cm logo

Објавен првиот повик од Цивика мобилитас

Цивика мобилитас денес го објави првиот повик за институционални грантови кои им се наменети на граѓанските организации. Институционалните грантови на Цивика мобилитас го поддржуваат процесот на институционален развој / организациско јакнење на избраните грантисти.

Civica Logo Clr

Пријавите за овој повик се поднесуваат преку формуларот за пријавување, а сите обрасци се достапни на https://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-01/formulari

Големината на грантовите на годишно ниво ќе биде помеѓу 15.000 и 40.000 швајцарски франци по грант. Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на адресата: poddrska@civicamobilitas.mk, најдоцна до 10.01.2015 г. Краен рок за поднесување на пријавите е 26 јануари 2015 г., до 16 часот до кога треба да бидат примени сите пријави.

Цивика мобилитас ќе одржи неколку информативни сесии за овој повик, во периодот од 15-19.12.2015 година и тоа во: Струмица (15), Штип (16), Скопје (17), Битола (18) и Гостивар (19). Конечниот распоред како и времето на одржување на сесиите ќе биде објавен на https://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-01/info-sesii.

Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

Продолжи со читање

  • Цивика мобилитас и ПРАГГ разменија искуства и знаење од спроведувањето на програмите за поддршка на граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас се сретна со колегите од швајцарската програма „Проактивни граѓани и граѓанки“ (ПРАГГ) во Босна и Херцеговина од 15 д 19 јуни 2026 година во Сараево. Размената на искуства во поддршката на граѓанското општество во двете земји беше во фокусот на дискусиите. Посетата беше одлична можност да…

  • На граѓанскиот и бизнис секторот им се потребни партнерства за одржлива соработка

    „Од краткорочни донации кон долгорочни партнерства“! Ова беше главната порака на работилницата „Зајакнување на соработката помеѓу приватниот сектор и граѓанското општество“, што се одржа на 10 јуни во Скопје. Повеќе од 20 претставници на граѓански организации разговараа за тоа како соработката со компаниите може да се развие во одржлив модел…

  • Кодексот за граѓански организации како алатка за критика и пофалба од сопствената фела

    На 2 јуни 2026 година, во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), тимот на Цивика мобилитас јa организираше првата работилница посветена на унапредување на спроведувањето на Кодексот за граѓански организации. Работилницата ги собра грантистите на Цивика мобилитас од Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, кои дискутираа за можностите за…

  • Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите

    Во периодот од 8 до 21 мај, тимот на Цивика мобилитас реализираше посети за мониторинг на организациите корисници на  грантови. Посетите се одвиваа во просториите на организациите носители на проектите, а на средбите најчесто присуствуваа и претставници на партнерските организации. Со оглед дека најголем дел од проектите влегуваат во завршна…

  • Старо-новите предизвици на граѓанскиот сектор

    Предлог – Законот за здруженија и фондации, односно коментарите и предлозите поврзани со него предизвикаа повеќе дебати во граѓанскиот сектор во  почетокот на годината. Ова беше и разбирливо ако се има предвид дека станува збор за основниот закон според кој функционираат граѓанските организации. Поднесените околу 130 коментари многу јасно го…

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор