[Aggregator] Downloaded image for imported item #52492

Заробеност на државата, отчетност и стратешка корупција во Западен Балкан: Клучни наоди од Регионалниот извештај за борба против корупцијата на СЕЛДИ 2026

Регионот на Западен Балкан не се движи кон демократска консолидација. Новите податоци од Дијагностиката за проценка на заробеност на државата (СКАД) и Системот за мониторинг на корупцијата (ЦМС) на СЕЛДИ, претставени во Регионалниот извештај за борба против корупцијата, укажуваат на три главни заклучоци. Заробеноста на државата е длабоко вкоренето низ целиот регион. Институциите за отчетност, судовите и медиумите остануваат под силно политичко и приватно влијание. Заробените институции сè повеќе стануваат влезна точка за странско авторитарно влијание.

scad

Заробеност на државата: нема движење кон демократска консолидација

scad page 1Според оценката и рангирањето на СКАД 2026, Босна и Херцеговина (75,0) и Србија (71,5) се наоѓаат во црвената зона, каде што заробеноста на државата е структурна состојба. Додека, Северна Македонија (63,6) е веднаш под црвениот праг. Црна Гора (56,1), Албанија (55,6) и Косово* (50,6) остануваат во жолтата, спорна зона.

Заробувањето на државата е во корелација и со ставовите кон Европската Унија. Трите земји со највисоки резултати за заробеност на државата бележат и најниска доверба во ЕУ: Босна и Херцеговина (58%), Северна Македонија (54%) и Србија (37%). Заробените институции не го слабеат само управувањето, туку и јавната поддршка за европскиот пат.

Поткупот останува дел од секојдневното искуство на граѓаните. Уделот на граѓани што дале поткуп се движи од 17% во Косово* до 59% во Албанија. Во Албанија, Босна и Херцеговина и Србија, граѓаните изјавиле дека во повеќето од случаите самите дале поткуп, отколку што им било побарано, што укажува на активна вклученост во корупцијата. Административната корупција останува секојдневната основа врз која почива заробувањето на државата.

Отчетност: институциите, судовите и медиумите се заробени

scad page 2Неефикасните антикорупциски политики е највисоко оценетиот институционален фактор што овозможува заробување на државата во сите пет оценувани земји. Овој фактор достигнува 76% во Босна и Херцеговина и 75% во Србија. Црна Гора покажува најголема отпорност според сите четири индикатори. Наодите ја нагласуваат потребата од премин од донесување антикорупциски стратегии кон нивно спроведување, особено во случаите на корупција на високо ниво.

Експертите го гледаат судството изложено на силно политичко и на приватно влијание. Северна Македонија бележи највисоко перципирано политичко (95%) и приватно (89%) влијание врз правосудниот систем, а потоа следуваат Србија и Босна и Херцеговина. Дури и во Црна Гора, предводникот во регионот на патот кон ЕУ, половина од експертите гледаат несоодветно политичко влијание врз судовите.

Ниту една земја во регионот не ја достигнува барем средината на скалата за независност на регулаторите и независност на медиумите. Албанија бележи највисок резултат, 48% во двете категории. Додека, Србија е блиску до нула, со 3% за независноста на регулаторите и 6% за независноста на медиумите.

Стратешка корупција: заробените институции како влезни точки за странско влијание

scad page 3Јавните набавки сочинуваат помеѓу 8,8% и 16,5% од БДП во регионот, што ги прави владите најголем набавувач во многу сектори. Сепак, понудите со еден понудувач се претворени во норма. Во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, околу половина од сите постапки за набавки привлекуваат само еден понудувач.

Странските актери ги искористуваат домашно заробените институции како влезни точки за контрола. Загриженоста е најголема во Србија. Таму 87% од експертите сметаат дека инвестициите од земји надвор од ЕУ и ОЕЦД се политички мотивирани, а 83% веруваат дека странски субјекти надвор од ЕУ контролираат сектори од економијата. Следува Босна и Херцеговина, со 63% и 73%, соодветно.

Повеќето граѓани се сомневаат дека корупцијата може значително да се намали. Големи мнозинства во Албанија (76%), Северна Македонија (67%) и Босна и Херцеговина (66%) веруваат дека тоа не е можно. Косово* е исклучок: 63% од граѓаните таму гледаат простор за промени.

Наодите покажуваат ланчан самозасилувачки циклус. Секојдневнот поткуп ги одржува заробените институции. Заробените институции ги покоруваат судовите, регулаторите и медиумите. Слабата отчетност, пак, ја отвора вратата за политички мотивирани странски инвестиции и ја еродира јавната поддршка за интеграцијата во ЕУ. Прекинувањето на овој циклус бара спроведување на постојните антикорупциски обврски, вистински независни судства и регулатори, како и транспарентни и конкурентни јавни набавки.

Преземете ги инфографиците
Преземете го Регионалниот извештај

*Овој назив не ги прејудицира ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и Мислењето на Меѓународниот суд на правдата за прогласувањето на независноста на Косово.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството. 

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор