Untitled Design 1 Mcms.jpg

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите информативни сесии кои Граѓанскиот ресурсен центар во партнерство со Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата ги организираше во Скопје, Гостивар, Битола и Радовиш.

Целта на овие информативни сесии беше граѓанските организации да се информираат за клучните надлежности и улогата на Советот со фокус на процесот на избор, условите и критериумите за подобност, роковите и начинот на гласање за пријавените кандидати за членови на Советот од редот на здруженија и фондации. На овие информативни сесии, претставникот од Генералниот секретаријат на Владата детално го презентираше повикот и формуларот за аплицирање на повикот за избор на членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите. Организациите има можност да поставуваат прашања и да добијат дополнителни појаснувања за повикот, изборот и гласањето.

Најчесто поставуваните прашања на овие четири информативни сесии се однесуваа на дополнително објаснување на критериумите за аплицирање како и процесот на гласање за кандидатите од редот на граѓански организации. На сите информативни сесии беше истакнато дека секоја пријава мора да содржи кандидат за член и заменик член и организациите кои што пријавуваат кандидати или што гласаат за дадени кандидати можат да пријавата кандидат односно да гласаат само во областите кои што им се наведени како области на делување во нивните статути.

Дополнително, настанот послужи и за информирање на организациите за претстојните промени во правната рамка за подобрување на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество во земјата како и за процесот на изготвувување на новата Стратегија за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план за 2025-2028.

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се формира со Одлука на Владата на Република Северна Македонија, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанското општество во Македонија, за што Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија на 20 јануари 2025 година објави јавен повик.

Краен рок за аплицирање е 4 февруари 2025 година.

Во рок од 8 дена по завршување на јавниот повик, на www.nvosorabotka.gov.mk Одделението за соработка со невладини организации ќе објави извештај за пријавените организации со кандидатите кои ги исполниле условите од јавниот повик, со повик до граѓанските организации да го дадат својот глас за еден од кандидатите, во секоја од областите на делување на организацијата наведена во статутот.

Информативните сесии беа организирани во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор