слика за веб

Платформата на граѓански организации за борба против корупција учествуваше на националните консултации на УНОДЦ за состојбите со корупцијата и идните стратешки цели

На 18 ноември 2026 година, во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа неформална консултативна средба организирана од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), како дел од серијата консултации со локални чинители и партнери низ Југоисточна Европа.

Целта на настанот беше размена на мислења, дискусија за новите потреби и приоритети, како и собирање сознанија кои ќе го обликуваат дизајнот на потенцијалната следна фаза на регионалната програма „Југоисточна Европа – Заедно против корупцијата“ (Southeast Europe – Together Against Corruption – SEE-TAC). Програмата SEE-TAC, која УНОДЦ ја спроведува во партнерство со Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), претставува една од клучните регионални иницијативи насочени кон граѓанскиот сектор во областа на доброто владеење, транспарентноста, отчетноста и борбата против корупцијата, вклучително и во Северна Македонија. Со оглед на разгледувањата за можна втора фаза (SEE-TAC II), целта беше да се слушнат искуствата и препораките на организациите активни во оваа област, вклучително и оние кои досега не биле директно вклучени во програмата.

На средбата од страна на УНОДЦ присуствуваше претставничката Викторија Нестеровајте, дел од тимот на Одделот за граѓански организации на УНОДЦ.

На консултациите во Северна Македонија активно учество зедоа граѓански организации членки на Платформата на граѓански организации за борба против корупција. Претставниците на Платформата дадоа суштински придонес кон дискусијата, укажувајќи на актуелните состојби со корупцијата во државата, својот досегашен фокус на работа и клучните предизвици со кои се соочува граѓанскиот сектор. Исто така, тие ги споделија своите видувања за приоритетите во наредниот период и областите во кои понатамошната поддршка и регионалната соработка можат да донесат напредок во унапредувањето на антикорупциските политики и практики.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Платформа на граѓански организации за борба против корупција

Продолжи со читање

  • Шар Планина: Од водно богатство до водна сигурност

    Анализа на водните ресурси, ризиците и интегрираното управување Шар Планина е еден од најзначајните водни системи во Република Северна Македонија. Нејзините површински и подземни води обезбедуваат вода за локалните заедници во Полошкиот регион, придонесуваат кон водоснабдувањето на Скопје преку извориштето Рашче, се користат за производство на електрична енергија преку Мавровскиот хидроенергетски систем и ги одржуваат […]
    The post Шар Планина: Од водно богатство до водна сигурност appeared first on IDSCS.

  • МЗМП учествуваше на јавната расправа за измените на членот 123-а од Законот за семејството

    На 17 ноември 2026 година Комисијата за социјална политика, демографија и млади одржа јавна расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семејството, со кој се уредува пристапот до податоците за посвојувањето. Македонското здружение на млади правници учествуваше на расправата. Измените доаѓаат по […]
    The post МЗМП учествуваше на јавната расправа за измените на членот 123-а од Законот за семејството appeared first on Myla.

  • Шест конкретни барања до институциите за време на 16 дена активизам – 16 дена можност за конкретни одлуки, наместо конференции, свечености и празни ветувања!

    Бараме мораториум на протоколарните настани и итни институционални мерки за спречување на насилството врз жените и фемицидите. Повик за поддршка е упатен и до меѓународната […]

  • ЈАВНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА РОДОВАТА ПЕРСПЕКТИВА ВО ПОЛИТИКИТЕ И ПРОГРАМИТЕ НА ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

    На 3 октомври 2026 година, во Општина Новаци се одржа настан посветен на јавното застапување за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите на јавните комунални услуги. На настанот присуствуваа градоначалникот г. Стевче Стевановски, како и претставници од Општина Новаци, меѓу кои координаторот за еднакви можности, раководителите на одделенијата за финансиски прашања, комунални дејности,…

  • Еко Логик и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка

    На 17 ноември 2026 година, Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко Логик“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје официјално потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темелите за долгорочно партнерство во областа на образованието, истражувањето, одржливиот развој и заедничкото учество во национални и меѓународни проекти. Целта на ова партнерство […]

  • INNEXA Summit 2026: Нови можности за меѓународна соработка и партнерства

    Меѓународните партнерства се градат преку континуирана соработка, доверба и активно учество во мрежи што поттикнуваат размена на знаења, искуства и можности за заеднички развој. Во тој контекст, нашето учество во активностите на INNEXA Alliance претставува важен дел од нашите напори за проширување на меѓународната соработка, воспоставување нови партнерства и зајакнување на постојните професионални контакти. По […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор