[Aggregator] Downloaded image for imported item #44368

Обука за застапување наменета за активисти од Источниот и Југоисточниот регион

Институтот РЕСИС на 30 октомври 2025 година организираше обука на тема „Застапување и користење на податоци за промени во заедницата“, во хотел „Сириус“, во Струмица.

На обуката присуствуваа претставници на граѓански организации од Струмица, Штип, Виница, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, кои заедно со обучувачот Герман Филков разменува искуства поврзани со спроведување на застапувачки иницијативи, подготовка на препораки за јавни политики, користење релевантни извори за податоци за креирање документи за јавни политики и сл.

Обуката се спроведе во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман“, поддржан од Европската Унија, кој има за цел да ги зајакне локалните медиуми како платформи за јавен дијалог и вклучување на граѓаните во општествените процеси.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор