[Aggregator] Downloaded image for imported item #51792

„Натура“ и „Гоу Грин“ потпишаа Меморандум за соработка за заштита на животната средина и младински активизам

Здружението на еколозите „Натура“ – Струга и организацијата „Гоу Грин“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на соработката во областа на заштитата на животната средина, младинскиот активизам и промовирањето на одржливиот развој.

Со овој меморандум, двете организации ја потврдуваат својата подготвеност за заедничко планирање и реализација на активности кои ќе придонесат за заштита на животната средина, ќе го поттикнат учеството на младите во еколошки и развојни иницијативи и ќе промовираат отворена и транспарентна комуникација со заедницата.

Важен дел од соработката ќе биде и поддршката на зелените политики и развојот на иновативни решенија на локално ниво, со цел да се придонесе кон создавање почиста животна средина и поодржлива иднина.

Соработката меѓу „Натура“ и „Гоу Грин“ ќе се темели на заемна почит, координација и заедничка визија за подобрување на квалитетот на животната средина и зголемување на граѓанскиот ангажман.

Двете организации веруваат дека соработката и активното вклучување на младите и граѓаните се од суштинско значење за унапредување на еколошките иницијативи и градење поодговорно општество кон животната средина.

Заедничка соработка за почиста животна средина и позелена иднина!

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

  • “Натура” дел од 6-иот Фестивал на Цивика мобилитас во Скопје

    Здружението на екологисти „Натура“ Струга учествуваше на 6-иот Фестивал на Civica Mobilitas, кој собра над 1.000 посетители, граѓани, млади, деца и активисти од целата земја. Во рамките на нашиот промотивен простор, ги презентиравме нашите проекти поддржани од Civica Mobilitas и Европски фонд за Балканот, со посебен фокус на две важни

  • 11 ОКТОМВРИ – 85 години од народното востание

    На 11.10.2026 год. (недела) делегација на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав Симона Љуткова, Анастасија Давчева и Љупче Неделковски положија свежо цвеќе на Спомен костурницата во Велес, по повод одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и големиот јубилеј – 85 години од почетокот на вооружениот…

  • 187 европски граѓански организации бараат одржливо финансирање на граѓанскиот сектор во здравството

    Европското здружение за јавно здравје (EUPHA), заедно со уште 186 граѓански организации од различни области, повика на повторно воспоставување на стабилно, соодветно и предвидливо финансирање на граѓанските организации што работат во областа на здравството преку програмата EU4Health на Европската Унија. Во заедничката изјава, објавена на 8 септември 2026 година, организациите…

  • ОЕЦД: Сиромаштијата, семејните конфликти и несигурното домување се меѓу главните причини за бездомништвото

    Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја објави публикацијата „Што ги предизвикува бездомништвото и исклученоста од домување во земјите на ОЕЦД и ЕУ?“, во која се анализираат причините поради кои граѓаните остануваат без дом или се соочуваат со несигурни услови за домување. Публикацијата, објавена на 11 септември 2026 година, се…

  • ОЕЦД: Даночните реформи можат да придонесат за намалување на економските нееднаквости и подобрување на животниот стандард

    Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) го објави извештајот „Tax Policy Reforms 2026“ (Даночни реформи 2026), во кој се анализираат даночните реформи воведени или најавени во текот на 2025 година во 92 земји и даночни јурисдикции, вклучително и Северна Македонија. Извештајот, објавен на 8 септември 2026 година, покажува дека земјите…

  • ОЕЦД: Јавните услуги треба да се приспособуваат на потребите на граѓаните, а не обратно

    Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) го објави извештајот „Serving Citizens 2026: Delivering Better Public Administrative Services“ (Во служба на граѓаните 2026: Обезбедување подобри јавни административни услуги), во кој се анализира како земјите ги организираат и обезбедуваат јавните административни услуги и колку тие одговараат на потребите на граѓаните. Извештајот, објавен…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор