[Aggregator] Downloaded image for imported item #47802

ПОВИК за избор на новинари кои ќе бидат ангажирани во медиумот на заедницата во рамки на иницијативата Локал Актив

Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, Институтот РЕСИС и Советот за Етика во Медиумите во Македонија – СЕММ работат на ширење на иницијативата Локал Актив низ седум плански региони во Македонија. Во текот на последниве пет години, медиуми на заедницата беа креирани во Источниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Во следниот период такви медиуми ќе бидат создадени и во Југоисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот регион.

Целта на иницијативата Локал Актив: (1) да воспостави и да се зајакне капацитетот на новите медиуми на заедницата во Македонија за нивно ангажирање во аналитичко и истражувачко новинарство на заедницата во промоција на демократијата, човековите права, животната средина и социјалната правда, (2) да се консолидира моќта на медиумите на заедницата во поддршката на активистите на локалните граѓански организации да го прошират и продлабочат нивниот притисок за задоволување на локалните граѓански барања.

Овој повик е наменет за локални новинари кои, откако ќе бидат избрани, ќе бидат вклучени во работна листа на новинари на Локал Актив иницијативата, од која потоа ќе може:

  • да бидат регрутирани да работат на продукција на сториите и вестите за платформите на медиумите на заедницата,
  • да учествуваат на обуки за членови на медиумите на заедницата предвидени со проектот,
  • да бидат ангажирани од локални граѓански организации во рамки на идни шеми на суб-грантирање надвор од опсегот на овој проект.

Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да ги достават следниве документи:

  • Писмо (меил) во кое изразуваат заинтересираност да ја вршат услугата за иницијативата
  • Биографија (со избор од 10 репрезентативни текстови на теми од регионите од кои доаѓаат)
  • Доказ дека е граѓанин/граѓанка на РСМ (копија од пасош)

Понудата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса: office@resis.mk или во оригинална хартиена форма во просториите на Институтот РЕСИС на ул. Прашка бр. 56, стан 2, 1000 Скопје, најдоцна до петок 29 мај 2026.

Документите поврзани со овој повик можат да се симнат на следниве линкови:

*Содржината на овој повик е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Јавен повик за изработка на документ за јавни политики

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за ангажирање на еден експерт за изработка на документ за јавни политики на тема „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“. […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

    Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА  1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ

  • Повик за ангажирање на правник за правно советување

    Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово објавува повик за ангажирање на дипломиран правник за обезбедување услуги на правно советување за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во рамки на Советувалиштето. Повикот е отворен за кандидати кои ги исполнуваат предвидените услови, а пријавите се доставуваат електронски со потребната документација согласно објавениот повик најдоцна […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации

    Младинската асоцијација „ИМКА Битола“, во соработка со здружение „Конект“ за потребите од спроведување на проектот „Промени за одржливост” поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за ПР

  • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики (Youth/EU Policy Expert)

    Младински Совет Прилеп (МСП) објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики, во рамки на проектот „Младите ЗА ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path“.) Опис на ангажманот Ангажираниот експерт ќе обезбеди стручна и методолошка поддршка за развој…

  • Повик за ангажирање графички дизајнер

    Младински образовен форум (МОФ) објавува повик за ангажирање графички дизајнер/ка за креирање креативен концепт и визуелен идентитет за претставување на клубовите на МОФ. Ангажманот опфаќа изработка на: Генерален дизајн Посебни дизајни за клубовите: Дебата; Учиме право; Артивизам; Новинарство. Вкупниот надомест за ангажманот изнесува 60.000 денари бруто. Заинтересираните кандидати/ки треба да достават кратка биографија, портфолио со […]
    The post Повик за ангажирање графички дизајнер appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор