неказнивост, селективна правда и формално исполнување на обврски

    Корупцијата во Северна Македонија е закана за животот и безбедноста на граѓаните, а не само злоупотреба на јавни средства. Трагедиите како пожарот во Кочани, Ласкарци, „Беса Транс“, и модуларната болница во Тетово се директна последица на системски пропусти, политичка заштита, некомпетентни вработувања и институционална негрижа. И покрај континуираните ветувања за реформи, не се спроведени суштински промени во контролата, инспекциските механизми и законската одговорност, што доведе до 150 изгубени животи. Недостигот од одговорност и селективна примена на закони создадоа амбиент каде трагедиите се очекуван исход, а довербата во институциите е длабоко нарушена. Без еднаков третман пред законот и вистински системски реформи, ваквите трагедии ќе продолжат да се повторуваат.

    Во оваа прилика Платформата упатува конкретни барања до надлежните институции со цел да се прекине праксата на неказнивост, селективна правда и формално исполнување на обврски. Бараме итно да се преземат следниве чекори:

    Целосна, непристрасна и транспарентна истрага за пожарот во Кочани- Обвинителството мора да спроведе темелна и објективна истрага, без политички влијанија. Бараме да се објават основни податоци од планот за истрага и да се организираат редовни јавни брифинзи за напредокот, без да се откриваат чувствителни детали.
    Целосна реформа на казнената политика- Бараме строги, предвидливи и правично применети казни за корупција, затоа што малите и симболични казни само го охрабруваат прекршувањето на законот. Потребно е да се унапреди заштитата на укажувачите.
    Одговорност за институциите и компаниите што не ги исполнувале обврските– Потребно е јасно утврдување зошто контролите и надзорот не се спроведувале со години, да се утврди дали тоа било резултат на нестручност или свесен пропуст и да се обезбедат информации за тековните постапки и резултатите од нив.
    Теренски проверки при вонреден надзор- Само административна проверка не е доволна. Потребно е инспекциите преку теренска и темелна проверка да утврдат кои објекти и компании ги исполнуваат законските стандарди.
    Проверка на имотна состојба и интереси на инспектори и службеници кои одлучуваат во постапки за доделување лиценци и дозволи- Да се проверуваат анкетните листови на лица кои одлучуваат за дозволи и надзор, со цел да се откријат евентуални конфликти на интереси, коруптивни врски и нечесно влијание врз одлуките.
    Инспекторските места да се пополнат со вистински луѓе– Покрај потребата да се истражи одговорност на инспекторите за констатираното раширено неследење на правила од страна на компаниите, потребно е и нивно доекипирање како би се проширил годишниот опфат на контролирани субјекти. Инспекторатите треба да бидат финансиски и политички независни, а кадровски максимално зајакнати.
    Ревизија на постапките за добивање дозволи и лиценци- Потребно е усогласување на сите прописи за безбедност, јасни критериуми за заштита од пожари, и обврска за теренски увид од ДЗС пред издавање дозволи. Елаборатите за заштита мора да станат задолжителен услов и при издавање на угостителски лиценци.
    Измените на законите да не бидат алиби за минатите пропусти- Иако се најавени нови законски измени, тоа не смее да се користи како оправдување за претходни незаконски постапки или непостапување. Одговорност мора да има за пропустите, дури и ако правилата во меѓувреме се променети.
    Итно постапување по наодите од ДКСК и ДЗР- Препораките од антикорупциските и ревизорски тела не смеат повеќе да се игнорираат. Институциите мора веднаш да реагираат, јавно да објавуваат кои случаи ги опфаќаат и какви мерки преземаат.
    Воспоставување вертикална одговорност во институциите- Секој што дозволил небезбедни објекти да функционираат– од најниско до највисоко ниво– мора да сноси одговорност, било дисциплинска, прекршочна, кривична или политичка.
    Престанување со притисоци врз граѓанските организации, движења, иницијативи и медиумите- Независните медиуми и граѓанското општество честопати први алармираат за проблеми во системот. Наместо да се дискредитираат, тие треба да се третираат како партнери во борбата за правда, без страв од притисоци и одмазди.

    Минатата недела беа направени проверки во повеќе дејности. Во угостителските објекти, поголемиот дел имаа недостатоци и беа санкционирани со забрани, одземени лиценци или казни. Кај компаниите од областа на градба, проектирање и урбанистичко планирање, дел од лиценците беа одземени поради неправилности. Во транспортниот сектор, мал дел од контролираните субјекти покажаа проблеми. Локалната самоуправа потврди дека училиштата и градинките се безбедни. Но, кога ќе се погледне брзината со која се направија сите овие проверки, се поставува прашањето: колку навистина се проверуваше, и дали тоа беше длабински и темелно?  Во случајот со лиценцирањето во угостителството, од тоа што беше изнесено во јавност, испаѓа дека наместо да се казнат тие што не ги почитувале правилата, треба да им дадеме време да се „прилагодат“ и се очекува да поминат неказнето. Се добива впечаток дека и покрај тоа што долго време профитирале од расипаниот систем – со помали трошоци и без да ги исполнат стандардите – пак ќе им се прогледа низ прсти, повторно на сметка на јавниот интерес. Нема најави за санкции на административните службеници кои ги издале лиценците и дозоволите, што при вонредниот надзор беа повлечени. Инспекциските служби, иако клучни за заштита на јавниот интерес, се зависни од Владата – и финансиски и политички – што ја поткопува нивната независност и објективност. Укажувањата од антикорупциските тела често се игнорираат, а внатрешните ревизии ретко имаат последици.
    Платформата истакнува дека барањата што ги упатува се основни чекори кон создавање држава во која граѓаните ќе се чувствуваат безбедно и достоинствено, каде можат слободно да се движат и живеат без страв. Во следните недели ќе биде подготвена Бела книга со досега неисполнети барања за системски реформи, придружена со акциски план и рокови за институциите. Овие заложби не се политички, туку произлегуваат од потребата за заштита на животот, безбедноста и правичноста. Време е за конкретна одговорност и еднаква примена на правилата за сите, на сите нивоа.

    Следно >

  • Собранието да се консолидира и да почне да ја врши својата функција

    Се навршија речиси две недели од трагедијата во Кочани, а Собранието уште ги одложува своите седници, меѓу кои и седницата за пратенички прашања.
    Неприфатливо и неодговорно е пратениците да не одржуваат седници во време на ваква трагедија кога граѓаните очекуваат одговори, кога треба да се анализира системот и да се договараат следните чекори што би можеле да ги преземе Собранието во рамките на своите надлежности.
    Хелсиншкиот комитет за човекови права потсетува дека законодавната функција  на Собранието е само една од основните уставни функции кои ги има тоа.  Собранието има и претставничка и надзорна функција, а пратеничките прашања се една од основните форми на надзор над работењето на Владата и другите носители на јавни функции.
    Собранието има механизми преку кои може да дејствува како што е формирање на постојани и привремени работни тела за секое прашање од јавен интерес.  Во конкретниот случај, според член 76 од Уставот, Собранието може да се формира  анкетна комисија за сите области и за секое прашање од јавен интерес и нејзините наоди можат да претставуваат основа за утврдување на одговорност за носителите на јавни функции.
    Оттука несфатливо е што Собранието имајќи ги овие механизми на располагање наместо да ги искористи, одлучи да не одржува седници. Логично е да се постави прашањето каква е потребата од постоењето на највисокиот претставнички орган на граѓаните, кога народните избраници коишто го сочинуваат, одлучија да останат неми пред граѓаните што ги избраа во моменти кога им се најпотребни.
    Ако ништо друго, закажувањето на седница за пратенички прашања исто така, можеби ќе го отвореше просторот за посуштествена дебата и на некој начин ќе ги артикулиураше насоките по кои што треба да се движат работите понатаму. Воедно седницата ќе дадеше можност пратеници и Собранието јавно да искажат сочувство до семејствата на жртвите и жалење за страшната трагедија.
    Граѓаните очекуваат дека по трагедијата што се случи во Кочани, целокупниот систем, вклучително и нивните избраници ќе придонесат кон борбата против корупцијата и за исправање на неправилностите и големата поделеност во општеството и притоа ќе бидат ефикасни и бескомпромисни.
    Очекуваме Собранието да се консолидира и да ги употреби сите механизми со кои располага и пратениците да се обединат во напорите за зголемување на функционалноста на системот и против општествените девијации.
    Граѓаните од своите избраници, како и од другите носители на  јавни функции, бараат системот да функционира  без привилегии за никого и законите да важат за сите подеднакво.

  • Прашалник за работата на Граѓанскиот ресурсен центар

    Четврток, 27 март 2025 16:04

    Граѓанскиот ресурсен центар спроведува анкета за задоволството на граѓанските организации од нивната поддршка. Вашите коментари и сугестии се важни за унапредување и подобрување на услугите што ги нудат! Одвојте 10 минути и споделете го вашето мислење преку анкетата. Ве информираме дека пополнувањето на овој прашалник е анонимно.

     Ве молиме да одговорите на следниот прашалник: ПРАШАЛНИК ЗА РАБОТАТА НА ГРАЃАНСКИОТ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР
    ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2 е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип. Главните активности на проектот се насочени кон креирање поволна средина за развој на граѓанското општество во земјата и зголемување на капацитетите на граѓанските организации, за истите да бидат компетентни, ефективни, одговорни и независни чинители во општеството.

    < Пред   Следно >

    Поврзани:

  • Методолошки пристап во процесот на истражување

    Здружението Центар за развој и промоција Промо Идеа, во рамките на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“, спроведе истражување со цел проценка на знаењата и вештините за финансии кај младите лица во Југоисточен регион. Ова истражување се базираше на утврдената „Методологија за истражување – Рамка за проценка на знаења и вештини за финансии кај младите лица во Југоисточен регион“.
    Методолошкиот пристап во истражувањето опфаќа комбинација од квалитативни и квантитативни методи, вклучувајќи анкети, фокус групи и анализа на податоци. Овој пристап овозможува сеопфатна и објективна проценка на предметот на истражување. Применетата методологија е структуриран инструмент кој обезбедува релевантни и мерливи резултати, овозможувајќи донесување на одлуки врз база на релевантни информации.
    Методологијата е достапна за сите граѓански организации, истражувачи и институции кои сакаат да спроведат слични истражувања во областа на финансиската писменост или други сродни теми. Истата може да послужи како основа за идентификација на тековните состојби, креирање соодветни образовни програми и развој на иницијативи.

  • Регистрација на волонтери

    Здружение Центар за развој и промоција Промо Идеа Струмица е граѓанска организација која работи на поттикнување на одржлив економски, социјален и еколошки развој. Преку различни проекти и иницијативи, здружението придонесува кон подобрување на вештините на младите, зајакнување на нивната вклученост во заедницата.
    Волонтирањето е одлична можност за стекнување нови искуства, развој на лични и професионални вештини, како и градење на значајни контакти. Преку волонтерските активности, младите имаат можност да придонесат кон позитивни промени во заедницата, да учествуваат во различни обуки и настани.
    Ги повикуваме сите млади на возраст од 18 до 26 години од микрорегионот на Струмица кои сакаат да бидат дел од нашите активности да се пријават на нашата е-пошта: promoidea4@gmail.com.

  • Секторскa анализa на тема – Младински политики во Пелагонискиот регион

    Во рамките на проектот „Младински политики по мерка на младите“  беа изготвени 3 секторски анализи на темите:

     Главна цел на проектот:
    Проектот „Младински политики по мерка на младите“ има за цел вклучување на граѓанските организации во развојот на политики и процесите на донесување одлуки преку соработка и дијалог со властите
    Носител на проектот е Про Локал а Младински Совет Прилеп е еден од 9те партнери.
    Оваа активност е резултат на проектот ,,Младински политики по мерка на младите”. Проектот е поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #civicamobilitas #chinmk

  • Покана за понуди за добабувач на Транспорт на учесници на обука од Охрид и Струга за во Дебар и обратно

    Покана за понуди за добабувач на Транспорт на учесници на обука од Охрид и Струга за во Дебар и обратноЗдружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар за потреба на проектот„Да учиме за климатските промени„ , на ден 12.03.2025 објавува:Повик за понуди
    Добабувач на Транспорт на 22 учесници на обука од Охрид и Струга за во Дебар и обратноПериодот на релаизација: прва недела на месец Март 2025 годинаКреан рок за доставување на понуди: 02 Април 2025 годинаI. Информации за проектот1.1 Наслов на проектотКлиматски промени/Животна средина1.2 Донатор и програмаПроектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас1.3 Побарувач на услугаЗдружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
    1.4 Општи информации за задачата12 учесници од Охрид и 12 Учесници од Струга треба да се транспортират до Дебар, во утринските часови, и после завршување на обуката истиот ден да се враќат назад за Охрид и СтругаДавателот на услугата треба да достави понуда за:– Транспорт на 24 лица од Охрид и Струга за во Дебар и враќање истиот денКонтактШуип Марку070306652Contact@cscd.org.mkСодржината на овој повик е единствена одговорност на Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

    Related

    Shuip Marku
    Share This Story, Choose Your Platform!

  • Повторена ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА КЕТРИНГ УСЛУГИ И САЛА ЗА ОБУКА

    ЦПокана за понуди за добабувач на кетеринг услуги и сала за обуки  за спроведување на Обука на млади од средно образование за Јакнење на нивните комуникациски и презентациски вештини, за изразување на ставови, мислења и идеи поврзани со климатските промени
    Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар за потреба на проектот
    „Да учиме за климатските промени„ , на ден 26.03.2025 објавува:
    Повик за понуди

    Добабувач на кетеринг услуги и сала за обуки  за спроведување на Обука на млади од средно образование за Јакнење на нивните комуникациски и презентациски вештини, за изразување на ставови, мислења и идеи поврзани со климатските промени.
    Периодот на релаизација: Март  2025 година
    Креан рок за доставување на понуди: 02 04. 2025 година

    Информации за проектот

    1.1      Наслов на проектот
    Климатски промени/Животна средина
    1.2      Донатор и програма
    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
    1.3      Побарувач на услуга
    Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
    1.4      Информации за проектот
    1.4.1      Општа цел
    Да се придонесе кон намалување на штетните влијанија од климатските промени врз животната средина и луѓето, преку поддршка на пристап насочен кон децата и младите.
    1.4.2      Специфична цел
    Да се зголеми активното учество на младите како одговорни граѓани во  справување со предизвиците од климатските промени и нивното влијание врз животната средина и човекот

    1.5      Општи информации за задачата
    Проектот „Да учиме за климатски промени“ побарува консултантски услуги од индивидуален/ни преведувач(и) / правен субјект, за спроведување на Обука на млади од средно образование за Јакнење на нивните комуникациски и презентациски вештини, за изразување на ставови, мислења и идеи поврзани со климатските промени
    Давателот на услугата треба да достави понуда за:

    Изнајмување на просторија за реализација на обуката – Простор со техничка опрема (видео бим, озвучување и слично) за 35 лица
    Обезбедување ручек и 2 кафе паузи за учесниците на обуката за 35 лица

    Контакт
    Шуип  Марку
    070306652
    Contact@cscd.org.mk
    Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

  • Покана за понуди за обучувач- комуникациски и презентациски вештини

    Покана за понуди за обучувач за спроведување на Обука на млади од средно образование за Јакнење на нивните комуникациски и презентациски вештини, за изразување на ставови, мислења и идеи поврзани со климатските промени
    Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар за потреба на проектот
    „Да учиме за климатските промени„ , на ден 12.02.2025 објавува:
    Повик за понуди

    Експерт за спроведување на на Обука на млади од средно образование за Јакнење на нивните комуникациски и презентациски вештини, за изразување на ставови, мислења и идеи поврзани со климатските промени.
    Периодот на релаизација: Април 2025 година
    Креан рок за доставување на понуди: 15 март 2025 година
    I. Информации за проектот
    1.1 Наслов на проектот
    Климатски промени/Животна средина
    1.2 Донатор и програма
    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
    1.3 Побарувач на услуга
    Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
    1.4 Информации за проектот
    1.4.1 Општа цел
    Да се придонесе кон намалување на штетните влијанија од климатските промени врз животната средина и луѓето, преку поддршка на пристап насочен кон децата и младите.
    1.4.2 Специфична цел
    Да се зголеми активното учество на младите како одговорни граѓани во справување со предизвиците од климатските промени и нивното влијание врз животната средина и човекот
    1.5 Општи информации за задачата
    Проектот „Да учиме за климатски промени“ побарува консултантски услуги од индивидуален/ни преведувач(и) / правен субјект, за спроведување на Обука на млади од средно образование за Јакнење на нивните комуникациски и презентациски вештини, за изразување на ставови, мислења и идеи поврзани со климатските промени
    Давателот на услугата треба да достави понуда за:
    за спроведување на Обука на млади од средно образование за Јакнење на нивните комуникациски и презентациски вештини, за изразување на ставови, мислења и идеи поврзани со климатските промени.
    Контакт
    Шуип Марку
    070306652
    Contact@cscd.org.mk
    Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

  • Консултативна средба за приоритети на повици од Европската Унија

    Вторник, 25 март 2025 12:30

    Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија ги кани сите заинтересирани на консултации за финализирање на дискусијата за приоритетите и другите специфики на повиците за предлози програмирани во рамките на ИПА III Програмата за граѓанско општество и медиуми 2024-2025 година.

    Консултациите ќе бидат онлајн на 28.03.2025 (петок) од 10:00 – 12:00 часот.
    Консултациите ќе ги отвори г-дин Штефан Худолин, Раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Дискусиите ќе се фокусираат на идентификување на приоритетните теми, типот на акции и други специфики за следните повици за предлози:

    Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка за систематско учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во ЕУ и преговорите;
    Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка на граѓанското општество и медиумските организации во различни тематски области;
    Повик за предлози (Оперативни грантови) – Рамковни договори за партнерство.

    Доколку сте заинтересирани да се приклучите на консултациите, ве молиме потврдете го вашето учество со пополнување на формуларот на следниот линк: ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВА НА КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА ЗА ПРИОРИТЕТИ НА ПОВИЦИ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор