Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ- Битола) во соработка со Кариера.мк, ги поканува сите заинтересирани на презентација и јавна дискусија на тема „Социјални иновации за намалување на младинската невработеност“. Настанот ќе се одржи на 20 јуни 2017 година со почеток во17 часот, во просториите на Јавна соба- Makers room, во Скопје.

Со свои излагања планирано е да имаат д-р Ѓорѓи Какашевски, професор по информатички науки и ко-сопственик на Кариера.мк; Норик Селими, претседател на Федерацијата на агенции за привремени работи и ко-сопственик на Кариера.мк и Зорица Бужаровска консултант во Кариера.мк.

Презентацијата се одржува во рамките на Регионалната платформа за социјални иновации во младинското вработување (YOUSEE) со поддршка на фондови од Европската Унија.

Своето присуство можете да го потврдите кај  Јасмина Ангелова на 076 664 040 или на mkcbt@t.mk.

Младинскиот културен центар – Битола е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас. За повеќе информации околу ова, посетете го нивниот профил.