White blue professional modern marketing agency email header

Шест конкретни барања до институциите за време на 16 дена активизам – 16 дена можност за конкретни одлуки, наместо конференции, свечености и празни ветувања!

Бараме мораториум на протоколарните настани и итни институционални мерки за спречување на насилството врз жените и фемицидите. Повик за поддршка е упатен и до меѓународната заедница, како и до жените од сите политички партии. Во пресрет на
глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство упатувaме јавен повик до Владата, Собранието, надлежните институции, меѓународната заедница и сите политички чинители оваа година да го променат пристапот кон одбележувањето на кампањата.

Во година во која се случија седум фемициди, сметаме дека е недозволиво институциите повторно да организираат конференции, свечености, панели ипромотивни активности на кои ќе зборуваат за постигнатите успеси, додека жените продолжуваат да бидат убивани, дури и во случаи кога насилството претходно било пријавено.

Затоа, повикуваме на мораториум на сите протоколарни и промотивни настани во рамките на кампањата „16 дена активизам“ и бараме овие 16 дена да бидат искористени за конкретни политички одлуки, институционална одговорност и обезбедување средства
за вистинска заштита на жените. Наместо осветлување на институциите во портокалово, бараме институциите да покажат дека ја разбираат сериозноста на состојбата преку конкретни дела, одлуки и преземање одговорност.

Шест конкретни барања до институциите:

1. Итно усвојување на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, поднесени на 26 август во Собрание најдоцна до 10 декември 2026 година.

2. Финализирање и усвојување на пакетот измени на осум закони, за кои беше формирана работна група во Април 2026 година меѓу кои Законот за полиција и Законот за семејство кои треба да обезбедат поефикасна институционална заштита и подобра координација меѓу полицијата, социјалната заштита, правосудството и другите институции.

3. Обезбедување конкретни буџетски средства во Буџетот за 2027 година, вклучително и најмалку 200 милиони денари за специјализирани услуги за заштита и поддршка на жртвите на насилство и превентивни програми за третман на сторителите.

4. Усвојување и јавно објавување на заклучоците од собраниската надзорна расправа за родово базираното насилство, со конкретни институционални задолженија, рокови и механизми за следење.

5. Повлекување на регресивните измени во: законите за основно образование и учебници за основно и средно образование усвоени во април 2025, упатството за заштита од насилство во основно образование (усвоено јули 2025) и програмата
за сексуално образование, со кои е ослабена заштитата од дискриминација, родовата еднаквост и превенцијата од родово базирано насилство, како и враќање на сексуалното образование.

6. Итно утврдување индивидуална и институционална одговорност за сите случаи на фемицид, вклучително и последниот случај со 17-годишната девојка од Богданци. Бараме независни проверки на постапувањето на надлежните институции и конкретни последици за утврдените пропусти.

Со истите барања и со повик за конкретна поддршка се обративме и до амбасадите на развиените европски демократски држави во Северна Македонија, Делегацијата на Европската Унија, агенциите на Обединетите нации, ОБСЕ и претставниците на меѓународната заедница. Од нив бараме да го искористат својот политички авторитет за да поттикнат исполнување на овие барања, јавно да ги поддржат, да побараат конкретни одговори од Владата и Собранието и да го следат напредокот во нивното спроведување.

Меѓународната солидарност не треба да заврши со говори на конференции. Таа треба да се преточи во конкретна политичка поддршка за законски решенија и обезбедување одржливи услуги за заштита на жените.

Упатуваме посебен повик до жените од сите политички партии, пратеничките, градоначалничките, претседателките и членките на општинските совети, без оглед на нивната политичка припадност, да се приклучат кон барањата и активно да се заложат за
нивно исполнување. Насилството врз жените не е прашање на партиска припадност, ниту тема за политичко надмудрување. Тоа е прашање на живот, безбедност и достоинство.
Очекуваме жените кои денес имаат политичка моќ и можност да влијаат врз носењето одлуки да покажат солидарност и лидерство преку конкретни политички иницијативи, поддршка за законските измени, обезбедување буџетски средства и барање одговорност
од институциите.

Упатуваме посебен повик до жените од сите политички партии, пратеничките, градоначалничките, претседателките и членките на општинските совети, без оглед на нивната политичка припадност, да се приклучат кон барањата и активно да се заложат за нивно исполнување. Насилството врз жените не е прашање на партиска припадност, ниту тема за политичко надмудрување. Тоа е прашање на живот, безбедност и достоинство.
Очекуваме жените кои денес имаат политичка моќ и можност да влијаат врз носењето одлуки да покажат солидарност и лидерство преку конкретни политички иницијативи, поддршка за законските измени, обезбедување буџетски средства и барање одговорност од институциите.

Ова е можност жените во политиката, без разлика дали се дел од власта или опозицијата, да покажат дека заштитата на животите на жените е поважна од партиските разлики. Граѓанскиот активизам продолжува – но не и учеството во
протоколарни настани. Предложениот мораториум не значи прекин на граѓанскиот активизам. Напротив, ги поддржуваме протестите, маршевите, локалните иницијативи, културните активности и активностите на младите, училиштата и организациите кои
обезбедуваат директна поддршка за жените. Она во кое нема да учествуваме се настани, конференции, свечености и протокуларни настани, организирани од институции кои досега имаа само заложби, а ниту едно конкретно исполнување.

Особено повикуваме на поддршка на граѓанскиот протест најавен за 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, како и на сите други aвтентични граѓански иницијативи. Не бараме уште една кампања со убави пораки.

Бараме држава во која жените ќе бидат заштитени, институциите ќе реагираат навреме, а пропустите ќе имаат последици. Овие 16 дена треба да бидат тест за вистинската политичка волја на институциите и политичките чинители.

На 10 декември, кога завршува кампањата, сакаме да знаеме кои закони се усвоени, колку средства се обезбедени за услуги за заштита и превенција од насилство, кои мерки се преземени и кој понел одговорност. Зашто секој следен фемицид не е само трагедија. Тој е и прашање за тоа што институциите можеле, а не направиле за да го спречат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • МЗМП учествуваше на јавната расправа за измените на членот 123-а од Законот за семејството

    На 17 ноември 2026 година Комисијата за социјална политика, демографија и млади одржа јавна расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семејството, со кој се уредува пристапот до податоците за посвојувањето. Македонското здружение на млади правници учествуваше на расправата. Измените доаѓаат по […]
    The post МЗМП учествуваше на јавната расправа за измените на членот 123-а од Законот за семејството appeared first on Myla.

  • ЈАВНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА РОДОВАТА ПЕРСПЕКТИВА ВО ПОЛИТИКИТЕ И ПРОГРАМИТЕ НА ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

    На 3 октомври 2026 година, во Општина Новаци се одржа настан посветен на јавното застапување за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите на јавните комунални услуги. На настанот присуствуваа градоначалникот г. Стевче Стевановски, како и претставници од Општина Новаци, меѓу кои координаторот за еднакви можности, раководителите на одделенијата за финансиски прашања, комунални дејности,…

  • Еко Логик и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка

    На 17 ноември 2026 година, Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко Логик“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје официјално потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темелите за долгорочно партнерство во областа на образованието, истражувањето, одржливиот развој и заедничкото учество во национални и меѓународни проекти. Целта на ова партнерство […]

  • INNEXA Summit 2026: Нови можности за меѓународна соработка и партнерства

    Меѓународните партнерства се градат преку континуирана соработка, доверба и активно учество во мрежи што поттикнуваат размена на знаења, искуства и можности за заеднички развој. Во тој контекст, нашето учество во активностите на INNEXA Alliance претставува важен дел од нашите напори за проширување на меѓународната соработка, воспоставување нови партнерства и зајакнување на постојните професионални контакти. По […]

  • Претставени заложбите од новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година

    На 16 ноември 2026 година, во организација на Министерството за јавна администрација, се одржа јавниот настан „Од заеднички приоритети до конкретни заложби“, посветен на претставувањето и дискусијата за Нацрт-националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 година. На настанот учествуваа претставници на институциите и граѓанските организации кои во изминатите месеци заеднички работеа на утврдување […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор