Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество “ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) под програмата Цивика Мобилитас, Институтот РЕСИС и Советот за Етика во Медиумите во Македонија – СЕММ работат на ширење на иницијативата Локал Актив низ седум плански региони во Македонија. Во текот на последниве пет години, медиуми на заедницата беа креирани во Источниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Во следниот период такви медиуми ќе бидат создадени и во Југоисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот регион.