Author: Македонски центар за меѓународна соработка

  • Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање

    Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да стекнат нови вештини и да ја зајакнат поврзаноста со заедницата. Волонтерството не само што помага во решавање на локални проблеми, туку и создава чувство на солидарност и колективна одговорност.

  • Граѓанските организации се клучен фактор и партнери за промени во борбата против корупцијата

    Тимот на програмата „Граѓаните против корупцијата“ денес официјално ги претстави новите граѓански организации од грантовата шема за Граѓанска вклученост на настанот насловен – „Партнерство за промени“.

  • Одржани обуки за апликанти на Програмата за мали грантови на СЕЛДИ

    Тимот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) организираше обуки за подготовка на целосни проектни апликации и за подготовка на проектни буџети за организациите кои беа селектирани и поканети да достават целосна апликација на регионалниот Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“.

  • Доделени грантови за зголемување на граѓанската вклученост во борбата против корупцијата

    Дванаесет граѓански организации и нивните партнери се добитници на грант преку програмата „Граѓаните против корупцијата“, а ќе реализираат проекти насочени кон зголемување на транспарентноста, отчетноста и културата на интегритет, со посебен фокус на вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата.

  • Државното финансирање на граѓанските организации е инвестиција

    Во новиот број на Граѓаните за промена, фокусот е ставен на овозможувачката околина.
    „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не е единствениот елемент на овозможувачката околина, но секако е еден од оние за кои најчесто дебатираат институциите и граѓанските организации, за жал, како што вели извештајот, без поместувања.

  • Средината овозможувачка, предизвиците големи – објавен е новиот Извештај на МЦМС за 2023 година

    Македонскиот центар за меѓународна соработка веќе 11 години го подготвува и објавува Извештајот за овозможувачка средина за развој на граѓанското општество. Последниот, објавен неодамна се однесува на состојбата во 2023 година. Со него се анализира овозможувачката средина за граѓанските организации со фокус на основните правни гаранции на слободите, се анализира рамката за финансиска одржливост и одржливост на ГО и односот Влада – граѓански организации.

  • Граѓанските организации развиваа стратегии за одржливо финансирање

    Што значи одржливост на граѓанските организации? Како се се размислува визионерски? Како да се оцени одржливоста? Кои се добрите практики во оваа област? Ова беа дел од прашањата за кои разговараа учесниците на работилницата „Добри практики за одржливост на граѓанските организации“ која ја водеше Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, а се одржа на 24 и 25 октомври 2024 година во Берово.
    За добрите практики на своите организации во оваа област зборуваа Јасмина Голубовска од „Легис“ и Ангела Здравковска од „Крик“. Тие ја истакнаа важноста на партнерствата, кредибилитетот и обезбедување приходи усогласени со мисијата. „Секоја можност да го надградиме нашето знаење и споделиме искуства е добредојдена за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации. Цивика мобилтас го овозможува токму тоа,“ рече Голубовска.
     

  • Дигиталната трансформација – можност за зголемување на капацитетот и влијанието на граѓанските организации

    „Дигиталната трансформација не е само тренд во глобалните промени, тоа е можност за зголемување на капацитетот и влијанието на граѓанските организации, кое е возможно само со заеднички напори на академската фела, бизнис заедницата и граѓанските организации” беше истакнато на онлајн дебатата за Дигитална трансформација на граѓанските организации, организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” на 21 октомври 2024 година на платформата ЗООМ.

  • Цели и стратегии за градење на „Островите на интегритет“

    Продолжи спроведувањето на работилниците „Острови на интегритет“ за 12 грантисти на Цивика мобилитас. Учесниците на третата работилница почнаа да ја подготвуваат првата верзија на документот кој вклучува цели за зајакнување на интегритетот и спречување/ограничување на корупцијата и стратегии за постигнување на целите преку системски промени.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор