Јавна дискусија „Социјални иновации за намалување на младинската невработеност“

Јавна дискусија „Социјални иновации за намалување на младинската невработеност“

Во рамките на Регионалната Платформа за социјални иновации за намалување на младинската невработеност (YOUSEE), Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ – Битола)  во соработка со KARIERA.mk организираше презентација и јавна дискусија на тема: „Социјални иновации за намалување на младинската невработеност“.

Презентацијата се одржа на 20 јуни 2017 година (вторник) во просториите на Јавна соба ул. 50 дивизија 22 Скопје Makers Room со почеток во 17.00 часот.

На презентацијата со свои излагања учествуваа:

Д-р Ѓорѓи Какашевски – професор по информатички науки и косопственик на KARIERA.mk

Норик Селими – Претседател на Федерацијата на агенции за привремени вработувања и косопственик на KARIERA.mk

Зорица Бужаровска – консултант во KARIERA.mk

Темите за дискусија со присутните ги опфатија следните области:

  • Социјални иновации и социјално претприемништво
  • Трендови и предизвици со човечки ресурси (HR) во Македонија
  • Начини за наоѓање на работа во Македонија
  • Препораки за успешно претставување пред работобарателите
  • Kariera.mk социјална иновација и проект кој поврзува илјадници работобаратели и компании

Настанот е во рамките на Регионалната Платформа (YOUSEE) со поддршка на фондови од Европската Унија.

МКЦ-Битола е институционален грантист на програмата Цивика Мобилитас.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор