20180503 IDSCS vest

Трка на 3, 6 и 9 со пречки: Препораката е обезбедена, што понатаму?

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС се проценува реализацијата на активностите наведени во планот.

Во таа насока на 03 мај, 2018 година (четврток) со почеток од 10 часот во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, беше одржана прес-конференција на која беа објавени наодите од третиот извештај од следењето на реализацијата на активностите од Планот 3-6-9 во последните три месеци како и на планот во целина.

Инфографик: Набљудување на спроведувањето на последните три месеци од Планот 3-6-9

Главен заклучок од овој извештај е дека главната цел на реформскиот План 3-6-9, добивање чиста препорака за отпочнување на пристапни преговори е постигната. Сепак, наодите од набљудувањето сугерираат дека, и покрај соодветната приоритизација на реформската агенда, делот 9 бележи делумно задоволителен статус на реализација.

Во однос на целокупниот план, она што може да се извлече како заклучокот од наодите е дека Планот 3-6-9 постигнува задоволителен степен на исполнетост на мерките кој изнесува 60%, додека 23% од активностите се немерливи. Планот задоволително (51%) ги адресира препораките од извештаите на Прибе и Итните реформски приоритети. За периодот што следи, од суштинска важност е изработката на нов реформски план во соработка со сите општествено-политички чинители, а земајќи ги предвид веќе преземените активности од планот 3-6-9 и забелешките од Извештајот на Европската комисија за Македонија.

На настанот со говори се обратија, Марко Трошановски, Јоханес Д. Реи, Зоран Нечев, Н.Е Бујар Османи и Н.Е Кристијан Тимоние и Лукаш Холуб , забележувајќи го следново:

Марко Трошановски, претседателот на ИДСЦС, истакна дека „потребно е континуирано да се повторуваат пораките до граѓаните во насока на нивно поголемо информирање и разбирање на процесот на пристапување кон ЕУ и влијание во нивните секојдневни животи“.

Јоханес Д. Реи, Директор на канцеларијата на фондацијата Конрад Аденауер за Македонија додаде дека „задоволителното исполнување на планот 3-6-9 не значи совршено исполнување, но можеме да заклучиме дека Владата соодветно ја завршила работата, што е за отпоздравување, но и за поттикнување да се остане на таа патека и да се засилат уште повеќе напорите, особено во соработката со опозицијата“.

Зоран Нечев, Проектен координатор и раководител на Центарот за европски интеграции при ИДСЦС елаборирајќи во детаљи за содржината на Извештајот истакна дека “Потребата од брзање во спроведувањето на реформи се намалува по добивањето на препорака и чекањето на исходот од Советот во Јуни. Ова добиено време може да се искористи во имплементација на суштински реформи за кои е потребно подолг временски период. Ова е важно поради фактот што постои потреба од подигнување на квалитетот на реформите преку продлабочена анализа и донесување на политики базирани на докази.”

За време на дискусијата на наодите од извештајот, Бујар Османи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, истакна дека „Владата бележи речиси 90% исполнетост при што е земена предвид конзистентната методологија за мерење која се разликува од онаа на граѓанските организации“. Османи додаде дека „излегуваме од реформскиот процес обележан со итност и продолжуваме во стабилна трансформација на општеството“.

Амбасадорот на Франција во Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние се надоврза и потенцираше дека „политичкиот систем треба да се зајакне, политичката култура да се промени во насока на постигнување на компромиси и да не се замени со култура на заборав. Тука го лоциран проблемот зошто планот 3-6-9 не можеше да е комплетено успешен. Владата и опозицијата треба да се во своевиден сојуз, каде секој ја игра својата улога“ – додаде тој.

За крај, Лукаш Холуб, Раководител на одделот за политички, внатрешни и прашања од правосудството, информации и комуникации при Делегацијата на ЕУ, заклучи дека „препораката за отпочнување преговори е успешна приказна. Ова е поинаква земја од онаа во 2015. Фокусот е на промените на подобро и носењето на Европска Унија во земјата“ – истакна тој.

Покрај овој извештај, ИДСЦС во рамки на набљудувањето на спроведувањето на реформите од Планот 3-6-9 објави уште два извештаи кои се однесуваат на претходните два периоди од реформскиот процес.

Извештаите од набљудувањето на спроведувањето на реформите се дел од проектот “Perform on Reform” кој го спроведува ИДСЦС во соработка фондацијата Конрад Аденауер.

 

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор