Конференција за преиспитување на судски постапки
Конференцијата
На 7 мај 2025 година, Фондацијата Метаморфозис организираше еднодневна обука за подобрување на сајбер безбедноста во организациите од граѓанскиот сектор. Обуката беше насочена кон граѓански организации кои активно работат со ранливи категории на граѓани и се соочуваат со зголемени ризици во дигиталниот простор.
Петнаесетина претставници на граѓански организации имаа можност да се запознаат со поимот дигитален отпечаток, важноста на антивирусната заштита, креирање и одржување на силни лозинки, користење на менаџери за лозинки, како и со практични совети за зајакнување на сајбер безбедноста и развивање на навики за редовна сајбер хигиена.
Оваа обука е дел од проектот „СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност“, кој има за цел да ја зголеми свеста и отпорноста на граѓаните и организациите на сајбер закани, преку едукација, јавно информирање и практични ресурси. Проектот предвидува три вакви обуки, првата се одржа на 9 април, додека последната, трета обука, ќе се одржи на 4 јуни. Освен обуки, во рамките на проектот ќе се подготват и поткасти и видеа за унапредување на јавната свест и разбирање за значењето на сајбер безбедноста.
Целта на проектот е да се стави акцент на значењето на редовна сајбер хигиена и ефикасно справување со сајбер закани како што се фишинг, социјално инжинерство, малициозен софтвер, кражба на лични податоци и други. Преку заеднички напори, проектот тежнее да осигури дека овие теми добиваат соодветно внимание, ресурси и одговори на предизвиците што ги носи дигиталната ера.
Проектот „СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност“ е поддржан со грант Национална интервенција на регионалниот проект „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, кој има за цел унапредување на стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и поддршка на неговата интеграција во единствениот дигитален пазар, Фондација Метаморфозис организира работна средба за национални институции на тема „Импликации од Законот за дигитални услуги на ЕУ на граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија“.
Датум: 22 мај 2025 година (четврток)
Време: 10:00 часот
Локација: Метаморфозис (ул. Франклин Рузвелт 19, кат 2 – во зградата на Сетек)
Мапа: https://maps.app.goo.gl/o43Q5Uqpjg1WU1P37
Работната средба ќе се фокусира на основите на Законот за дигитални услуги на ЕУ (Digital Services Act – DSA) и неговите главни принципи на транспарентност, одговорност и заштита на корисниците, како и неговото влијание врз слободата на изразување и дигиталните права. На работната средба ќе бидат презентирани и клучните наоди и препораките од истражувањето за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ врз граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија, како и предизвиците врзани со независноста на регулаторните тела, функционирањето на доверливите пријавувачи, алгоритамското модерирање и ризиците при усогласувањето на националното законодавство со европската регулатива.
Работната средба е наменета за претставници на релевантни национални институции од областа на дигиталната сфера, заштитата на дигиталните права, електронските комуникации, медиумската регулација, економија, сајбер безбедност, антидискриминација и сл.
Агендата за работната средба е достапна тука.
Формуларот за пријавување е достапен на следниот линк.
Пријавувањето за работната средба е најдоцна до 16 мај 2025 година.
Проектот е финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in Tech Kosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија).
Овој трагичен настан укажува на неуспехот на институциите во навремена и соодветна заштита на жртвите на родово базирано и семејно насилство. Апелираме до надлежните институции итно да го преиспитаат своето постапување во овој случај, да преземат одговорност и конечно да ја исполнат својата обврска – да заштитат, да постапат навреме и да спречат нови случаи на фемицид.
Случаите на фемицид не се изолирани инциденти – тие се последица на институционален занемарување и континуирано игнорирање на сигнали за помош. Сите жени, особено оние од маргинализирани заедници, не смеат да бидат оставени сами во борбата за своја безбедност. Затоа, изразуваме целосна солидарност со Иницијативата на жени од Шуто Оризари.
Во прилог ја пренесуваме реакцијата во целост.
***
До кога ќе потфрла системот во заштитата на жените жртви на семејно и родово базирано насилство?
Овој викенд, просведочивме на уште еден случај на фемицид, во кој жртва е жена од Шуто Оризари. Најнапред, сакаме да изразиме длабоко сочувство до најблиските на жртвата. Овој случај на семејно насилство, за жал, е добро познат на институциите, на нашите сограѓани од Шуто Оризари и на нашиот тим од Центарот за помош и поддршка на жени жртви на родово базирано и семејно нсилство „ИСИ АРКА“.
Имено, Р.А. дојде во нашето советувалиште, но иако и беше понудена придружба од нашиот тим до полициската станица „Пролет“, бевме одбиени – токму поради тоа што жртвата ја имаше изгубено целосно довербата во институциите. Па, зарем може да имаат жртвите доверба во истите, ако секој пат кога се обиделе да го пријават случајот на насилство, наидуваат на зборовите „повторно ли ти тука, и онака ќе се вратиш пак кај маж ти“?!
Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари може да постапува и понуди помош и поддршка само со согласност од страна на жртвата. За овој случај на насилство, последно дознавме дека и покрај бројните обиди за пријава во соодветните институции од страна на жртвата, сепак, надлежните лица во полициската станица воопшто не преземале некаков чекор – до таму, што нема ниту изготвен записник за пријавувањето од страна на полициските службеници. Уште колку вакви случаи на насилство со траорен исход треба да просведочиме, за институциите да сфатат дека нивното непостапување е по цена на човечки живот?!
Постојаното адресирањето на недостатоците на системот за заштита на жртвите од страна на нашето здружение е само со една и единствена цел – институциите да ја препознаат својата улога во овој ланец, да преземат одговорност и да започнат сонавремено постапување, со што би се превенирало насилството и би ставиле крај на ваквите случаи! Семејното насилство не е карактеристика само на одредена етничка заедница, сите подеднакво сме подложни на истото. Напротив, нашето истражување за „Соодветна заштита, помош и поддршка на жртвите на родово базирано и семејно насилство во општина Шуто Оризари“, покажува дека во периодот од 2020 до 2024 година, најголемиот број на жртви (околу 70 % во текот на годините) се од македонска етничка припадност, додека пак, бројот на жртви на семејно насилство од ромска етничка припадност во 2023 година изнесувал 6,79 %. Затоа, време е да ставиме крај на стереотипите и апатичноста кај вработените во институциите – не е решение да се советуваат жртвите дека е залудно да ја започнат постапката за пријавување на сторителите, бидејќи „и онака ќе се вратат во домот на насилниците“!
За сериозноста и бројот на случаи на насилството од септември 2023 година до сега, сведочат и податоците во нашиот Центар „ИСИ АРКА“ – во овој период вкупно 123 жени се обратија до нас и побараа помош токму за спречување и заштита од семејно насилство. Оваа бројка говори дека од една страна, потребата за навремено постапување на институциите и меѓуинституционална соработка е неопходна, а од друга страна, подигнувањето на јавната свест на овие теми уште од најмала возраст, игра клучна улога во препознавањето на формите на насилство и механизмите за заштита од истото.
Се надеваме и сакаме да веруваме дека ваков случај нема да се повтори, дека ова е последната жртва на фемицид и дека конечно, ова ќе го вклучи алармот на државата да ги преземе следните чекори за соодветна заштита и поддршка на жртвите на семејно и родово базирано насилство:
1. Зголемување на тимовите за постапување и спречување на насилство при Министерството за внатрешни работи;
2. Зголемување на тимовите за постапување при Центрите за социјални работи;
3. Градење на капацитетите на службениците при МВР и ЦСР преку обуки за облиците на насилство и соодветен третман на жртвите;
4. Сензибилизација на службениците кои имаат законска обврска да постапуваат при случаи на семејно и родово-базирано насилство;
5. Работилници за подигнување на јавната свест за превенција и заштита од семејно и родово базирано насилство, со цел охрабрување на жртвите и враќање на довербата кон институциите;
6. Редовни работилници во образованието за препознавање на облиците на насилство и механизмите за заштита од истите.
Силно веруваме дека Основното Јавно Обвинителство ќе ги преземе сите неопходни чекори во истрагата и на насилникот ќе му биде изречена максимална казна за стореното дело врз Р.А., за правдата да биде задоволена.
Апелираме до сите жени кои имаат потреба од било каква помош и поддршка во случаи на родово базирано и семејно насилство, да се обратат кај нас. Во нашиот Центар за помош и поддршка на жени жртви на родово базирано и семејно насилство „ISI ARKA“ нудиме бесплатни психо-социјални и правни услуги, секој работен ден од 9:00 часот до 17:00 часот. Центарот „ИСИ АРКА“ се наоѓа на адресата „Хаџи Јован Шишко“ бр. 15, а може да не контактирате и на телефонскиот број: 070 385 831.
Тркалезната маса која се одржа на 29.04.2025 (вторник) беше можност за презентација и дискусија на анализата од спроведената анкета во рамки на проектот “Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата”
🎉 Инспиративен GREEEN настан во Скопје! 🌍📍 30 април | Младински Центар МатичноПод мотото „Пријави се. Поврзи се. Инспирирај се. Научи. Сподели. Развивај се себе и учениците“, Еко Логик и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес го организираа мултипликаторниот настан за промоција на резултатите од проектот GREEEN – Games, Resources, Environment, Entrepreneurship and Education Network.👥 На настанот беа споделени:Прирачник за претприемништво – со нови идеи за претприемачки предизвици.Прирачник за воннаставни активности – креативни решенија за учење надвор од училница. Онлајн лекции – 80 нови дигитални ресурси од областа на природни и општествени науки, уметност технологија, кои ќе го збогатат искуството на наставникот. Презентација на најдобрите еколошки иницијативи и претприемачки проекти – извонредни примери на иновации и еколошки проекти во кои учениците активно учествуваa. Статии од онлајн весник, создадени од учениците- повеќе од 100 написи кои се фокусирани на еколошки прашања и претприемништвоПрезентација на стрип – визуелно инспиративно согледување на еколошките проблеми.Учениците зборуваа за своето искуство од нивното учество преку подготвка на статии, стрип и проекти📣 Што велат учесниците?✔️ Одлична организација и корисна содржина✔️ Практични и иновативни примери, особено стрипот како едукативна алатка✔️ Доволно време за дискусија и размена на искуства✔️ Силна желба за повторна соработка и идни активностиОвој настан го потврди значењето на креативниот пристап во едукацијата и важноста на соработка помеѓу ученици и наставници. Продолжуваме со уште поголема мотивација! 💡🌿
Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара адаптирање на промените, следење на трендовите и постојана едукација. Во насока на потребата од постојана едукација, на 28-30 април 2025 во Берово беше одржана oбуката: “Застапување во областа на родовата еднаквост и младите и алатки за комуникација со целни групи и креирање на содржини за ефективно застапување“. На оваа обука претставници на граѓанските организации (ГО) и локалните младински совети од Берово, Пехчево, Виница и Делчево ги надградија своите знаења за застапување во однос на цели, задачи, форми, процес и елементи на јавното застапување, организирање кампања за застапување и содржина на документ за јавни политики, со посебен акцент на родовата еднаквост и младите.
Клучно е активистите во граѓанскиот сектор да се стремат кон холистички развој на национално, регионално и локално ниво. Токму оваа способност за адаптација и иновација е она што го одржува секторот жив и релевантен во контекст на современите предизвици.
Тодор Цонев од ГО ИНИ Виница истакна дека застапувањето и лобирањето е предизвик за малите организации, кои често се соочуваат со административни пречки. Тој потенцираше дека луѓето имаат потреба од дискусија и споделување искуства за добри и лоши практики.
Претставникот на Младински Совет Делчево нагласи дека преку оваа обука, младите учат повеќе за своите права, бидејќи често се чувствуваат оставени на страна од случувањата и не се доволно информирани. За време на обуката, истакна тој, се појавија и нови идеи за локално делување.
Според обучувачката Невенка Лонгурова, работната група е мешана со различни капацитети, но секој од својата област ќе има можност да направат индивидуални планови за застапување.
Родне Деолска од Регионален Центар за застапување Делчево, изјави дека секој ваков или сличен настан носи нови знаења, но истовремено и нови насоки и трендови во процесот на застапување.
Оваа тридневна обука се организираше во рамки на проектот „Застапувај, придонеси за својата заедница“, проект спроведуван од Организација ЖЕНА Делчево во партнерство со Здружение Надеж од Македонска Каменица. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на обуката не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
Следно >
Поврзани:
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.