Проект Создавање можност за Вработување на Млади Од Руралните Средини, Целосната опрема од проектот беше предадена на Општините Липково, Старо Нагоричане и Крива Паланка

Проект: Создавање можности за вработување на младите од руралните средини

Центарот за економски анализи – ЦЕА заедно со ФФРМ го спроведуваат проектот “Создавање можности за вработување на младите од руралните средини” финансиран од Европската Унија, преку ИПА Програмата за Развој на човечки ресурси.

Целта на проектот е олеснување на вклученоста на младите од руралните средини на пазарот на трудот во Североисточниот плански регион. Проектот ја поддржува социјалната вклученост на младите од руралните средини, преку зголемување на вештините за вработување, обука и поддршка за полесно вклучување на пазарот на труд преку практична работа и учење при што би се придонело кон економски и социјален развој на општините во Североисточниот плански регион во Македонија.

 

Во рамките на проектот, во текот на 2016 година беа отворени и опремени локални канцеларии/работни клубови во склоп на три општини од Североисточниот регион: Општина Липково, Крива Паланка и Старо Нагоричане, во кои младите невработени од руралните средини имаа можност да вршат практична обука, која ќе овозможи транзиција на младите кон вработување при тоа стекнувајќи искуство како практиканти. По едногодишно успешно функционирање и воспоставена и ифраструктура на Работните клубови, целосната опрема од проектот беше предадена на Општините Липково, Старо Нагоричане и Крива Паланка, кои во иднина ќе имаат можност сами да го продолжат функционирањето на истиите.

Целосното соопштение е достапно на следниот линк Соопштение 

The post Проект Создавање можност за Вработување на Млади Од Руралните Средини, Целосната опрема од проектот беше предадена на Општините Липково, Старо Нагоричане и Крива Паланка appeared first on CEA – Center for Economic Analyses.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор