Да изградиме мост на доверба со дијаспората
За прв пат како влада работиме на тоа да изградиме мост на доверба со дијаспората. Тој мост треба да го изградиме заеднички“ – изјави Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора, на тематскиот форум „Предизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“, организиран од страна на Цивика мобилитас, кој се одржа денеска (5.07.2017 година) во Чифте Амам, во Скопје.