ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО КОАЛИЦИЈА СЕГА

 

Коалиција на младински организации СЕГА објавува

ЈАВЕН ПОВИК за ангажман на определено време

Работна Позиција: Асистент за интеркултурни младински размени во Швајцарија

Коалиција на младински организации СЕГА има потреба од ангажирање на лице за работна позиција во Прилеп: Асистент за интеркултурни младински размени за период од три месеци.

 

Потребните квалификации и искуства за работната позиција: Асистент за интеркултурни младински размени

  • Завршено високо образование или во завршни додипломски студии (се охрабруваат да аплицираат апсолвенти)
  • Активно користење на MS Office
  • Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување)
  • Одлични комуникациски вештини
  • Искуство за раководење со проекти
  • Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи
  • Креативност во пристапот, иницијативност и способност за работа во тим
  • Предност ќе имаат кандидати со претходно работно искуство во организирање на меѓународни настани со деца на возраст од 10 – 18 години (размени, семинари, обуки, работилници).

Главни одговорности:

  • Подготовка на план на активности за реализација на младинска размена
  • Навремена подготовка, објавување на повик за учесници на размени и испраќање на известување до вклучените училишта од РМ
  • Организирање на интервјуа со потенцијални кандидати (ученици) во училиштата кои се дел од соодветната размена
  • Подготовка на извештај од спроведени интервјуа
  • Прибирање и ажурирање на информации и податоци од селектираните учесници
  • Организација на процес за подготовка на групи на ученици за учество на интеркултурните младински размени
  • Организирање и одржување на координативни подготвителни состаноци со супервизори-одговорни професори од вклучените училишта од РМ
  • Редовна комуникација со супервизори за координација на подготвителни и последователни активности
  • Организирање и одржување на подготвителни работилници со селектирани учесници
  • Навремена и прецизна подготовка и испраќање на документи (потребни за реализирање на младинска размена) во Детската Фондација Песталоци во Швајцарија
  • Следење и координација на активностите за време на дво-неделната разменаМониторинг и следење на последователните активности од реализираните интеркултурни размени
  • Редовна подготовка на извештаи за реализираните интеркултурни размени

Одговорностите подразбираат целосна поддршка на Координаторот на интеркултурни размени во Коалиција СЕГА.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • мотивационо писмо 
  • кратка биографија (вклучително и фотографија)

Целосната документација да се достави најдоцна до 07 август 2017 година на  aplikacija@sega.org.mk, или на адреса ул. Цар Самоил бр. 18 Прилеп, (матично, прв спрат – до Средното економско училиште).

Само селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју во рок од седум дена од завршувањето на огласот.

Ангажманот на асистентот се однесува на периодот 01 септември – 30 ноември 2017 година, со пробен период од 15 – 31 август 2017 година. Во зависност од перформансите на асистентот возможно е долгорочно продолжување на ангажманот.

Дополнителни информации на телефон 048 429 390, или на е-маил  sega@sega.org.mk.

*Добиените лични податоци од апликантите ќе бидат искористени само за потребите на овој повик, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци на РМ. 

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор