Повик за учество на обуки за дигитални комуникации

Повик за учество на обуки за дигитални комуникации

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, преку користење на дигиталните медиуми. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра интерактивна комуникација, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“, поддржан од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас.

На повикот можат да се пријават сите регистрирани граѓански организации во Република Македонија од различни сектори чија дејност е фокусирана на теми како човекови права, владеење на правото, заштита на маргинализирани групи, дискриминација, заштита на лица со посебни потреби и др. за кои е исклучително важно да добијат поголема видливост во јавноста.

Селектираните организации ќе учествуваат во следните активности:

  1. Дводневна обука за ефикасна комуникација со јавноста на која граѓанските организации ќе можат да се стекнат со вештини и знаења за развивање на ефективни пораки за комуникација со јавноста и медиуми со цел подобро да комуницираат со својата целна публика, да ја информираат јавноста за своите активности и да мобилизираат поддршка од граѓаните за одредени каузи.
  1. Дводневна обука за дигитални комуникации на која претставниците на граѓанските организации ќе научат како подобро да ги планираат и употребуваат своите ресурси за поефикасно комуницирање со публиката преку дигитални медиуми, како и да го мерат импактот кој го имаат преку социјалните медиуми, и да ги воочат различните потреби на различните платформи за дигитална комуникација. Учесниците исто така ќе ги усовршат знаењето и вештините за спроведување на кампањи на социјални медиуми за остварување на своите цели и промоција на своите активности.
  1. Менторство во текот на спроведувањето на дигитални комуникациски стратегии од страна на селектираните граѓански организации, во рамки на нивни постоечки проекти и активности, со цел истите да обезбедат поголем досег во јавноста.

Аплицирање:

Заинтересираните граѓански организации треба да поднесат: 1. пополнета апликација, 2. копија од документ за основање (статут, одлука или др.) и регистрација на организацијата, и 3. копија од последниот годишен извештај со финансиска изјава.

Апликациите и останатите документи треба да се достават лично или по пошта во печатена форма во два примерока, во коверт на адреса: Институт за комуникациски студии, Јуриј Гагарин 17/1-1, Скопје, со назнака: „Апликација: ДигитАКТ“. Краен рок за доставување на апликациите е 4 декември (понеделник) 2017 година до 16:00 часот.

Кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен круг ќе бидат повикани на интервју во текот на декември 2017.

Контакт: info@iks.edu.mk; тел. 02 30 90 004;

Лице за контакт: Бојан Георгиевски (bojang@vs.edu.mk).

Проект: „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“ (2017-2018) e поддржан од програма за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас.

Целта на проектот е да ги развие капацитетите на граѓанските организации за ефикасно остварување на својата улога на чувари на јавниот интерес и застапници на интересите на граѓаните преку интерактивна комуникација и соработка со граѓаните и целната публика.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор