Во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“, поддржан од Детската Фондација Песталоци од Швајцарија кој се спроведува во партнерство со Бирото за развој на образованието, се реализира Состанок со директори и наставници од 17 проектни училишта кој се одржа во периодот 08-09 ноември 2017, во хотел Глигоров, Струмица.

Главната цел на настанот беше целосно запознавање на училиштата со 3-тата фаза на проектот со фокус на Ресурсниот пакет, интерните акти за детски права и Индексот за детски права.