Средби со граѓаните во Делчево и Берово: Локал Актив го засилува граѓанскиот ангажман во Источниот регион
На 8 октомври 2025 година, во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – Локал Актив“, поддржан од НЕД, а спроведуван од Институтот РЕСИС во партнерство со локалните граѓански организации, се одржаа две консултативни средби со граѓаните во Делчево и Берово.





