20170621 Esperanca vesti

Промоција на публикацијата „Од дијаспора до различности“

Здружението на граѓани Есперанца – Светски културен центар, ги поканува сите заинтересирани на промоција на публикацијата на проектот „Од дијаспора до различности“ и разговор на тема „Значењето на поимот дијаспора во контекст на современата култура“. Настанот ќе се одржи на 22 јуни во 19:30 часот во Кино Култура.

Публикацијата е на англиски јазик и содржи преглед на активностите на проектот низ описи и документација на работилниците, изложбите, но и авторските текстови на повеќето теоретичари и практичари со нивните различни пристапи на оваа тема.

Дел од разговорот ќе бидат учесници и партнери на проектот, авторите на текстот и уредниците на публикацијата:
Дарка Радосављевиќ и Мирослав Кариќ (Remont – Белград)
Мирјана Пеитлер – Селаков (KunstOst – Грац)
Роберт Алаѓозовски, министер за култура;
Елизабета Шелева, професорка на одделот за компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“;
Јане Чаловски, независен уметник и ко-основач на Press To Exit;
Нада Прља, независна уметничка и ко-основачка на Агенцијата за сериозни интереси.

Проектот „Од дијаспора до различности“ се реализира од 2015 до 2017 година во Белград, Загреб, Грац, Скопје, Казабланка и Мастрихт низ различни формати како изложби, работилници, конференција, дискусии и презентации. Основната идеја е преиспитување на значењето на поимот дијаспора на подрачјето на Западен Балкан, првенствено во полето на современата култура, промената на амбиентот и начинот на живот во контекст на сè поголемата мобилност, глобализација и културен номадизам.

Есперанца – Светски културен центар во проектот учествуваше преку организирање на три работилници на Анастас Вангели, Владимир Пиштало и Ирина Карамарковиќ, организирање на голема конференција во Скопје каде беа презентирани различни пристапи кон терминот „дијаспора“ и организирање на изложба на која учествуваа шест уметници и тоа: Младен Бундало, дуетот диСТРУКТУРА, Ивана Ивковиќ, Нада Прља, Рајко Радовановиќ и Нели Ружиќ.

Есперанца – Светски културен центар е корисник на мал акциски грант од Цивика мобилитас. За повеќе информации, можете да го погледнете нивниот профил.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор