[Aggregator] Downloaded image for imported item #48233

Се шири мрежата на Локал Актив – Работилница за нови медиуми на заедницата во Струмица

Петнаесетина новинари, активисти и млади луѓе од Југоисточниот регион беа дел од работилницата на која се запознаа со начинот на функционирање и етичките стандарди на медиумите на заедницата.

Настанот, кој се одржа на 3 јуни во Струмица, беше организиран од Институтот РЕСИС и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Целта на проектот е иницијативата Локал Актив, како еден редок пример на медиум на заедницата во Македонија, да се прошири во нови региони низ земјата.

Настанот го отвори Игор Мицевски од Институтот РЕСИС, кој го претстави концептот на медиумите на заедницата и детално ги објасни истражувачките и застапувачките процеси во редакциите на Локал Актив. Беше потенциран моделот на соработка помеѓу искусни новинари и активисти или млади луѓе, чија цел е заеднички да работат на истражувачки стории и паралелно да ги надградуваат вештините – од процесот на истражување, па сè до фазата на застапување.

Мицевски заедно со Снежана Трпевска и Слаѓан Пенев од РЕСИС ги водеа учесниците низ процесот на пишување за медиумите на заедницата, од идентификување на проблем и развивање новинарска тема, до структурата на текстот и аргументирањето. Втората сесија беше посветена на саморегулацијата, каде Билјана Георгиевска од СЕММ зборуваше за значењето на етичките стандарди и ги претставија успешните европски примери на медиуми кои функционираат на сличен принцип.

Фото 2

Фото 5

Фото 4

Работилницата заврши со практични вежби во кои учесниците самостојно истражуваа и предлагаа теми за потенцијални стории, добивајќи директни коментари и поддршка од искусните членови на тимот на РЕСИС. Дел од овие теми, од голема важност за локалните заедници, се планираат да бидат обработени низ новинарски стории во следниот период.

Фото 3

Фото 1

Досега во земјава постојат три медиуми од иницијативата Локал Актив – „Локал Актив“, „Локал Актив Вардар” и „Локал Актив Пелагонија“. Во следниот период Институтот РЕСИС, заедно со СЕММ ќе ја истражат можноста вакви платформи да се формираат во другите региони низ Македонија. Работилницата во Струмица беше прва од серијата настани кои се планираат во Југоисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот регион.

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор