znm 1

ЗНМ го одбележа својот 70-ти јубилеј

znm 1Здружението на новинари на Македонија на 19-ти февруари го одбележа својот јубилеј 70-години од своето основање.

znm 1

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани во воведниот говор зборуваше за предизвиците и тешкотиите со кои се соочуваат новинарите во Македонија. Тој истакна дека за жал новинарството и медиумите низ годините поминувале секакви тешки моменти, и не секогаш било лесно да се заштитат правата на новинарите и слободата во медиумите. Тој истакна дека следењето на стандардите на Европска Унија и препораките на Советот на Европа се единствен пат за слобода на медиумите.

На присутните им се обрати и амбасадорката Sybille Suter Tejada од Швајцарската амбасада во Скопје и претставник на Швајцарската агенција за развој. Свое обраќање имаше и Амбасадорот Wouter Plomp, амбасадор на Холандска амбасада во Скопје, како и претставник на земјата членка која во моментов претседава со Советот на Европската Унија.

Како говорници дел зедоа и ветераните на македонското новинарство и тоа Ивко Панговски кој сведочел на формирањето на македонското новинарско здружување како и Мендух Ајдини кој во седумдесетите години бил Заменик претседател на ЗНМ.

znm 2

Традиционално на настанот беше доделена новинарската награда „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело на новинарот Атанас Костовски. Тој е новинар со искуство од педесет и осум години, познат поранешен уредник и коментатор на спортската редакцијата на МРТВ кој остави своевиден белег во развојот на спортското новинарство.

Новинарската награда „Јашар Еребара“ за едногодишно остварување за истражувачкото новинарство во медиуми ја освоија новинарките Менче Атанасова Точи, од НОВА ТВ и Светлана Дарудова, од весникот Дневник.

На настанот присуствуваа голем број на истакнати новинари, уредници, сопственици на медиуми, нашите соработници од партнерските организации и истакнати амбасадори.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор