Токсичните рудници: заштитен знак на модерниот капитализам во Романија, Грција, Србија а сега и Македонија

Рудник за злато во Кахамарка, Перу

Последните неколку месеци Македонија тивко и подмолно стана мета за меѓународн рударски компании благодарејќи на ефтините и чудни концесии кои ги издаде бившата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Гевгелија, Валандово, Куманово, Дојран, Богданци, Стрмица, се градовите кои нема да добијат ништо од отворањето на рудниците за ископ на бакарна руда и злато туку ќе изгубат. Овие градови се претежно земјоделски и со отворањето на рудниците нема да се загади само воздухот од површинските ископувања, туку и водата и земјата од отровните супстанции кои ќе се користат за екстракција на рудите. Цијанид, арсен, а најмногу сулфурна киселина која се користи за екстракција на златото и бакарот од бакарната руда се отровите кои ќе станат секојдневие на нашите сограѓани. За трагедијата да биде поголема, ваквиот вид на експлоатација со висок степен на загадување на околината, површински коп, профит кој во огромен процент оди само за инвеститорот додека државата добива ситнурија во облик на 2% од целата добивка, не се случува само во Македонија. Борбата е одамна почната во Романија, Грција, а сега на мета се Македонија и Србија со огромниот басен на бакарна руда во источна Србија, рудниците на Бор.

Во северозападниот дел на Романија, во областа Трансилванија, еден од најпознатите случаи на отворање на ваков рудик, поточно екстракција на злато со користење на цијанид, е селото Рошиа Монтана. Во 2015 година романската фирма РМЦГ почнува со ископувања и создавање на вештачки базени за складирање на цијанид кој би се користел за екстракција на златото дури и од најсиромашните карпи. Населението и јавноста почнуваат да се бунтуваат знаејќи ги последиците од отворањето на ваквите инвестиции. Истражувачкото новинарство во Романија дошло до информации дека зад компанијата која ја има концесијата стојат луѓе од бившите обавештајни служби на Романија, злогласните Секуритате. [1]Ти,е благодарејќи на пристапот до чувствителни информации за состојбата на природното богатство во Романија, им ги продаваат на странските инвеститори, а фиктивните фирми во Ромаиија само се маска за големите рударски корпорации како European Goldfields. Поради големиот притисок што бил вршен над жителите на ова село, тие биле принудени да бираат помеѓу исселување во блискиот град или целосно труење на својата колина. Поддржани од активистите, жителите одлучиле да останат, но монструозноста на корпорациите одела до таму што во текот на ноќите тие почнале незаконска ексхумација на починатите селани со цел да ги избркаат жителите, бидејќи тие изјавиле дека своите мртви не ги оставаат. Дополнителен проблем во оваа тажна состојба на грабање на земјиште поради бизнис интереси е и фактот дека во јавноста во Романија се случил културолошки судир помеѓу јавноста од градските региони која поддржувала инвестиции и од друга страна активистите и селаните кои ги бранеле своите огништа. Желбата за пари и инвестиции кои наводно би донеле подобрување на економската состојба била семе на раздор во романското општество. Борбата на романските селани од овој регион продолжува.

Економската криза Грција ја стави во незавидна положба и во 2103 година тогашнаа влада потпиша договор со европската „тројка„ (ММФ, Европската банка и Европската комисија) за изгласување на легислатива која ќе отвори поголем пат за странски инвестиции. Овој договор бил отворена врата за компании како канадската Canadian Eldorado Gold која имала план да отвори рудници за злато на полуостровот Халкидики, во близина на местото Скурис. Со токсичниот отпад 4324 тона на годишно ниво кој ќе го произведе канадската компанија со екстракција на златото, ќе се уништат насадите на маслинки, производот на фета сирење и медот кои се главни производи на жителите на овој полуостров. Да не пропуштиме да напоменеме дека екстракцијата ќе произведе 20.000 тони арсеник како отпаден производ кој заедно со сулфурната киселина ќе заврши во подземните води и ќе ги загади не само водите туку и земјата. Количество доволно да се покрие цела територија на Кина шест пати. И во овој случај локалните жители заедно со активистите се побуниле и почнале протести и блокади. Насилството, апсењата и заканите кои биле познат метод во Романија за застрашување на населението од страна на корпорациите, се појавиле и овде. Атласот на правда за чиста околина (Environmental Justice Atlas), забележал над 2000 судири во Африка, Европа и Јужна Америка помеѓу активисти за чиста околина и население наспроти меѓународни рударски корпорации, а 400 судири само во Европа. [2]

Во источна Србија, во близина на градот Бор, постои рударско топилничарски басен со  рудници за бакар и овој басен се смета за најбогатиот во светот. Моментално искористувачкиот капацитет на рудата е 0.3% бакар на тон руда. Испитувањата на канадската фирма “Nevsun” на длабочина од 600 метри нашле руда која содржи 20% бакар што самото ископување и екстракција ја чини високо економски исплатлива. Оваа фирма е во партнерски однос со најпознатата фирма за ископување на бакар во светот, Rio Tinto, која е присутна во Африка и Јужна Америка.[3] Но, сепак, прашањето е следно, дали екстракцијата на бакар во Бор ќе биде исто толку токсична како и за рудниците во Македонија, Грција и Романија кога знаеме дека овие канадски фирми доаѓаат во Европа и на Балканот најмногу поради штетниот договор ЦЕТА кој се потпиша помеѓу ЕУ и Канада. Со овој договор се дозволува канадските и американски фирми кои користат токсични материи за екстракција на рудите да отвораат под поволни услови рудници во Европа, а со тоа и на Балканот. Начинот на екстракција на рудата е слична со фракингот, поточно вадењето на нафта од нафтните шкрилци со користење на вода под висок притисок и кршење на карпи што доведува до директно загадување на подземните води и земјиштето.

Ако порано окупаторите се разликуваа по униформите, денеска е многу тешко да се разликуваат, сите носат костуми и вратоврски. Борбата која ни е наметната е борба за чиста околина и здравје наспроти бизнис интерес и ситни проценти од профитот за корумпираните политичари. Очигледно е дека се нема избор.

Автор: Соња Стојадиновиќ

[1] http://www.bilten.org/?p=9629

[2] http://antigoldgr.org/en/

[3] http://www.b92.net/biz/vesti/srbija.php?yyyy=2017&mm=07&dd=21&nav_id=1284936

The post Токсичните рудници: заштитен знак на модерниот капитализам во Романија, Грција, Србија а сега и Македонија appeared first on Солидарност.

Продолжи со читање

  • Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт

    Според Индексот на отвореност за 2024 година, исто како и претходната година, Владата на Северна Македонија е најотворена институција меѓу групите од извршната власт, министерства и органи на државната управа, исполнувајќи 77,32 % од критериумите. Во споредба со претходната година има забележано пад од минимален 1 отсто, кој се повторува втора година по ред. Фондација […]
    The post Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт first appeared on Metamorphosis.

  • Иницијатива за формирање на Националното собрание на млади

    На 25.9.2025 год. во хотел Александар Палас во Скопје се одржа иницијативна средба за формирање на Националното собрание на млади во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.  На средбата присуствуваа 40 младински организации, претставници на Владата, Министерството за социјална политика, демографија и млади и меѓународни организации. Како…

  • Програма за Текстилијада #9

    📢 ТЕКСТИЛИЈАДА 9 – Штип03–04 октомври 2025 📅 Петок, 03.10.2025 10:00 – Отворање на „Текстилијада 9“ – Откривање на мурал „Иднината

  • МЛАДИТЕ УЧЕА КАКО ДА ВРШАТ МОНИТОРИНГ НА РЕЧНИТЕ КОРИТА

    Младите од Општина Карпош, Општина Зелениково и Општина Ѓорче Петров, учеа како да вршат мониторинг на речните корита.

    Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Center for Environmental Democracy – Florozon и Еко Логик.

    Настанот е дел од проектот „Брза проценка на водотеците на Западен Балкан – Фаза 2“, поддржан од U.S. Forest Service and Department of Defense EUCOM and Forest Service International Foundation.

    Настанот започна во 09:30 часот со едукативна сесија, по што следеше практична теренска вежба на реката Лепенец. Таму младите учесници и претставници од општините имаа можност директно да ја применат СВАП методологијата (Stream Visual Assessment Protocol) и да научат како се проценува состојбата на едно речно корито. Дополнително, беа идентификувани и жешки точки долж реката Лепенец.

    Целта на овој настан беше да ги запознае младите и претставниците од општините со современи методи за проценка на квалитетот на водните текови, да ги зајакне капацитетите на локалните чинители – институции, граѓански организации и експерти, како и да поттикне поширока јавна дискусија за заштита и одржливо управување со водните ресурси.

    Настанот беше наменет за млади на возраст од 15 до 30 години како и за претсавници од општините од општините Карпош, Зелениково и Ѓорче Петров, кои преку интерактивна едукација и теренска работа стекнаа нови знаења и вештини за мониторинг и заштита на речните корита.

  • Собирање и валоризација на биоотпад: Проблеми и решенија

    Големи количини на органски отпад завршуваат на депониите. Има бројни примери во Европа што се фокусираат на иновативни решенија во градовите, коишто придонесуваат за преработка на биоотпад во производи со висока додадена вредност.

    Околу 225 милиони тони цврст комунален отпад (ЦКО) се собрани во 2020 година во Европа (505 кг по глава на жител). Во ЕУ 50% од него се отстранува (27% за добивање енергија од отпад во постројки за согорување и 23% се депонираат), 48% се искористува (30% во постапки за рециклирање и 18% при селективно собирање за добивање компост), додека 2 % неконтролирано се губи (отстранува).
    Имајќи го вo предвид влијанието што биоотпадот го има врз животната средина поврзано со генерирањето на стакленички гасови, како и големата економска загуба, заради трошоците за данок за негово депонирање, или губење на вредноста на различните рециклирачки материјали што се наоѓаат во ЦКО (пластика, хартија, метали и стакло, заедно со отпадната органска материја), правилното постапување со биоотпадот е клучно за унапредување на живеењето во градовите.
    Стапката на валоризација на цврстиот комунален отпад е повисока во земјите од Централна и Северна Европа (околу 60%) отколку во земјите од Јужна и Источна Европа (околу 20%), каде што инфраструктурата за собирање и третман на отпад, како и свеста за животната средина, се помалку развиени.
    Новото европско законодавство и стратегии за управување со отпад (Рамковна директива за отпад 2018/8511, Водечката иницијатива на патоказот во рамки на Европа 2020, Акциониот план за циркуларна економија за 2030 година) идентификуваат приоритети во третманот на отпад: превенција, повторна употреба, рециклирање, преработка и отстранување.
    Многу градови во ЕУ се соочиле со предизвици поврзани со организација и оптимизирање на системот за селекција и селективно собирање на биоотпадот од домаќинствата во градот, со цел зголемување на вредноста на рециклирачките материјали на ЦКО, со посебен фокус на валоризацијата на биоотпадот.

    ПРОБЛЕМИ
    РЕШЕНИЈА

    Ниска мотивација за рециклирање. Недостаток на знаење за тоа како да се одвои отпадот.
    Граѓаните мора да се сметаат за основа на синџирот за рециклирање на биоотпад. Потребни се податоци за селективното собирање, за системот да се организира на одржлив начин.

    Во оваа смисла, подигнувањето на свеста на граѓаните за начинот на селектирање и рециклирање е значајно, за да се зголеми вредноста на биоотпадот. Потребна е доследно следење на чекорите во постапувањето со биоотпадот (како селекција и преттретман на органската фракција на ЦКО), со цел да се избегне контаминација и несакано предвремено разградување на биоотпадот, што го намалува неговиот потенцијал за валоризација во производи со висока додадена вредност (како компост и сл.).
    Извор: https://waste-management-world.com/
    Оваа статија е подготвена во рамките на Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и е поддржано од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

  • Младите од општина Карпош, општина Зелениково и општина Ѓорче Петров,  учеа како да вршат мониторинг на речните корита

    Скопје, 24 септември 2025 година Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија, ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија и Еко Логик. Настанот е дел од проектот „Брза проценка […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор